Нема да критикувам,само сакам да прашам дали беше амбициозен дечкото,колку години имаше и што планираше во иднина?Викате не ви се важни толку парите...Ако има пари ок,ако нема пак ок...А како би се чувствувале кога момчето нема скршен денар ни кафе да ве почасти.Кога ништо нема да ви купи за роденден уште полошо матура (од искуство). Кога ве влече по паркови или седите дома затворени од старата и добра причина оти нема пари? Замислете го целиот живот со таков човек.Каква иднина ве чека со таков човек.Мислите да трпите цел живот и да врзувате едвај крај со крај?
А пример колку е поубаво чувството (од женска страна кажувам) да ве изнесе во некој кафич или ресторан да те изведе на убаво место и да се осетиш како дама.Сигурно е поубаво од чувството да мрзнеш на -20 у некој парк.
Знам дека после постов ќе ме пратите на гилотина ама чисто си кажувам свои искуства со таков човек и грдо е. :smir:
Дечкото беше и остана паразит кој живееше на моја и на туѓа сметка а бај д веј има 21 година.Не сакам да звучам како материјалиста.Ама само еден поглед кон иднината е доволен за да се сфатат многу работи.Секое девојче сака да се почувствува како дама.Колку и да викаат сите дека парите не играат улога секоја девојка се има јадосувано ради оваа стара и добра причина НЕМАМ ПАРИ ДА ИЗЛЕЗАМ.Нема да критикувам,само сакам да прашам дали беше амбициозен дечкото,колку години имаше и што планираше во иднина?
Да се има дечко е обврска и како таква треба да ја прифатиш. Може вака? Или уште подобро, да се има партнер е обврска и како таква треба да ја прифатиш. Смачено ми е што се гледа на тоа како обврска, ама да не тупам, не е тоа темата. Сега, ако толку сакаш да биде обврска, кажи ми каква. Материјална? Партнерот е обврзан да троши пари на тебе за ти да се чувствуваш како дама? I beg to differ, љубов кон некого и љубов кон себе не наликуваат едно на друго, ни оддалеку. Ако навистина љубиш некого, воопшто нема да ти биде важно дали те однел во парк, во фенси ресторан на вечера со Грујо и Боркица, дали мрзнете на -10 или кај него дома нема клима уред, дали ти купил подарок за матура (шо?) или не. Парите се средство кое треба да те одржи во живот, не да ти налива по малку од егото со секој подарок и материјално внимание. Пак размисли кон кого ти е насочена љубовта (шо има за размислување упм).да се има девојка е обврска и како таква треба да ја прифатиш.
Мислам дека попрво би те избрале во ова време би бил вистинскиот одговор..со ова се обидувам да кажам дека ке ме сакаш многу повеке кога би го имал сето тоа.
Даночните обврзници можеби?
Е тука си целосно во правоДаночните обврзници можеби?
И тоа не од љубов...
Сега ќе се погазам себеси и ќе лепнам по некоја етикета. Кај какви девојки има шанси богаташот со неговиот Келвин, Астон Мартин и Џејмс Бонд гаџети, а кај какви девојки имаш шанси ти со самиот ти (шарм, душа, разбирање, и се понатаму)? За сосема различна категорија се работи, тие девојки се плитки ко Вардар, и логично, опседнати со надворешност, изглед и имот, туѓ и свој. Па тебе зошто би ти било воопшто криво дека немаш шанси кај некоја глупа ко шраф (извинение) девојка? Во две насоки важи ова, за двата пола. Ако сакаш девојка на која не и се важни горенаведените тракатанци од многу пари (и iPhone и Nokia 3310 имаат иста намена, нели?), нема да ти биде криво што немаш шанси кај некоја која различно се возбудува на различни електронски направи за комуникација. Во крајна линија, девојките за кои збориш се заљубуваат во сопственикот на iPhone-от или во iPhone-от?Лугето кои ја избираат љубов пред пари .. се тие што всушност имаат пари, или можеби не ...
Но никој не може да ми докаже дека јас имам исти шанси со девојките како син му на Bill Gates, не се зафакајте на тоа кој колку е згоден не е во тоа поентата.
Никој не може да ми докаже дека имам исти шанси кај девојките кога носам Tommy Hilfiger и Calvin Klein со кога носам облека од шутка.
Никој не може да ми докаже дека дека имам исти шанси со девојките кога ке седнам до нив на сепаре и од панталони ке извадам мало црно апаратче за отклучување на кое има кругче со сино бели шари, со кога нема да извадам ништо.
Никој не може да ми докаже дека имам исти шанси со девојка кога ке извадам iPhone за да и се јавам, со кога ке извадам Nokia 3310.
П.С. Со ова не се фалам колку имам, зошто сепак на
жалос неам многу од тоа...со ова се обидувам да кажам дека ке ме сакаш многу повеке кога би го имал сето тоа.