Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Леле овој занети изгледа вчера бил на тешки дроги. Читајте го насловов подоле. Ако он мисли дека во прво полувреме последните 5 минути се разиграа и дека после со резултат од 2 нула очајно мораа да бркаат резултат е доминација тогаш стварно на тешки дроги е.

Еве ја и целата статија

Занети: Доминиравме, но топката не сакаше да влезе


Ајдеееееее изгубија и веднаш се правдат:uvo:се прашувам што ке изјави Ибрахимович...ако воопшто излезе пред медиумите.

Сега да се насочиме на мечот со Лузерпул и да ја зголемиме предноста на табелата.Јунајтед е непобедлив на домашен терен и се виде тоа и вчера.
 
Абе да те спуштам малку дека си подзаборавил нешто. Ако во сабота го тепаме Ливерпул, не значи дека ќе имаме уште поголема предност поради тоа што Ливерпул и Челзи имаат ист број на бодови така да ако Челзи не изгуби пак ќе имаме 7+ разлика со меч помалку.

Ако го победиме Ливерпул, ќе имаме поголема предност во однос на Ливерпул. (веројатно ХРисТоВ на тоа МИСЛЕШЕ) А за односот со Челзи нормално дека тоа зависи и од резултатот на Челзи.
 
Ајдеееееее изгубија и веднаш се правдат:uvo:се прашувам што ке изјави Ибрахимович...ако воопшто излезе пред медиумите.

Сега да се насочиме на мечот со Лузерпул и да ја зголемиме предноста на табелата.Јунајтед е непобедлив на домашен терен и се виде тоа и вчера.
Ибрахимович ќе рече дека му посметал носот во првиот обид, затоа ја погодил пречката:pos2:
 
Ако го победиме Ливерпул, ќе имаме поголема предност во однос на Ливерпул. (веројатно ХРисТоВ на тоа МИСЛЕШЕ) А за односот со Челзи нормално дека тоа зависи и од резултатот на Челзи.

Абе добро ама сепак ние гледаме разлика на прво и второ место не е прво и трето.
 
Aбе остајте ги Интер.Искрено јас сакав да ве елиминираат сооглед дека ве сметам за стварно силен состав ама кога не ве елиминираа, мислам дека редно е да се сретнеме во 4финале,или ај полуфинале.Али у секој случај би сакал дуел со вас,како у старите добри времиња.Ќе биде јака утакмица.Али ќе видиме ждребот што ќе каже.
 
Најнормално,ке им вратиме за поразот
http://www.24fudbal.com.mk/Default....-4f14-8230-86b8a111dd43&ln=3&typeBack=default

:pos2::pos2:Во право си е човекот
Мурињо: Цела Италија сега е среќна бидејќи сме елиминирани


Контровезниот португалски тренер, Жозе Мурињо по поразот од Манчестер Јунајтед на гостински терен и елиминацијата на неговиот тим од ЛШ, го обвинува нотсуството на среќа за неуспехот на 'нероазурите', а исто така верува дека цела Италија е среќна што заврши евро сезоната на Интер.
"Цела Италија сега е среќна бидејќи испаднавме, но мене не ми е грижа" - изјавил Мурињо во свој стил и додал:
"Нe сум лут, само сум тажен. Немавме среќа потребна да победиме и жал ми е што повеќе немаме шанси да го освоиме овој турнир. Во секој случај, тука сеуште е Скудетото, нешто што дефинитивно сега мораме да го освоиме."
Следниот предизвик за Мурињо и Интер е двобојот пред своите гледачи против Фиорентина.
 


Го постирав веке тоа за Лузерпул погоре...

Мурињо мамето нег...упс...сега крив му е некој и ке се истури над други...уште еднаш си ја покажа неговата "култура" и после му прегледуват низ прсти.
 
Aбе остајте ги Интер.Искрено јас сакав да ве елиминираат сооглед дека ве сметам за стварно силен состав ама кога не ве елиминираа, мислам дека редно е да се сретнеме во 4финале,или ај полуфинале.Али у секој случај би сакал дуел со вас,како у старите добри времиња.Ќе биде јака утакмица.Али ќе видиме ждребот што ќе каже.

јас немам ништо против да се сретнеме со вас!оддамна не сме гледале баерн-манчестер ај се надевам сега дојде редот да играме еден против друг! :smir:
 
Честитки за играта вчера, и воопшто во меѓусебниот дуел. Сметам дека двомечот беше рамноправен и доста интересен со исклучок на првото полувреме на Џузепе Меаца каде целосно доминиравте и заслуживте да постигнете гол. Ко што немавте среќа на првата утакмица, на втората имавте да постигнете рано по еден гол во двете полувремиња и после да играте далеку послободно. Значи не зборувам дека сте поминале на среќа, далеку од тоа! Заслужено продолжувате понатаму и ви посакувам лесен противник да ви се падне во 1/4 финале, а догодина да се сретнеме пак во Лига на Шампиони во 1/2 финале или финале! :)

Поздрав:smir:
 
ej ајде нека ви е честито влеговте во 4-финале !!!манчестер изигра солидно на вчерашниот натпревар со интер и мисламм дека само од барселона можете да стравувате од никој друг..:baeh::baeh::baeh:
 
ej ајде нека ви е честито влеговте во 4-финале !!!манчестер изигра солидно на вчерашниот натпревар со интер и мисламм дека само од барселона можете да стравувате од никој друг..:baeh::baeh::baeh:

И на Барселона ке и покажеме нема проблем само ти изрази желба и ако ни се падне Барса и тие ке бидат дел од листата на Јунајтед што паднале од нас:baeh:

Ibraкаdabra фала за честитките:helou:
 
Барса ке биде елиминирана од Баерн
ке се повтори финалето од 99 така ми изгледа
Баерн - МАНЧЕСТЕР али овај пат порано ке победиме не у 91 и 93 минута :vozbud:
 
Честитки за играта вчера, и воопшто во меѓусебниот дуел. Сметам дека двомечот беше рамноправен и доста интересен со исклучок на првото полувреме на Џузепе Меаца каде целосно доминиравте и заслуживте да постигнете гол. Ко што немавте среќа на првата утакмица, на втората имавте да постигнете рано по еден гол во двете полувремиња и после да играте далеку послободно. Значи не зборувам дека сте поминале на среќа, далеку од тоа! Заслужено продолжувате понатаму и ви посакувам лесен противник да ви се падне во 1/4 финале, а догодина да се сретнеме пак во Лига на Шампиони во 1/2 финале или финале! :)

Поздрав:smir:

почнаате да си пагате на брашното!:pos2:се шалам!мило ми е што ферски признавате пораз!а сега фокусирајте се на фиорентина тешко ке е таму!наредниот петок ли е ждребката од ЛШ!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom