Овој човек е дефинитивно скренат со паметот
Бенитез враќа: Манчестер е силен поради парите, а не поради Фергусон
Менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез го омаловажи значењето на својот колега Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед. Тој тврди дека тој клуб би бил подеднакво силен без разлика дали го води шкотскиот стручњак или некој друг.
“Мене воопшто не ми е важно дали менаџер на Јунајтед е Фергусон или некој друг. Тој клуб ќе биде подеднакво тежок за победување од една едноставна причина: полни се со пари. Мислам дека мене воопшто ништо нема да ми се смени ако на клупата на Јунајтед е Фергусон или некој друг. Тешко е да се победат сега, а тешко ќе биде и тогаш кога тој ќе си оди. Богати се, можат да си дозволат да купат одлични фудбалери“, порача Бенитез.
Вербалната војна меѓу менаџерите на двата првопласирани клубови во Премиер-лигата трае од декември минатата година, а ја почна Шпанецот Бенитез. Потоа по уште неколку пати си вратија еден на друг и затоа сега сите го очекуваат одговорот на Фергусон.