N
navivacka
Гостин
Абе добро е да си оптимист ама кажавме да не летаме многу.Против Сандерленд очекувам победа од 0-2,0-3 за да се врати атмосферата.
А истото ќе го снајде и Порто.
п.с Ако има уште некој што сака да се клади со мене , нека пише на профил(дека Јунајтед ќе го помине Порто).
А нова повреда во тимот на Јунајтед
Фергусон: Ќе биде тешко во реваншот
Алекс Фергусон знае дека за Манчестер Јунајтед ќе биде тешко да обезбеди пласман во 1/2 финалето од Лигата на Шампионите.Црвените Ѓаволи иако важеа за голем фаворит во дуелот со Порто, не успеаа да го совладаат, одиграа само 2-2 на Олд Трафорд. Фергусон знае дека на неговиот тим ќе му биде многу тешко на гостувањето во Порто, на тој дуел Манчестер Јунајтед ќе мора да брка победа.
"Британски тим не успеал да победи таму, па ќе биде тешко" - изјави Фергусон по натпреварот.
"Но ние сме навикнати да бидеме први, па ќе мора да победиме за да бидеме први повторно".
Покрај нерешениот резултат главоболка за Фергусон се и повредите во одбраната, Рио Фердинанд нема да се врати до сабота, а за дуелот против Сандерленд во комбинација нема да биде ниту Џони Еванс кој се повреди на овој натпревар.
"Рио не беше ниту блиску до фит вечерва, па ќе биде тешко да се опорави до сабота".
"Џони би требало да биде добар за една недела, но тој има 21 година и се случуваат вакви работи кога играте два големи натпревари за три дена".
Тевез во финишот од натпреварот му донесе водство на Јунајтед, но во последните моменти домаќините примија гол по грешка на одбраната за конечни 2-2.
"Да се прими гол во последните моменти е нормално, но голот кој го примивме беше апсолутно ужасен".
"Не можете да кажете дека тоа беше одличен погодок или од изработена акција, но направивме грешка од типот на оние кои ги правиме во моментов" - заврши Ферги.
Малер до малер