Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
G

Gray Foxx

Гостин
Интересна изјава на Сер Алекс Фергусон , после денешниот натпревар!

"Тешко е да се прифати поразот, бидејќи сметам дека ние бевме подобриот тим" - изјави Фергусон по натпреварот.
"Но тоа не се одрази на конечниот резултат кој не ја отсликува играта, кога ќе победите со 4-1 ги собирате сите аплаузи. Не можам да го одречам тоа".
"Нема да се комплицира нашата ситуација, загубивме натпревар и сега треба да одговориме и тоа ќе го направиме".
"Доколку лигата стартуваше сега и ни понудија предност од четири бода, ќе ја прифатев" - заврши Ферги.


*****************************************
И неговиот став во врска со Неманја:
“Nemanja has been unbelievably consistent for us this season. Players do have off days, and he’s made a mistake. He’s a human being, all players make mistakes. It’s just a costly one for us.”


************************************************


Вистински психолог е САФ , умерена изјава за секоја пофалба...само така нема да се осети поразот во понатамошните игри...


Мислам дека сега на противниците им се спрема ранет лав!
Пишав и во темата за дербито, знаејќи го Јунајтед и неговата реакција после неочекуван резултат нека му ја мислат Фулам. :zlo:
 
G

Gray Foxx

Гостин
Ливерпул ни го треснаа поштено, заслужен пораз за Црвените Ѓаволи. Ова како да се најавуваше дека ке се случи, истата несигурност ја имавме и со Интер во средата. Али јеби га.
Покрај тоа што имам забелешка на начинот на кој изгубивме, имам забелешка кај Ферги кој за првпат сезонава ја утна тактиката.
Не требаше да почне со Андерсон во средина, момакот му е прва посериозна утакмица после повредата и не помагаше на Керик кој морам да признаам денеска беше загреови. Флечер требаше да игра за да имаме повеќе физичка снага од средината на Ливерпул. Маскерано и Лукас( да да Лукас) беа газди на средината, а чим ја добиеш средината се знае и резултатот.
Можеби да не беше онаа глупост на Немања, немаше вака да заврши утакмицава, но што е тоа е. Ние сме горди навивачи и во поразите и моментално сум среќен што сме СВЕТСКИ,ЕВРОПСКИ и АНГЛИСКИ ШАМПИОН. Водиме 4 поена пред Ливерпул со една утакмица помалце која секако ќе ја добиеме против пацерите Портсмут на Олд Трафорд.
Овој пораз можеби дојде и во прав момент за да се спуштиме на земја и да се освестат фудбалерите дека ПЛ е можеби наша, но ке мора ад ги испотат газовите за неа. А знаејќи го Јунајтед и неговата реакција после неочекуван резултат, треба Фулам да се плаши што ке му се случи на 21 Март.


UNITED TILL I DIE!!!





А момаков сеуште е најдобар и покрај катастрофалниот кикс, кој се дешава дури и на најдобрите.
VENI VIDI VIDIC!!!​
 

milanez4e

Milan Per Sempre
Член од
8 март 2009
Мислења
393
Поени од реакции
22

добар говор и од манутдцхампионс и од хоолиган очекувам да ја израмнеме таа низа од 12 натпревари па и да ја продолжиме! :smir:



многу далеку беше од израмнување барем нерешено да искаравте , ама ништо и тоа се случува во животот со среќа мислам дека манчестер треба да ја освои титулата.....:tv:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.931
Поени од реакции
1.341
И уште нешто е многу важно..


И све тоа се врти


и врти


..и врти


и врти


и се тоа е еднакво на






НИКАТ ЛИВЕРПУЛ НЕМА ДА БИДАТ КО ЈУНАЈТЕД,НИКАТ!
 

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Не се замарајте,не паѓајте на нивно ниво,сме загубиле,сме загубиле:toe:нека ги нека се ситат,изгледа дека заборават дека Јунајтед има меч помалку и со победа пак ке биде +7...нека се радуваат тие сега ама на крај ние ке се радуваме кога Гигс ке го подигне пехарот за незадовослтво на сите скептици на форумот а за задоволство на нас,па ке видеме дали тогаш ке зборат кој е најтрофеен клуб во Англија...лани ги немаше кога ги поразивме со 3-0,оставете ги,
Се се врака се се плака,тие ке платат кога ке гледат на ТВ како Гигс го подига пехарот.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Ливерпул ни го треснаа поштено, ...........имам забелешка кај Ферги кој за првпат сезонава ја утна тактиката.
Не требаше да почне со Андерсон во средина, .......... Можеби да не беше онаа глупост на Немања, немаше вака да заврши утакмицава, но што е тоа е. ............Овој пораз можеби дојде и во прав момент за да се спуштиме на земја и да се освестат фудбалерите дека ПЛ е можеби наша, но ке мора ад ги испотат газовите за неа.

Ред е и јас да прокоментирам, да не испадни дека пишувам само кога победуваме. Премногу коментари после натпреварот (се намачив да ги дочитам :)), и гледам некои и прв пат пишуваат само за да се ситат и провоцираат. Ама ако, му се паднало, денес е нивни ден за ситење. И ние имаме еден ден кој не е наш ден и не сакаме да се повтори никогаш повеќе. Ете тоа е денешниот. Ќе бидам искрен премногу ми е тешко, и не можам да се изначудам како можеше денес да биде еден од најтешките денови во последните 17 години. Не дека прв пат губиме, но толкав пораз на Олд Трафорд Манчестер нема доживеано цели 17 години. Не ми е толку мака за бодовите (ионака имаме голема предност и не верувам дека ќе ја прокоцкаме), туку ми е мака што некој ќе се сити на тоа. Фановите на Ливерпул не се ситат туку се радуваат. Ако, нека се радуваат, имаат право на тоа, и јас јавно овде ќе им честитам за денешната победа. Проблемот ми е не со оние што се радуваат, туку со оние што се ситат, а тоа се фановите од другите клубови. Ќе бидам реален (а мора и сите да бидете реални) и ќе кажам дека денес Ливерпул си победи од 2 причини.
Првата причина е затоа што денес беше нивниот ден и се им одеше од рака, а втората е дека Манчестер имаше претерано лош ден, ден кога ништо не одеше од рака, а напротив се случуваше од лошо-полошо. Како да бевме проколнати. Не би рекол дека лошо играше Манчестер. Ве молам правете разлика, што е лошо играње, а што е лош ден и лоша среќа, цело време да играш, се бориш, се трудиш а паралелно на тоа те снаоѓа и влегуваш од несреќа во несреќа.
Да бидам појасен со ова не сакам да кажам дека Ливерпул на среќа победи како што тоа го стори со Реал Мадрид со помош на судиите. Сметам дека денес Ливерпул немаше никаква помош од судијата. Се си беше регуларно, и пеналите, и црвениот картон, наполно со се, се сложувам. Напротив виновна (за се што ни се случуваше денес), е нашата несреќа и можеби без сомнение лошиот ден на Намања Видиќ. Немојте, срамота е да го напаѓате Видиќ и да кажувате дека од денес ќе го сметате за слаб и лош играч. И Видиќ е човек кој може да згреши и да има катастрофален ден. Проблемот е тоа што, како можеше тој ден да биде денес на дерби со Ливерпул. И јас мислам дега Ферги (за прв пат) потфрли тактички. Кога виде дека на Видиќ не му е денот денес, требаше веднаш да реагира на полувреме. Тука беше Еванс. Сер Алекс е искусен и тој многу добро сваќа дека и Видиќ е сепак човек кој може да има лош ден, но не знам зошто не реагираше навреме на полувреме. Грешка беше и со Андерсон, во право сте дека човекот беше повреден и требаше да го стратова на некој друг натпревар. Храбро постапи со трите измени, но требаше порано кога виде дека не штима работата. И Руни беше под психолошки притисок, заради изјавите пред мечот, добро играше но беше деконцентриран и нервозен. Неколку добри шанси Евра ги запусти, заради неколегијалност, итн. А и Ван Дер Сар за последните два гола "му служеше на ѓаволот", ама тоа е тоа. Сепак како што реков главниот проблем беше лошиот ден кога ништо не одеше од рака (наспроти добриот ден на Ливерпул), и не барајте кривица во судијата, овој пат можеби за прв пат оваа сезона Ливерпул победи без помош и подарок од судијата, па затоа спортски треба да го прифатиме тоа. Добро е што можеби поразот ќе ги спушти на земја Манчестер, и да се надеваме дека лошата негативна енергија и (не)среќа ќе исчезне и дека ќе си продолжиме по старите патеки. Иако поразени, сепак ние сме и натаму горди што сме И ЌЕ БИДЕМЕ фанови на Мачестер Јунајтед И ВО ДОБРО И ВО ЛОШО.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Една битка е изгубена, но не и војната...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Абе остајте ги провокаторите,туку имам јас едно прашање:Видиќ колку натпревари нема да игра ?
На првиот натпревар доби два жолти и не паузираше.Исто и Роналдо против Сити кога доби два жолти,па не паузираше.Ама сега е директен црвен и не ми е јасно.
Ај ако некој знае нека објасни :smir:
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Абе остајте ги провокаторите,туку имам јас едно прашање:Видиќ колку натпревари нема да игра ?
На првиот натпревар доби два жолти и не паузираше.Исто и Роналдо против Сити кога доби два жолти,па не паузираше.Ама сега е директен црвен и не ми е јасно.
Ај ако некој знае нека објасни :smir:
Зависи колку ФА ќе го казни. Ќе дознаеме наредните денови!
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Абе остајте ги провокаторите,туку имам јас едно прашање:Видиќ колку натпревари нема да игра ?
На првиот натпревар доби два жолти и не паузираше.Исто и Роналдо против Сити кога доби два жолти,па не паузираше.Ама сега е директен црвен и не ми е јасно.
Ај ако некој знае нека објасни :smir:
Има комисија и тие одлучуваат во зависност колку бил остар стартот...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.690
Поени од реакции
43.622
Абе остајте ги провокаторите,туку имам јас едно прашање:Видиќ колку натпревари нема да игра ?
На првиот натпревар доби два жолти и не паузираше.Исто и Роналдо против Сити кога доби два жолти,па не паузираше.Ама сега е директен црвен и не ми е јасно.
Ај ако некој знае нека објасни :smir:
Maла поправка..И Роналдо и Видиќ паузираа.По еден меч..Само што Роналдо имаше среќа,па следниот меч(мечот после црвениот) да е меч од некој куп.Видиќ мислам дека после црвениот со Ливерпул паузираше на мечот со Челзи..А за директен мислам дека се паузира 3 натпревари по ред
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Едноставно денес одбраната беше најнесигурна во текот на целата сезона, Видич катастрофален и тоа е. Секако дека боли ваков убедлив пораз, меѓутоа ништо не е страшно треба да се продолжи во ист ритам до крајот на сезоната и да се задржи предноста.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Maла поправка..И Роналдо и Видиќ паузираа.По еден меч..Само што Роналдо имаше среќа,па следниот меч(мечот после црвениот) да е меч од некој куп.Видиќ мислам дека после црвениот со Ливерпул паузираше на мечот со Челзи..А за директен мислам дека се паузира 3 натпревари по ред
Не сум сигурен ама мислам дека не мора да се 3 натпревари. Се зависи од комисијата. Тери мислам дека беше казнет само со еден натпревар. Како и да е треба комисијата да одреди.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Манчестер Јунајтед денеска беше тотално надигран. Но, гледајте од светлата страна, овој пораз ќе служи за поправање, следниот пат гарант нема да биде вака. Башка, и Премиер Лигата ќе е поинтересна :wink:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.574
Поени од реакции
6.272
кој сакам да ни се паднат во ЛШ?апсолутно ливерпул!зошто?знаете многу добро! :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom