Реални се оценките погоре за фудбалерите. Не беше се најсјајно како што треба ама и тоа беше дел од тактиката на Ферги. Мора да бидеме искрени дека имаше моменти кога имавме среќа, односно кога Интер немаше среќа, но затоа имаше премногу среќа на првиот натпревар и куртули од тежок пораз. Ако целата среќа на Интер и нашата од двата натпревари ја компензираме, тешко на Интер ќе беше. Нашата најголема среќа синоќа беше дека некој за кој се зборуваше "дека бил најдобар во светот" (мислам на "носето"

), ни најмалку не го заслужува тој епитет со самиот факт што повеќе пати можеше да погоди , ама не погоди. Мене не ми се допадна фактот што тој толку пати доби шанси за гол, требаше подобро да се чува. Иако се, се заврши добро, ќе признаете дека немавме баш најсјаен ден затоа што повеќе играчи не ни блескаја како што знаат да блеснат. Фердинанд, Евра, за О'шеи да не зборувам. Никако не можам да му простам за шансата кога излезе сам пред Цезар. Мораше да покажи колективност и да игра лево (мислам Бербатов беше таму). Среќен сум што не не чини скапо тоа промашување. Керик слабо се забележуваше, а и Сколс покрај тоа што сметам дека беше добар, ќе кажам дека знаел и далеку подобар на биди (веројатно затоа и излезе). Но ништо нема да судиме, сепак и Фергусон читам пред малку изјави дека мораше да се игра малку поинаков фудбал синоќа и тоа секако донесе плод. За Руни немам зборови. Човекот е без конкуренција. Секаде трча, секаде го има, го асистираше милиметарски вториот гол, а пред да излези беше најдобриот "бек" во одбраната. Излезе само затоа што беше "потенцијална опасност" за црвен картон бидејќи доби еден жолт. И малку подетално за "среќата" на Манчестер синоќа односно за таканаречените "шанси" на Интер. Точно е дека многу пати топката за малку не влезе во голот на Ван Дер Сар. Или во пречката удри или отиде покрај гол (или покрај Ван Дер Сар). Но погледнете ги снимките и ќе видите дека во сите ситуации Ван Дер Сар го имаше целосно покриено просторот од голот, така да ако биле и малку попрецизни ударите на Интерашите, тие би отишле во рацете на Ван Дер Сар. Затоа треба малку да се преиспитаат Интеровци кога кажуваат дека Манчестер на среќа победил. Можеби имавме малку среќа, но не ни погнаа судиите, како нив што му помогнаја (на пример) со Рома од 3:1 да направат 3:3 преку измислени пенали и офсајди. Јас убаво кажав тогаш дека си ја потрошија среќата со Рома, па затоа синоќа ја немаа

. Зошто никој не прокоментира за моментот сношти кога незнам кој играч беше на Интер, топката на две метра од голот ја зграпчи со раце како голман. Од тоа каде има почист пенал? Па ништо не добивме. Вкупно земено се е заслужено, и нека ни е со среќа ждребот за четвртфиналето. И ве молам

немојте на ниедна екипа да му посакувате да му се падни со Манчестер во Четвртфиналето! Тоа е исто како да ги
КОЛНЕТЕ!:pos2::pos2::pos2:
П.С. Каде е тој Ибракадабра, да ги покажи роговите. Скокаше како скакулец и сите ги навредуваше тука. Да не отиде на логопед, затоа што му снемаја зборови! :pos2::pos2::pos2: