Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дено нејќам да се вреѓаме ама изгледа цела сезона кога растуравме ти не си играл надвор тоа. Значи Цесар што е 5 пати поѕвер од него го дупнавме за Фридел сме се исплашиле. За минатите сезони било прошло глеј оваа ние што правиме.
Многу ти беше аматерски постот, мораше да реагирам. Зарем не знаеш дека голманот е разликата од нерешено до победа? Ја гледаше ли со Фулам вчера, Шварцер да не беше ке изедначевме, ВДС да не беше во п полувреме 4 ке примевме. Така да голманот и те како е важен.
А Цезар фана се што се фаќаше, ради него не тепавме на Џузепе.
 
се согласувам со тебе само цезар не фати се што се фака туку ги факаше и тие што не се факат :smir:
 
Еве да направиме анализа од мечовите што ни останаа за играње.

05 April ------ PREMIER ------- Aston Villa ---------- H
07 April ------ CL ------------- Porto -------------- H
11 April ------ PREMIER ------- Sunderland --------- A
15 April ------ CL ------------- Porto -------------- A
19 April ------ FA ------------- Everton ------------ A
22 April ------ PREMIER ------- Portsmouth --------- H
25 April ------ PREMIER ------- Tottenham ---------- H
02 May ------ PREMIER ------- Middlesbrough ------- A
09 May ------ PREMIER ------- Man City ------------ H
13 May ------ PREMIER ------- Wigan -------------- A
16 May ------ PREMIER ------- Arsenal ------------- H
24 May ------ PREMIER ------- Hull ----------------- A

Плус може ќе има промени доколку продужиме во ФА и во ЛШ. Еве сега и на ливерпул ќе го извадам распоредот.

Дефинитивно тешки натпревари имаме за играње..и дефинитивно се е во наши раце..Искрено до крајот не треба да згрешиме..
 
Дефинитивно тешки натпревари имаме за играње..и дефинитивно се е во наши раце..Искрено до крајот не треба да згрешиме..

од ПЛ тешки ке бидат со миделзброу,арсенал и астон вила :toe:а и тотенхем и ман.сити не се за фрлање
 
Многу ти беше аматерски постот, мораше да реагирам. Зарем не знаеш дека голманот е разликата од нерешено до победа? Ја гледаше ли со Фулам вчера, Шварцер да не беше ке изедначевме, ВДС да не беше во п полувреме 4 ке примевме. Така да голманот и те како е важен.
А Цезар фана се што се фаќаше, ради него не тепавме на Џузепе.

Ама тие ситуации како се створиле сами од себе. Не. Удел има цел тим од кој одбраната зошто пропуштила да дојдат до тие шанси тимовите. Голманите и самите кажавте не можат се да фатат, а примаат голови поради киксови на одбраната не нивни па така да ако на Астон Вила одбраната не им работи а нас нападот ни е расположен ни Ван Дер Сар на голот да им е не би им помогнал.
 
Добро е што навистина нема да брани Фридел,ептен супер брани,и Вила се во криза ама и Јунајтед влезе во мала криза за која се надевам ке излезе брзо токму за натпреварот со Вила...ни следуваат тешки натпревари,Лузерпул ни го наметна притисокот.Исто лани се случуваше и со Арсенал,во текот на овој период ги фати криза и го загубија првото место
 
Јас на почеток искрено мислев дека Ливерпул ке падне кога и да е ама испадна дека не е така,ни го наметнаа притисокот за кој се надевам дека ке го однема,имаме тешки натпревари и ниеден противник не е за потценување...мислам по мое дека ке имаме тешкотии со Вила иако е во криза ама и со Тотенхем,зезнати се оваа година...ама верувам во момците дека на крајот сепак ке успееме да го земеме трофејот...нареден натпревар не смееме да кикснеме.
 
Не ми се допаѓа распоредот до крај со оглед на тоа дека тимот влезе во мала криза, а и на наредниот натпревар ќе ги нема Руни, Видич и Сколс.
Мислев дека титулата ќе биде осигурана на неколку кола до крајот, но сепак ќе треба изгледа како лани до последно коло да се борат играчите.
 
Роналдо станува пејач?!
sps_rona-l-pejac.jpg
Ѕвездата на Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека би сакал да се проба и на музичката сцена, откако ќе стави крај на фудбалската кариера професионална фудбалска кариера.

Португалскиот убавец, по кого лудуваат многу девојки, но и геј ориентирани момци, сака да формира трио со бразилските ѕвезди Роналдо и Роналдињо.

"Некој ми спомена пред некоја години дека ќе биде извонредно ако јас, Роналдо и Роналдињо направиме бенд, што ќе се вика " Три Р". Идејата ми се допадна, ќе биде многу забавно. Ќе се сетам на тоа кога ќе се повлечам од теренот", изјави Кристијано.

Англискиот таблоид Сан реагираше молскавично и пушти колаж со тројцата како пародија на легендарните "Би Џис". Таблоидот иронично коментира дека да постигнеш успех на музичката сцена е многу потешко, отколку што се чини на прв поглед. Тоа, сепак, не е невозможно и веќе го докажаа фудбалските легенди како Глен Ходл и Крис Водл. Тие станаа славни и како пејачки ѕвезди, откако во 1987 година со своите носачи на звукот доста долго се задржаа на британските топ-листи.

- Не знам што планираат Роналдо и Роналдињо кога ќе престанат со фудбалот, но ќе биде супер, ако ме поддржат во пеењето. Никогаш не знаеш, сепак треба да се занимаваш и со нешто друго, кога ќе ја прекинеш својата кариера, објаснува Кристијано Роналдо.
 
мислам дека ливерпул имаше многу помош од судиите,барем првиот пенал мене ми е сумљив(според англиски критериум) :toe: е ние да имаме вакви ''помошници'' сигурно ке ја земавме титулата до сега
 
мислам дека ливерпул имаше многу помош од судиите,барем првиот пенал мене ми е сумљив(според англиски критериум) :toe: е ние да имаме вакви ''помошници'' сигурно ке ја земавме титулата до сега

Чист беше првиот пенал, ама вториот не беше, се виде од вселена намерата на Фридел, ама судијата не го виде...заклучок : најтапа линијаши на светот има во ПЛ, има многу примери, како за пенали така и за офсајд ситуации...И да не збориме за инат, никој не е на ничија страна, муабетот е кој ќе игра добро и победува до крај, ќе земе титула заслужено, реално Манчестер сезонава ме изненади, колку кикснаа ама ајде, се надевам дека ќе издржат до крај...

Long Live United
 
мислам дека ливерпул имаше многу помош од судиите,барем првиот пенал мене ми е сумљив(според англиски критериум) :toe: е ние да имаме вакви ''помошници'' сигурно ке ја земавме титулата до сега

Секако дека има помош,секој натпревар на нив мора пенал да им се суди,денеска им досудија 2 пенали а кога се работи за Јунајтед ни еден не судат иако има...за сигурно водство и играч им исклучуваат на противничките играчи,како на пример денес голманот,а пред некое време со помош победи и против Челзи,за ништо го исклучија Лампард,да не беше тој картон друг тек ке имаше натпреварот
 
Чист беше првиот пенал, ама вториот не беше, се виде од вселена намерата на Фридел, ама судијата не го виде...заклучок : најтапа линијаши на светот има во ПЛ, има многу примери, како за пенали така и за офсајд ситуации...И да не збориме за инат, никој не е на ничија страна, муабетот е кој ќе игра добро и победува до крај, ќе земе титула заслужено, реално Манчестер сезонава ме изненади, колку кикснаа ама ајде, се надевам дека ќе издржат до крај...

Long Live United

јас мислам дека 1 беше чист вториот не го ни видев.а инаку манчестер немаше многу киксови освен последните 2 и неколкуте вообичаени на почетокот на сезоната :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom