гигси од почетокот на својата кариера до ден денес игра во иста форма.никогаш не сум го видел да излезе од форма
Фактите за Рајан ГигсФактите за Рајан Гигс кој ја доби наградата фудбалер на годината спред Асоцијацијата на Професионални Фудбалери.
1973: 29ти ноември во Кардив е роден Гигс, тогаш под името Рајан Џозеф Вилсон
1990: Започнува да тренира со Манчестер Јунајтед во јули, а потоа и како професионалец од декември.
1991: Го адаптира презимето од својата мајка и станува Рајан Гигс
Март: Дебитира за Јунајтед на 17 години како резерва против Евертон. Два месеци подоцна го постигнува победничкиот гол на натпреварот против Манчестер Сити на своето деби како стартер.
Октомври: Станува најмладиот фудбалер кој го облекол дресот на репрезентацијата на Велс, дебитира против Германија во Нирнберг на 17 години и 322 дена.
Ноември: Го освојува првиот трофеј со Манчестер Јунајтед, во финалето од УЕФА Супер Купот ја победуваат Црвена Ѕвезда.
1992: Му помага на Манчестер Јунајтед да дојде до титулата во Лига Купот, и е прогласен за најдобар млад фудбалер според Асоцијата на Професионални Фудбалери.
1993: Станува првиот фудбалер кој по втор пат ја добива наградата Најдобар Млад Фудбалер од Асоцијацијата на Професионални Фудбалери
Дел од тимот на Манчестер Јунајтед кој по пост од 26 години станува шампион на Англија.
1994: Му помага на Манчестер Јунајтед да ја освои двојната круна, триумф во Премиер лигата и ФА Купот што се случува за прв пат во клубската историја на Црвените Ѓаволи
1996: Му помага на Манчестер Јунајтед по втор пат да ја освои двојната круна.
1997: Ја освојува Премиер лигата по трети пат во последните четири гола и во октомври го постигнува својот гол кој долго ќе се памети во победата над Јувентус од 3-2 во Лигата на Шампионите на Олд Трафорд.
1998: Поради повреда на тетивата паузира шест месеци, а Јунајтед таа година останува без титула
1999: Го постигнува победничкиот гол во историското полуфинале од ФА Купот против Арсенал на Вила Парк. Му помага на тимот да дојде до титули во Лигата на Шампионите, Премиер лигата и ФА Купот
2000: По шести пат ја освојува титулата во Премиер лигата во осум години
2001: По седми пат ја освојува Премиер лигата, тоа е негов 12ти голем трофеј до тогаш.
Јули: Потпишува нов пет годишен договор вреден околу 50 000 фунти неделно. За прв пат во својата кариера е исклучен од еден натпревар поради два жолти картони, на дуелот помеѓу Велс и Норвешка во кој победува неговата репрезентација со 3-2.
2002: Април: Манчестер Јунајтед губи во полуфиналето на Лигата на Шампиони од Баер Леверкузен, Гигс тој натпревар го оценува како најголемо разочарување во својата кариера. Јунајтед завршија трети во Премиер лигата.
Август 23ти: Го постигнува својот 100ти гол за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања на лига натпревар против Челзи.
2003: Повторно станува шампион во Премиер лигата со Јунајтед.
Септември: Гигс заедно со Кристијано Роналдо се обвинети за недолично однесување од ФА откако беа инволвирани во инцидент со фудбалерите на Арсенал во натпревар кој заврши без голови на Олд Трафорд.
Ноември: Гигс со лакт го удира репрезентативецот на Русија Вадим Евсеев во Москва во плеј оф натпревар за ЕВРО 2004, по што Руската Фудбалска Федерација бара казна за фудбалерот на Велс.
Декември: Казнет од ФА со 7,500 фунти и е предупреден тоа да не се случува во иднина, за инцидентот на Олд Трафорд против Арсенал. А пота е суспендиран и со два натпревари за ударот на Евсеев
2004: Манчестер Јунајтед завршуваат трети на табелата, но Гигс е во тимот на Јунајтед кој го освојува ФА Купот во дуелот против Милвол.
2005: Го продолжува договорот со Јунајтед за уште две години
2007: Февруари: Го постигнува единствениот гол со кој Јунајтед го елиминира Лил од 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. Гигс голот го постигнува додека голманот на Лил Тони Силва го мести живот ѕид. Францускиот тим протестираше до УЕФА дека голот не требало да биде признаен.
Мај 6ти: По девети пат ја освојува титулата со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата
Мај 30ти: Се пензионира од репрезентативниот фудбал
Октомври 16ти: Потпишува нов договор до јуни 2009
2008: Мај 11ти: На натпреварот против Виган го израмнува клубскиот рекордот на настапи на Сер Боби Чарлтон кога по 758 го облече дресот на Црвените Ѓаволи.
Мај 21ви: Го руши рекордот на Сер Боби Чарлтон откако влегува како замена и постигнува гол во драматичната пенал серија во финалето од Лигата на Шампионите против Челзи.
2009: Февруари 12ти: Потпишува нов договор со Јунајтед и останува верен на клубот до јуни 2010.
Април 26ти: Прогласен за Фудбалер на Годината во Премиер лигата од Асоцијацијата на Професионални Фудбалери.