Дали вечерате?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дали практикувате да вечерате?

Многумина вечерата ја прескокнуваат под изговор нели дека јадењето во вечерните часови му штети на организмот.
Постојано слушам како па јас не јадам после 20 часот, или јас не внесувам храна освен овошје после 19 часот и слично.

Што е со вас? Дали ви се случувува да јадете доцна навечер? Ви се случува ли да внесете оброк пред спиење?
Нормално дека не е многу убаво да јадеме пред спиење, желудникот ја нема преработено храната и во текот на ноќта може да имаме проблеми.
Но од друга страна па зар е добро цревата да ми шкрипат цела ноќ? :)

Јас ако сум гладна обавезно вечерам. Ако треба и пред спиење ќе јадам ако сум гладна. Така да јас не погледнувам во саатот колку е часот и дали смејам да јадам или не :)
 
Летово често јадев и ефекти се гледаат инстантно:pos:
Инаку, немам некое правило дали јадам или не.Зависи до ситуацијата:toe:
 
Зависи, како сум расположен... често ја одбегнувам вечерата сега кога сум дома инаку знаев и да тркнам по бурек во ниедно време ако ми се пријадело порано :)
 
Имам шинат биоритам,тепам поише оброци не ми се дефинирано кој што е,ама сигурно има вечера во нив :)
 
Не.Уствари зависи ако ми се јаде да ако не не!
 
Па...не дека никогаш немам вечерено, но кога ќе си ставам некој ред во исхраната (кога, колку и што ќе јадам), тогаш не вечерам, освен овошје нешто.
 
ако ми се јаде ќе јадам во било кое време, отколку да си гладен и да јадеш грицки, инаку да вечерам, ретко да не вечерам, некој пат кога си идам од тренинг уморен, се туширам јадам и одма ми иде дремка и поубаво се спие, зависи шо ке јадеш пред да си легнеш, пример ако јадеш скара ако изедеш повеќе тешко ке ти е вечерта
 
Сум се обидувала повеќе пати да не јадам после 19 часот и ми успеало едвај една недела, проблемот ми е што во текот на денот јадам многу слабо па ако не вечерам не можам да издржам, не можам ни да заспијам ако сум гладна.

Затоа ги баталив тие „правила“, ако ми се јаде, јадам најчесто фаст фуд после излегување тоа ми е најдостапно и најлесно.
 
Једем дану, једем ночу, једем селе кад год хочу! Не знам колку погодив од песнава и од српскиов, ама поентата ми беше дека немам правила у исхраната. По мене се глеа фаца1. У секој случај пробувам да одбегнам да јадам навечер пошто после стомак ме боли и тешко ми е па пијам чај од нане, ама ако сум здраво гладна си јадам без грижа на совест.:pipi:
 
Вечерам, и тоа два пати :pos: Уште од кога памтам, секогаш сум јадел пред да си легнам, а последниве неколку години, како што ми е биоритамот крајно пореметен, појадокот ми е во 14:00, па во 18-19 ручек, па во 22 вечера :pos: Често знам ако сум излезен, да си купам смоки, ресани, некакви грицки и ги јадам пред спиење. Понекогаш се случува и во текот на спиење да разбудам и да ми се јаде, па можно е да земам едно суво парче леб и чаша вода, и после се враќам на спиење :pos: Што да правам, во секое време ми се јаде :pos:
 
Па кога ми се јаде ич не му ја мислам:pos2:
 
Зависи.Зашто најчесто јадам еднаш дневно, ако имам ручано тогаш не вечерувам, ако немам цел ден јадено тогаш вечерта морам да вечерам...доручекот одамна не постои кај мене... Ама ова не дека имам одредено некои правила до кои се придржувам, туку едноставно така функционирам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom