Започнаа “психичките бомбардирања“ за Северна Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Со промена на име иде и радикализација и летање глави, има спремни момци. За тоа сигурно сте свесни? Јас не сум за никаков преговор или за разговор во врска со името Јас би го подржал прекинувањето на преговорите или разговори (не знам што се)! се надевам имам многу истомисленици.

Единствен случај во кој би се сложил би бил ако веке се преименуваме ве северна, тогаш Егејска Македонија да стане покраина во гејлада Македонците таму да се признаат, да се вратат имотите, да се извинат јавно гејците и да ја признаат македонската нација и јазик како македонски а и да не се мешаат во историјата на античките македонци.Истото тоа да се случи и во Пиринска Македонија.
Да не барам премногу?:helou:

zaboravi da spomnes Karamanliz da ja nauci makedonski devojce na gajda
 
zaboravi da spomnes Karamanliz da ja nauci makedonski devojce na gajda
Значи не барам многу.

Абе мајка му била Македонка, од кај знаеш дали не знае да ја свири може ја знае да ја свири и на повеќе инструменти!:helou:

А за тој разумен компромис кој беше спомнат. Мислите ли дека Иванов би се согласил со нешто неразумно односно име од кое не само тој туку и цел Македонски народ би се срамел?

Јас не очекувам такво нешто.
 
Иванов му објасни на Заев што подразбира под разумен компромис

Предлогот Република Северна Македонија да биде за меѓународна употреба, со гаранција за нашето уставно име, нашиот национален идентитет, јазик и нашата национална посебност. Ова е разумниот компромис на кој новоизбраниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, и в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги усогласија ставовите околу решавањето на прашањето со името. И двајцата, притоа, потврдија дека по постигнувањето договор меѓу Македонија и Грција, прашањето на името ќе биде ставено и на референдумско изјаснување.

„Ова беше прва од серијата средби, на кои ќе зборуваме и за деталите. Сега разговаравме начелно за генералните прашања, за прашањето кое го потенцирав во текот на целата моја кампања, за разумниот компромис, прашањето за тоа како да се дојде до решение кое нема да биде на штета на државните интереси на Македонија“, изјави по средбата Иванов.

Целиот текст:
http://www.time.mk/story_81c5e2aaac_article_56de13372a.html

Имате ли информации дали е ова разумниот компромис за кој говореше Иванов ,бидејќи јас сум резервиран малце повеќе кога се работи за натпис во утрински:toe:
 
Види го одговорот на Милошоски, не верувам дека имаат различна политика :smir:
 
Убаво срочен одговор-изјава на Милошевски, само има еден мал проблем...... премногу често ваквите смели изјави остануваат само на хартија по медиумите, некако тешко ни оди со нив на местата каде стварно треба да се заземе цврст став.....ај..... и ова е некој мал напредок..само да не остане само на тоа!

Со нетрпение очекувам ваква изјава и од зајкото......ваљда зајачкото срце ќе собере храброст.

Кога веќе збориме за психолошко бомбардирање...не би било лошо тоа да ја промени насоката па наместо да има самодеструктивен карактер да тргне во насока на кревање на непопустливоста, достоинството и самопочитта!:toe:
 
Да,само прашање е од кого и кон кого?:toe:
 
Е ебаго..... сега ептен незгодно прашање постави:kesa:

Како бе незгодно прашање,всушност тоа е и најважното прашање:

-Кој треба да ја зацврсне непопустливоста,да го воздигне сопственото достоинство и сам себе да се почитува повеќе одколку што моментално се самопочитува?Доколку се мисли на Македонскиот народ,тогаш реално е да се постави и прашањето кон кого треба Македонскиот народ сето тоа првенствено да го насочи?
 
Абе што им кажуваш.....работата беше сами да се сетат(име):smir:
 
Абе што им кажуваш.....работата беше сами да се сетат(име):smir:

Па гледам никако да се сетат и ме фати страв да не помислат случајно на некаков “разумен компромис“,или недај боже референдумски Северномакедонски народ именуван по Северина од порно-филмчето.:toe:
 
Работата е што владата е пред големи притисоци од сите страни а еве и новиот предлог на Нимиц за тоа 20-годишно замрзнување.Грците се плашат за таа 2013 година и ќе сторат се за да го смениме и името и идентитетот.
Оваа влада на Груески најдоцна за 6 месеци ќе биде приморана да прифати некое взаемно избалансирано решение кое ќе оди на референдум.
Е тоа е прашањето?Како ние ќе изгласаме?Тука ќе се видат патриотите.
 
Доколку сме само ние во прашање не е никаков проблем,ама доколку на еден референдум за име на еден народ(случај без преседан),правото да одлучува му е дадено на други народи или други националности,тогаш референдумот за име на државата,а со тоа и на народот,се граничи со лудост и перверзија,односно клецање на Македонците при здрав разум,итоа од нивната власт,за иронијата да биде поголема.:toe:
 
А извинете вака да прашам нешто.Која е таа организација која гарантира нечив идентитет,јазик и уставно име????
Фала однапред на одговорите.
 
А извинете вака да прашам нешто.Која е таа организација која гарантира нечив идентитет,јазик и уставно име????
Фала однапред на одговорите.
Мое лично мислење:
-Во случајот со Македонија таа “организација“ е Библијата,а Библијата не треба да ја променуваш за да не бидеш казнет и променет засекогаш.
 
Работата е што владата е пред големи притисоци од сите страни а еве и новиот предлог на Нимиц за тоа 20-годишно замрзнување.Грците се плашат за таа 2013 година и ќе сторат се за да го смениме и името и идентитетот.
Оваа влада на Груески најдоцна за 6 месеци ќе биде приморана да прифати некое взаемно избалансирано решение кое ќе оди на референдум.
Е тоа е прашањето?Како ние ќе изгласаме?Тука ќе се видат патриотите.
Koe krelce si.

Veruvate na Mak. piskarala.

Prvo ne rekol nisto takvo, izvadeno e von kontekst, a rekol slicna rabota, pred studentarija.

Rekol deka nekoi sporovi se resavaat brzo, a za nekoi treba dolgi godini, dvaeset i poveke, kako na primer problemot so Kipar. Itn.

Nikoj nikade ne ne brza, osven nie samite.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom