Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.958
Јунајтед одигра многу подбро и беше поблиску до победата, но едноставно топката не влезе ... Сепак со она што го видов денес сум и те како задоволен и сметам дека имаме далеку поголеми шанси за пласман во четврт-финалето за разлика од Интер кој да не речам беше очаен вечерва и тоа пред своја публика, а да не зборам пак што ги очекува за 2 недели на ОТ ..
 

QuoVadisXX

Vadis47
Член од
24 февруари 2009
Мислења
43
Поени од реакции
0
Убави бевте денес, Мн подобро изигравте за Разлика од Интер.
Позз се Гледаме на ОлдТрафорд:smir:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.574
Поени од реакции
6.272
се гледам во недела на вембли!!!многу посилни од денеска
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
задоволен сум ептен, со оглед на повредите и со оглед на тоа дека игравме на нивен домашен.
99% сум сигурен дека ќе ги измлатиме поштено на ОТ! и така.
блиску е, ќе видиме...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.574
Поени од реакции
6.272
Иако атмосферата пред натпреварот беше наелектризирана од големиот број на изјави од играчите на Јунајтед и Интер, двете екипи пристапија многу сконцентрирано и внимателно во натпреварот. Првото полувреме му припадна на Јунајтед, второто на Интер, двете страни имаа свој прилики но мрежите мируваа пред се поради одличниот Цезар на голот.
Роналдо се најде во неколку одлични прилики на самиот старт од натпреварот најпрво се закани со удар од слободен удар кој беше одбрането од Цезар.
Потоа голманот на Интер повторно излезе како победник во дуелот со Португалецот откако во 6та минута по изведениот корнер на Гигс, Роналдо скокна највисоко во шеснаесетникот на Интер.
Роналдо во 9та минута повторно се закани преку слободен удар но Цезар повторно беше на висината на задачата.
Во 17та минута Бербатов избегна една офасајд замка но Бугаринот делуваше споро во својата реакција и му дозволи на Киву со лизгачки старт да го спречи додавањето до Парк.
Потоа Ривас направи грешка и му овозможи на Гигс да избие само пред голот на Интер, но капитенот на Манчестер не успеа да ја совлада и последната пречка, Цезар.
По половина час игра Роналдо повторно се најде во шанса, Португалецот биеше со глава, Цезар остана вкопан во место, но топката заврши само крај голот.
Интер во правиот дел беше анемичен и ниту еднаш не се закани кон противничкиот гол, но во вториот дел Нероаѕурите тргнаа цврсто уште од самиот почеток.
Во 46та минута Адриано се најде во одлична прилика за постигнување погодок. Камбијансо упати топка по земја во шеснаестникот, Ибрахимович ја пропушти до Адриано но Бразилецот се сплетка и топката заврши во гол-аут.
Адриано повторно се најде во иста прилика во 72та минута, Камбијасно повторно упати топка по земја, но напаѓачот на Интер неможеше да ја исконтролира и пропушти посериозно да го загроси Ван Дер Сар.
На спротивната страна Гигс имаше одличен продор но Кордоба со лизгачки старт во последен момент го изблокира ударот на Велшанецот.
Последната голема шанса ја имаше Роналдо во судиското продолжение но Цезар повторно ги покажа своите квалитети и го одбрани слободниот удар на Португалецот.
 

radzo

Man Utd!
Член од
20 јануари 2008
Мислења
696
Поени од реакции
17
Искрено со одбрана вчера што беше најавувана...мислев дека многу многу поинаку ќе поминеме...но тоа е тоа мислам Христов беше оној кој цело време велеше дека нема да има кикс.секоја чест другар!Секоја чест и за ЃАВОЛИТЕ кој им ја одржаа сосем истата лекција како на Челзи...но среќа за Интер што го имат Мурињо кој и овој пат докажа дека го служи голема среќе во дуелите против Ферги..

Помина што помина очекувам во недела да пристигне првиот Трофеј!!!

Long Live United
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Очекував ваков резултат, со оглед на тоа дека минатите сезони и во Рим против Рома се играше слично, со згуснат среден ред и без премногу отворена игра. Гигс требаше да погоди во првото полувреме кога излезе сам со Цезар, но реално голманот на Интер беше одличен. Овој резултат е позитивен за Манчестер, иако 0 - 0 може да биде многу незгоден, бидејќи со примен гол ќе настане нервоза и се може да се случи.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.234
Поени од реакции
8.126
Cestito remi na Meazza, pokazavte igra na zavidno nivo i sprotivno na ocekuvanjata go napadnavte Inter. Se na se dobar natprevar i ve ocekuva interesen revans na koj Manchester ke mora da dade gol za da odi vo slednata runda.
Uste ednas cestitki za Man.Utd i Inter za odlicnata fudbalska vecer:smir:
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Од целава работа ме плаши само ГОЛЕМАТА среќа на Педерињо. Ке мора да постигеме повеќе од 1 гол за да бидеме сигурни дека нема да ни се случи нешто слично како со порто кога тој беше нивни менаџер.
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
..но среќа за Интер што го имат Мурињо кој и овој пат докажа дека го служи голема среќе во дуелите против Ферги..
Jaс повеќе пати напишав дека едниствено се плашам од тоа што Интер има многу среќа. Се покажа тоа и синоќа кога видовме дека не се никаква екипа кога не можеа цело прво полувреме до гол да дојдат. Единствено големата среќа (што вообичаено ја имаат) ги спречи (не од пораз, туку) од КАТАСТРОФА. Има ли некој од вас кој не ќе биде реален па да каже дека Манчестер не заслужи барем 3 гола да даде. Можеби тебаше и да примиме барем еден гол второто полувреме, ама тие имаа премногу среќа. Видовте дека и на самиот "стручњак" Мурињо му попуштија нервите и излезе на теренот. Не дека Цезар беше толку добар како што кажувате сите, туку тој беше "жртва" на срќата на Интер. Едноставно ударите и на Роналдо и на Гигс....., завршуваа во него. Едноставно го погодуваше топката само затоа што ги служеше (пак ќе речам како и вообичаено) среќата. Според мене (кажете ми дали сум во право) мислам дека клучен момент беше оној слободниот удар што наместо Роналдо го шутираше Гигс. Добро, разбирам сакаа да ги збунат оти сите очекуваат Роналдо да шутира (така лани Харгивс му даде гол на Арсенал). Но мислам дека во еден клучен момент кога Роналдо имаше неколку пати шутнато слободен удар, сега мислам дека беше многу блиску до гол, и по мое мислам дека ќе постигнеше тогаш гол , ако тој шутираше. За Руни не се лутете, и јас го посакував, и сто пати го спомнав кога Бербатов промашуваше. Од сите шанси, само Руни да беше, ќе дадеше барем два гола. Но заборавате дека Ферги е ЦАР. Ќе ве подсетам дека Мурињо плачеше оти не треба да игра Руни. Па нашиот стар џентламен Ферги му играше не само без Руни, туку и само со еден шпиц. Руни сепак на крајот влезе по барање на Парк инаку воопшто немаше да влези за да не плачи Мурињо. Знае Ферги како да го пукни Мурињо :). Инаку што мислите вие, дека Фергусон очекуваше чудо од Руни за само 5 минути? Не. Ако очекуваше нешто од него, ќе го ставеше порано. Тој влезе оти мораше да влеза за Парк. Видовте вие дека никој друг не влезе. Само не ми е јасно зошто Руни доби жолт картон. Ама добро да не го напаѓаме судијата, имаше ситуации кои беа судени во наша полза. Само големо чудо и голема среќа може да го спаси Интер на Олд Трафорд. Но јас не верувам сепак во тоа, затоа што Манчестер Јунајтед е уште поголемо чудо и феномен!
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Ок барем во првото полувреме заслуживме да постигнеме гол, само голманон ги спаси...:tapp:
Во второ малце паднавме ама во глобала бевме доминантни и на реваншот очекувам трумф.

:pehar:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Поздрав и од мене. Презадоволен сум од вчерашната игра на Јунајтед, целосно ги надигравме, му покажавме дека сеуште не ни се дораснати, а работата ќе си ја завршиме дома и тоа со убедлива победа.
Каде беа Ибраим и Ардијан, со Лече и Јуве Стабија само знаат да играат.
Немавме среќа т.е. копиљот Дегенерињо ја има ама мислам дека нема да трае вечно.
Сега да се сконцентрираме на недела и финалето на Вембли:vozbud:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
све беше супер вчера, само требаше мене да ме стават место гигс!
Барем 2 гола ќе дадев:):):):)
Шала на старана, во англија, печени се, ако играат вака, ќе изгуват добри 4 разлика!
 
N

navivacka

Гостин
Абе џабе толку зборење на Мурињо,се виде синока кој е кој...само алал да иму е на Цезар,се одбрани а последниот удар на Роналдо:vozbud:ама мора да дадеме два гола на реваншот,овие имаа голема срека.

Мурињо се жали на судењето, Фергусон му се чуди

Тренерот на Интер Жозе Мурињо незадоволен од синоќешниот резултат на својата екипа во мечот од осмина финалето во Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед за неуспехот го обвинил судијата Медина Канталехо од Шпанија.

"Можеби во реваншот ќе имаме делители на правдата кои ќе судат во полза на Интер. Ако во Манчестер имаме судии кои ќе ја штитат гостинската екипа, како што синоќа направи Канталехо тогаш ќе се пласираме во следната рунда. Не велам дека не оштети драстично, но секој мал прекршок го свиреше во нивна полза. Ако го погледнеме односот на прекршоци и бројот на жолти картони се ќе ни биде јасно." - се пожалил Португалецот.

Кога ги чул жалопојките на својот колега, на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон не му било јасно што зборува Мурињо.

"Според моето мислење судењето беше одлично. Мурињо не успеа да го исплаши арбитарот, иако се надеваше дека тоа ќе му појде од рака. Повторувам, судијата одлично си ја заврши работата." - изјавил Фергусон.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom