Животот... не е поема.
Или барем не е таква која што е исполнета со љубов и воздишки.
Животот носи ситуации во кои што кога до солзи те пече и боли,остануваш со втренчен поглед на убиец и си максимално решен да го направиш тоа што повеќето не го очекуваат и бараат.
А сепак за нивно добро.
Ќе разберат сите тие силни оратори,сите критичари одпосле,после некое време кое што ќе помине.Модриците од специјалната полиција Аrschloch и компанија помалку ќе ги печат,некогаш кога ќе сфатат дека некој ги куртулил од поголема беља.
Некои,рака на срце,никогаш и нема да разберат,меѓутоа мора да има и такви.Толку им делил Господ,тоа е.
Некои,доживотно ќе го бркаат владетелот кој што ќе потпише таков акт за да го убијат (како мојот детски идол,Никола Каваја)... ама и тоа е дел од играта.Еден живот е неспоредлив со крвта и судбините на сите останати два милиони.
Се е во најдобар ред.
Нема веќе време,о ашлаци,времето што го имавме на располагање на еден или друг начин го потрошивме.Нема спор за тоа сега,тоа што е важно е дека сега е time off.
May day-pay day.
И има да си ги платиме гревовите.
Имавте двајца поштени и искрени албанци што измеѓу редови ви кажаа што ќе се деси ако нема напредок.Бугарите како и обично... ко хиени чекаат од страна.Ставете го некаде во главата.
Целокупниот развој на настаните укажува на тоа дека никој ама со прст нема да мрдне ако се подели Македонија,сем ако некој светски преседан (како Кореја Тито и неговата Југославија) не ни го спаси г`зот ако продолжиме да одолговлекуваме и со самото тоа да даваме повод другите да решаваат за нас.
Притоа не заборавајте,100 стапа по туѓ грб не болат.
Павел...оца ти јебем,Павел...
Не е херој тој што го држи знамето и извикува пароли кои што толпата сака да ги чуе...херој е тој што знае да го процени времето и правилниот потег за тоа дадено време.И да ја преземе одговорноста на себе за тој чин.
А на толпата... работа и е да џафка.
И да јаде ќотек по потреба. (кога ќе претера).
И се ми е јасно...
само едно нешто не ми е.
Каде е мојот сив волк за да истапи пред народот и јасно и гласно да каже:
http://uk.youtube.com/watch?v=uFg3EAdr7DA&feature=related
Народе македонски... време е да направиме маневар.
Време е за име на нашиот напредок и просперитет,за име на нашиот гол опстанок и егзистенција да направиме компромис затоа што добивме понуда која што не можеме да ја одбиеме.
Кој рекол дека во едно друго време при малку поразлични услови не може да направиме и едно крштевање и да ги `решиме` главите на `петте фамилии`???
Ама тоа не смее ни да се спомне.
Оти ништо од тоа.
Мојот сив волк кој што го немам....(немам таков државник) не смее ни да каже нешто такво!
Ви е јасно на вас или не?
Да сум јас во прашање...
да сум ги свикал више шефовите на полицијата.И да сум го облечел веќе најубавиот костум во мојот плакар,и едни бели ракавици за да не ја додирнам кожата на она грчко животно со кое што ќе мора да стегнам рака,да сум го набацил најсуптилниот и најмил осмех што воопшто може да го направам...
и одкога десет пати сум прочитал и проверил што потпишувам да се насмеам пред камери.
What is done is done...
I come with a peace offer.
How could things get this far?
I don`t know.
Cheers my friends,I wish you luck & happiness.
And long life...

!!!