Megadeth vs. Metallica
По очигледна и застарена споредба од ова амин.
Ипак ми лежи да ја пишам. . . чисто ради што двата бенда имаа идентични дешавки, златен период 80ти и слаб период 90ти, каде што скоро сите треш метал бендови од 80тите се мрднаа. . ., од кои едните (Мегадет) во тие слаби периоди знаеа да напраат песна што нема да затапи, на чиј што вокалист гласот не му мутираше во кантри, и секако дека песните беа слаби за треш стандарди, но затоа и не беа треш туку добри хард рок и хеви метал песни. Металика се тие што знаеа да затапат, ама знаеа и да напраат нешто похард од Мегадет.
Почетокот на анти-треш периодот кај двата бенда се рачуна: за Металика пост-Black Album периодот, а кај Мегадет пост-Rust in Peace периодот. Мегадет ја имаа доблеста да редовно издаваат албуми до ден денес, наспроти каде што Металика од психички доод алкохол проблеми едвај се изнамачија со 2 албуми за на крај да кулмнираат по 7 години од Reload со St. Anger кој што има прилично одвратни тапани, од продукцијата нивна до лупањето на Ларс.
Дејв е упорен со својот бенд, и не му требаше подолго од Металика да се врати на сцената со звук кој што е карактеристичен за Мегадет колку толку, ама тој ја има и слободата да отпушта кого сака од бендот, со што кога сака може да најде свежина од нови членови.
На крајот и двата бенда се вратија со задоволителни албуми. Едните се изнамачија, другиве лека полека, пак го мутираа звукот назад. Металика ги јадат Мегадте во 80тите, овие ги јадат Металика, на крај све је ок.