Роналдо станува пејач?!
Ѕвездата на Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека би сакал да се проба и на музичката сцена, откако ќе стави крај на фудбалската кариера професионална фудбалска кариера.
Португалскиот убавец, по кого лудуваат многу девојки, но и геј ориентирани момци, сака да формира трио со бразилските ѕвезди Роналдо и Роналдињо.
"Некој ми спомена пред некоја години дека ќе биде извонредно ако јас, Роналдо и Роналдињо направиме бенд, што ќе се вика " Три Р". Идејата ми се допадна, ќе биде многу забавно. Ќе се сетам на тоа кога ќе се повлечам од теренот", изјави Кристијано.
Англискиот таблоид Сан реагираше молскавично и пушти колаж со тројцата како пародија на легендарните "Би Џис". Таблоидот иронично коментира дека да постигнеш успех на музичката сцена е многу потешко, отколку што се чини на прв поглед. Тоа, сепак, не е невозможно и веќе го докажаа фудбалските легенди како Глен Ходл и Крис Водл. Тие станаа славни и како пејачки ѕвезди, откако во 1987 година со своите носачи на звукот доста долго се задржаа на британските топ-листи.
- Не знам што планираат Роналдо и Роналдињо кога ќе престанат со фудбалот, но ќе биде супер, ако ме поддржат во пеењето. Никогаш не знаеш, сепак треба да се занимаваш и со нешто друго, кога ќе ја прекинеш својата кариера, објаснува Кристијано Роналдо.