Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
OK, Русија во критичните моменти за нас не беше раководена од Руси, него од истурени западни кралски фамилии.Русија тоа не го направи досега...Зошто би го направла баш сега?
И каде беше заедништвото кога пред отприлика еден век рече не за независна Македонија?
Каде е заедништвото кога Путин изјави дека нема ништо против промената на нашето име, односно дека, упростено, не им чуе?
Да не заборавиме и кој и е традиционален пријател...Србија, а преку неа и Грција. Како во тако "друштво" би застанала позади нас?
Да, можеби треба посуптилно да маневрираме помеѓу САД и Русија.
Но, ни во сон не смееме јаво да се свртиме кон истокот.
За нас нема место во некоја пан-славистичка утопија.
Покажано и докажано во пракса.
Со добра стратегија, Русија може да биде нашиот џокер во идните кризи на балканот и во светот што надоаѓаат.
И УЧК купуваше оружје од ЈНА и војуваше против неа со истото, нема тука некое правило.