Дали враќањето на Бранко Црвенковски во СДСМ е пораз за таа партија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zeng
  • Време на започнување Време на започнување

Дали враќањето на Бранко во сдсм е пораз за таа партија?


  • Вкупно гласачи
    98
  • Гласањето е завршено на .
Па и не е некој пораз затоа што до сеа двапати го попија од ВМРО...Така да, далеку од пораз!
 
Ова е дел од текст во вчерашна ,,Нова Македонија,, од Мирка.

,,СДСМ Ќе ги компромитира локалните избори

Народот вели „два остри камења не мелат брашно“. Дали Груевски и Црвенковски по осум месеци ќе созреат толку за да ги надминат своите карактерни ограничувања? Црвенковски едноставно не може на стари години да излезе од сопствената кожа. Ако од сегашната позиција на носител на државна функција не успеа да стане претседател на сите граѓани, ако со сладострастие ги опструираше политиките на конкурентската партија што победила на избори, ако инспирираше и организираше преврати, ако и по цена на статусот на државата во меѓународната комуникација играше валкано, што ќе го спречи како лидер на опозицијата да дејствува радикално како УЧК, само без оружје.

Од друга страна, дали Груевски може да стане поотворен за дијалог во идните осум месеци ако тоа не му успеало во изминативе три години. Може ли барем тој малку да го модифицира својот закопчан карактер и пословична недоверба?

Во секој случај, токму на Никола Груевски му треба стратегија за водење функционален дијалог со „шлеперот“. Тој е горе-долу дешифриран, демистифициран, па јасно е дека по осум месеци ќе профункционира надземен реторичко-фразерски комуникативен и подземно-поткопувачки коридор. Ако Груевски успее да ги изменаџира овие феномени и ако ги направи видливи и за голо око, ќе може да каже дека ветил и остварил пораз на старата политика, чиј симбол е Црвенковски.

За почеток, како загревање, односно, како вовед во неговите идни докторски студии, треба да се подготви за локалните и за претседателските избори.

Црвенковски ќе стори сè да ги избламира изборите, опструирајќи ја нивната организација, за да докаже дека оваа власт не може да организира регуларни избори. СДСМ има доволен број градоначалници за ваква операција. Во Скопје таа битка ќе биде неверојатно валкана, а во општините со албанско мнозинство потенцијално трауматична. Дијалогот за промена на изборното законодавство мора да се води умешно, тактички осмислено за да не се искористи како аргумент против Македонија. Тој дијалог власта треба да го иницира, да го направи транспарентен до коска за да го стесни маневарскиот простор за валкани политички игри. Исклучително е важно во наредните месеци да се следи и трагата на парите, односно да се бележат и анализираат повремените пљачки на експозитури на одредени банки, кои остануваат нерасветлени (како во минатото), за да се види каде завршуваат опљачканите пари, односно за какви активности.

Што се однесува до претседателските избори, речиси е извесно дека стратегот на СДСМ ќе сака да избегне уште еден директен пораз на својата партија. Оттаму, веројатно нема да излезе со партиски кандидат, туку ќе поддржи некој неутралец за чиј пораз нема да биде одговорен. Втората веројатност е дека Црвенковски ќе го остави Заев да ни соопшти дека заради недостигот од демократија на новата власт, СДСМ не сака да биде соучесник во еден таков изборен процес. Се разбира, во името на Македонија. И за едното и за другото во наредните месеци ќе се креираат услови на теренот. А говориме само за загревање пред една нова етапа во градењето на политичкиот дијалог.




Црвенковски ќе изнудува безброј рамковни договори

Никола Груевски досега би требало да научи дека идниот лидер на СДСМ можеби не е креативен во креирањето државни политики, ама е бескрајно даровит во создавање политички кризи. На Али Ахмети му беа потребни оружје и надворешна поддршка за да се позиционира како фактор. На Црвенковски тоа му успева без испукан куршум. Затоа, по осум месеци, и ако не биде подготвен, Груевски ќе биде принуден да ги батали реформите, за да преговара со ривалот за јунски, јулски, августовски, септемвриски договори.
Тоа се крие во пораката дека неговата политика конкурентот сака да ја победи на „идните парламентарни избори, кога и да се случат“.,,
 
http://politics.actualno.com/news_180730.html
обрни внимание на овој дел од текстот Сергеј Станишев се срештна с млади лидери, представители на социалистическите и социалдемократчиеските партии от југоизточна Европа.....од Албанија, Рум'нија, Г'рција, С'рбија и Македонија.
 
Кој тоа од нашите млади лидери од комуњарчињава бил на поклонение у Софија?

Каде е тука соопштение од Комсомолот? Да се информира јавноста?
 
Веќе е јасно како ден дека Бранко ќе се врати во сдсм и тоа на чело на таа партија, но една мала дилема ме заинтригира а тоа е дали во таа партија има други лидери, интелегентни луѓе, некој со свој став за иднината на македонија или сите го следат само Бранко и неговата политика?

Што ова кажува за една од двете најголеми партии кај нас, дали таа партија е само еден човек?

Двапати изгубија на избори од новиот лидер на вмро-дпмне, дали ова значи дека се неспособни без Бранко?

Во вмро успешно се смени лидерот и продолжуваат да бидат влада на РМ, додке кај сдсм мораше Претседателот на државата да го помилува својот сопартиец кој сега му ја чува идната водечка позиција во сдсм.

Нека ми објасни некој бидејќи не сум член на некоја партија, туку само ги разгледувам работиве, како после ова да гласам за сдсм, за кого јас би го дал мојот глас кога по се изгледа и самиот иден стар лидер со своите постапки кажува дека во сдсм се неспособни луѓе?

pa i ne treba da glasas za SDSM ,prodolzi da gledas reklamcinja grujo vo 100 sliki.I posle ke se prasate zasto MAKEDONIJA e sekogas posledna.

Па и не е некој пораз затоа што до сеа двапати го попија од ВМРО...Така да, далеку од пораз!

Samo za Makedonija bez vmrovcinja i razna zbirostina od propadnati kvazi patrioti
 
Веќе е јасно како ден дека Бранко ќе се врати во сдсм и тоа на чело на таа партија, но една мала дилема ме заинтригира а тоа е дали во таа партија има други лидери, интелегентни луѓе, некој со свој став за иднината на македонија или сите го следат само Бранко и неговата политика?

Што ова кажува за една од двете најголеми партии кај нас, дали таа партија е само еден човек?

Двапати изгубија на избори од новиот лидер на вмро-дпмне, дали ова значи дека се неспособни без Бранко?

Во вмро успешно се смени лидерот и продолжуваат да бидат влада на РМ, додке кај сдсм мораше Претседателот на државата да го помилува својот сопартиец кој сега му ја чува идната водечка позиција во сдсм.

Нека ми објасни некој бидејќи не сум член на некоја партија, туку само ги разгледувам работиве, како после ова да гласам за сдсм, за кого јас би го дал мојот глас кога по се изгледа и самиот иден стар лидер со своите постапки кажува дека во сдсм се неспособни луѓе?
Ti si ili premnogu mlad ili so pomal kapacitet...lider e lider...a BC e...bas kako sto i NG e...LG e...KG e...utre zadutre ce ima 15-ti...16-ti lider...

Znaci ako BC ima sto da ponudi pojce od Rada ili koj bilo tamu...ne e nikakov poraz...

http://politics.actualno.com/news_180730.html
обрни внимание на овој дел од текстот Сергеј Станишев се срештна с млади лидери, представители на социалистическите и социалдемократчиеските партии от југоизточна Европа.....од Албанија, Рум'нија, Г'рција, С'рбија и Македонија.
sto e tuka sporno?
Pa bas zaradi nemanje na ovaa inter sorabotka Vmro e tamu kaj sto e...oti Vmro mora da odrzuva bliski kontakti so srodni partii od stranstvo...a batkive nejcat...zamisli nekoj od Vmro da praj muabet so nekoj od grcka ND?...pa ce go isteraat od partija...

ps Ne znam dali ti znaes jazik ili samo dedo ti...no akom znaes ti si idealen kandidat za inter sorabotka so GR...eve LB formira partija...pa bujrum poveli...
 
Малце е лошо дефинирана темата. Не станува збор за пораз или победа; прашањето е дали тоа значи „освежување“ на партијата или млако стоплување на челните позиции.

Ако сакаат да направат било што, им треба свежа мисла, млад кадар, јас многу пати велам нека отворат некој форум има еден куп млади луѓе со издржани тези.

На крајот на краиштата, работите се гледаат многу пореално од страна.
 
И тоа каков пораз! Таа партија во свои 18 години немаше сила да изнедри друг лидер.Целото нејзино постоење е обвиткано со еден лик Бранко Црвенковски.Со малку филозофско-психолошки пристап ке се увиди дека партијата се однесува како личност со пречки во раазвојот на кого му е потребен старател за да живее.Од 2004-2009 не се најде маж кој ке му го покаже местото на Црвенковски дека негова работа е да биде претсеадтел а не да се маша и води СДСМ.Малку проба Бучко ама го изеде црната темница.Ајде Бранко Радмила ја постави ниѓто ајде Заев пак ништо.Ако ги посматраме размислувањата на симпатизерите на СДСМ го очекуваат Бранко како месија штоза мене зборува дека малку е чуство на немање самодоверба.Зар мегу 100.000 члена не се најде ЕДЕН кој може да ја води партијата.А што ако Бранко не дај боже утре загине дали тоа значи СДСМ се брише од судскиот регистар? Мислам такво идолопоклоништво кон една личност не само што е понижувачка туку и е трагична.Но што ако Бранко не ја однесе СДСМ во победа во 2012? Дали тогаш конечно ке се повлече? Или тогаш ке биде дека 2016сигурно ке го победи ВМРО.Факт е дека Бранко ке биде претседател на СДСМ. Но сметам дека тоа ке биде изгубено време и дека само во мегувреме ке се етаблира нова трета опција дали Селмани дали друг сеедно.Мора да се разбере вренмето кога еден политичар треба да каже пријатно.Ова не е поради ВМРО-ДПМНЕ туку за капацитетот на демократска свест кај членовите на една личност опиени од Б.Ц
 
Ако сакаат да направат било што, им треба свежа мисла, млад кадар, јас многу пати велам нека отворат некој форум има еден куп млади луѓе со издржани тези.

На крајот на краиштата, работите се гледаат многу пореално од страна.

Не можеш од нив да очекуваш отворање на форум, отворање кон нова идеја. Во нивните глави има само самобендисаност и елитизам. Тие се државници, за нив некои прашања не заслужуваат одговор, за нив Груевски и владата се детска градинка, според нив треба еден психопата да одлучи за името на Македонија.

Од овие елитисти не очекувај да се симнат меѓу народ. На нив не им треба освежување им треба вистинска идеологија, а не глумење елитизам и им треба 100 посто нови луѓе ко што направи Грујо во ВМРО.
 
Очај ,во тиња е целата политичка сцена и корне на лешеви стари со години и скапано овошје кое ни се нуди
 
Абе овака онака ,бране мртовец, седесе ќе пропаднел ама темава фати 23 страни...Чуму толку пишување за политички мртовци ако евентуално не го мислите спротивното? :helou:
Најзаслужен за камбекот на Бране е токму Гвујо, 3 години се трудеше да го врати и го врати...а ја се мислев дека ќе го балзамираме Бранчета ,ама јок
 
Мирка нека земе една кристална топка или тарот карти да гледа, вака само со ЌЕ се користи. Од толку претпоставки верувам дека нешо и ќе погоди. Колку е само комплексирана со него и љубопитна кој е неговиот план.

За Бране ќе видиме што ќе смисли, времето ќе покаже.
 
Абе овака онака ,бране мртовец, седесе ќе пропаднел ама темава фати 23 страни...Чуму толку пишување за политички мртовци ако евентуално не го мислите спротивното? :helou:
Најзаслужен за камбекот на Бране е токму Гвујо, 3 години се трудеше да го врати и го врати...а ја се мислев дека ќе го балзамираме Бранчета ,ама јок
Сталин Хитлер Џек Мевосек колку страни има испишано за такви негативци.Така и Бранко е вечна историска инспирација период 1992-2009.Политички мртовец во идејна смисла да ама во способноста за сплетки потреси е број еден.
 
Абе овака онака ,бране мртовец, седесе ќе пропаднел ама темава фати 23 страни...Чуму толку пишување за политички мртовци ако евентуално не го мислите спротивното? :helou:
Најзаслужен за камбекот на Бране е токму Гвујо, 3 години се трудеше да го врати и го врати...а ја се мислев дека ќе го балзамираме Бранчета ,ама јок
More глупациве од вмро уште малце да усерат и нема да ме зачуди ако бранко се врати на коњ и биде дочекан како народен херој е тогаш сме го наебале :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom