ВАНЧО ШЕХТАНСКИ: ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА !?

Член од
12 октомври 2007
Мислења
1.482
Поени од реакции
22
Шехтански не заслужува тема овде:helou:
п.с. И од кај Ј била српска буква.Само глупости гледам.Крејзи ин лове е у право за правописот.
П.п.с. Право знам кај целите со тоа српска буква:helou:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Според Ванчо Шехтански лидер на ТМРО...
..партија за која тој вели дека е наследник на организацијата ТМРО формирана во 1893-та, смета дека прашањето со името воопшто не е толку драматично како што сакаат да го прикажат некои политички кругови во Македонија, кои, всушност, се само марионети на старите разузнувачки и шпиунски структури во земјата.
-Во изминатите 17 години Македонија ја водат стари безбедносни структури. Тие потекнуваат од УДБА и КОС и се инсталирани во самиот врв на сите партии во државата. А дека Македониа а не Македонија, нема свој безбедносен систем се гледа и од фактот што за овие близу две децении самостојност нашите служби не открија ниту еден странски разузнувач, или, не дај Боже, српски шпиун или припадник на албанската ШИК. Се разбира, тоа и можеше да се очекува со оглед на тоа кој ги води безбедносните служби, а тоа се луѓе од типот на потпалувачи на американски знамиња, кршачи на џипови на ОБСЕ и сл. Тие никогаш нема да откријат дека Србија и Албанија имаат таен договор за поделба на Македониа, кој ќе биде помогнат од Грција и Бугарија., а под покровителство на ЕУ. Сите ќе добијат големи бенефиции врз грбот на Македониа, а Србија и Албанија згора на тоа ќе добијат и експресно членство во ЕУ. Со тој план, кој ТМРО успеа да го добие преку свои разузнувачки канали, на северниот дел од Косово наскоро ќе му биде дозволено да се приклучи на Србија, а за возврат Косово ќе го добие делот на Македониа од Куманово до Струга, кој потоа со референдум на населението веднаш ќе биде приклучено кон Албанија. Спорно е само како да се разграничи Скопје, но и на тоа засилено се работи-тврди Шехтански.
Според него, остатокот на Македониа според тајните мапи е доделена на Србија. Затоа и отаму во последно време се почесто не именуваат како БЈРМ, како што тоа почна да го практикува и Бугарија..
-Сето тоа треба да се заврши до крајот на следната година, за да се потврди Букурешкиот договор од сите земји потписници. Според нашите, партиски сознанија, до крајот на 2008-та Косово ќе ја зацврсти својата независност, а а во правата половина на на следната година ќе се одржи редерендум н 12-те општини во северзападна Македониа за нивно припојување кон Косово-вели Шехтански.
Malku doobjasnuvanje za onie shto mislat deka se e unishteno ili sokrieno....

TAJNATA POLICIJA VO DEMOKRATSKA MAKEDONIJA ( 3 )

ВО КАНЏИТЕ НА БЕЛГРАД

По одржувањето на првите повеќепартиски избори, во ноември 1990 година, на 8 јануари 1991 се конституира првото повеќепартиско собрание на Социјалистичка Република Македонија (одредницата 'социјалистичка' ќе биде избришана дури во јуни 1991) и притоа ќе се избере Стојан Андов за прв претседател на парламентот, а на 27 јануари 1991, Собранието со мнозинство на гласови за претседател на државата ќе го избере Киро Глиговор. Поради познатите интриги и сплеткарења на СДБ и Глигоров за изигрување на ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на првите избори, иако со големо задоцнување, најпосле на 20 март 1991 ќе се избере и првата Влада на СРМ, на чело Никола Кљусев како премиер.
Со тоа, после пет месеци од завршувањето на изборите, конечно ќе се заокружи процесот на конституирање на носителите на законодавната и извршната власт, по што се наметна потребата да се изврши и соодветно уредување на организацијата и начинот на работата на т.н. пониски нивоа на власта, а во тие рамки и етаблирање на 'нова' Служба за државна безбедност. Според уставната поставеност на државната организација на власта, СДБ во тоа време формално правно влегува во делот на т.н. пониски ешалони на власта како орган на државната управа во состав на Министерството за внатрешни работи. Но, со оглед на реалната моќ на СДБ, јасно е дека интересот за контрола на овој 'невидлив' и таен центар на моќ, со доминантно влијание во севкупните процеси, е практично неспоредлив со другите државни органи од т.н. пониски ешалони на власта.
Во овој контекст, Глигоров и не ја крие заинтересираноста да ја има под целосна контрола СДБ. Прв чекор во оваа насока беше назначувањето на свој човек, кој ќе ја раководи тајната полиција, иако од формално-правен аспект претседателот нема ингеренции при назначувањето на нејзиниот раководител. Но, бидејќи во реалноста уставната поставеност на носителите на власта почнува полека да се изместува во корист на Глигоров, кој со тек на време ќе стане и доминантен центар на моќ во Македонија, тој на релативно лесен начин ќе ги издејствува посакуваните кадровски промени во СДБ и за прв човек ќе го постави Слободан Богоевски, како човек од негова најголема доверба.
Инаку, Богоевски во неодамнешното интервју за еден неделник ќе изјави дека во неговата работа имал извонредна помош од своите пријатели-припадници на разузнавачките служби од поранешна Југославија (читај КОС од Белград). Ако се има предвид фактот дека разузнавачките служби по природа се непријателски настроени и нивните погледи отсекогаш се свртени едни спрема други заради пермаменто меѓусебно шпионирање, без оглед на тоа што нивните држави се во добри пријателски односи, а во контекст на веќе пишуваното и за релациите на Глигоров со безбедносните структури во Белград, се дополнува сликата за природата на овие 'пријателски односи' со други служби. Дотолку повеќе што во тоа време Македонија и СРЈ барем формално се две засебни држави со свои 'посебни' служби за државна безбедност. Иако Богоевски несвесно открива одредена димензија на релациите со безбедносните структури од Белград, сепак познато е дека подсвеста е многу интересна работа и всушност преставува скриена вистина.
Значи, со промената во врвот на СДБ е остварена уште една етапа во стратегијата за непречено практицирање на власта од Глигоров, а останатото е само тактика и техника на постапување. Во таа насока, без никакви проблеми ќе биде пополнета оперативната хиерархија на тајната полиција, со назначување на посакуваните лица за раководители на клучните управи на службата, и кои безпоговорно ќе ги извршуваат доверените задачи. Истовремено процедурата за назначување на првиот човек на СДБ открива и друга интересна димензија. На општо изненадување, изборот на новиот потсекретар на државната безбедност консензуално ќе биде прифатен од сите политички партии без оглед на меѓусебните интриги, подметнувања, жестоки политички раправи и лични навреди и дискредитации во првиот македонски парламент.
Контроверзата е уште поголема ако се знае дека на севкупниот политички консензус ќе му се приклучи и Партијата за демократски просперитет, како единствена партија на албанското малцинство во тоа време. Ваквиот став на ПДП е уште поголемо изненадување ако се знае дека нивните пратеници имаа жестоки дискусии за мошне 'периферни' теми, а во случајов без поголем отпор се согласија за назначување на потсекретарот на СДБ, кој занаетот го учел и се обучувал во т.н. школа на КОС во Белград, а од друга страна познати беа нивните декларативни реакции и аверзијата на се што доаѓа од Белград. Врз одлуката на ПДП да се согласи со именувањето на новиот потсекретар силно влијание ќе има извесен А.Р. од село Арачиново, кој, пак, за возврат, со знаење на Глигоров и логиситиката од СДБ, ќе израсне во еден од најголемите бизнисмени со кафе алкохол и други акцизни стоки. Во знак на благодарност СДБ ќе му овозможи на ова лице од Арачиново непречено да прави огромни профити.
Но, откако во еден момент ќе се 'занесе' и ќе задржува за себе повеќе од дозволеното, веднаш ќе се реагира од страна на тајната полиција со ставање на овој 'бизнисмен' под оперативен третман, преку заведувањето на оперативната акција 'Златар'. Откако ќе се документираат потребните сознанија, спрема ова лице ќе биде применета мерката 'расчистување', по што работите повторно ќе се доведат во нормален тек и високите профити што ги остварува А.Р. продолжуваат пак да се делат на веќе договорените нивоа.
Откако Службата за државна безбедност ќе ја воспостави целосната контрола врз се што евентуално би можеле да продуцира несакани нарушувања во практикувањето на апсолутната власт на претседателот, Глигоров дава виза дека СДБ треба во својата работа да дејствува со сите оперативно-технички средства и мерки кои и стојат на располагање при секојдневното извршување на задачите во 'безбедносно-интересните' средини на теренот. Бидејќи позначајна 'безбедносно-интересна' средина претставува и ВМРО-ДПМНЕ, се заклучува дека е потребно нивно 24-часовно опсервирање, па речиси уште од самото основање партијата ќе биде под целодневен оперативен третман на СДБ.
Во оваа насока, потсекретарот го потпишува решението за заведување на ОА 'Дувло', во чии рамки ќе се примени тајно видеоснимање на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во таа смисла, во една од собите на Хотелот 'Турист' со поглед кон седиштето на партијата, ќе биде инсталирана камера за да ги регистрира секојдневните посетители во партијата и, следствено на ова, по претходна селекција и извршени оперативни обработки за селектираните лица, СДБ прави продор и врбување за соработка, најчесто на материјална и компромитирачка (заканувачка) основа. Новодобиените соработници се пласираат и вградуваат во структурата на 'противникот', во случајов ВМРО- ДПМНЕ. Првично, тајното видео снимање на седиштето на ВМРО- ДПМНЕ ќе биде одобрено како привремена мерка (7В), за подоцна да премине во трајно (9В).
Во овие петнаесетина години, оперативно-техничките средства и мерки се применувани врз огромен број граѓани, а познато е дека и тогаш и денес нивната примена во работата на СДБ се уште е противуставна, што значи дека во Македонија се вршени флагрантни прекршувања на човековите права гарантирани со Уставот. Притоа ниту еднаш не слушнавме некој за ова да побара одговорност. Башка што и раководството на хотелскиот синџир, во чиј состав е и 'Турист', не може без валиден судски налог да дозволи во своите простории инсталирање на технички средства, но за ова сепак постојат оправдани причини, бидејќи тоа е време во кое буквално сите се во една 'братска' разузнавачко-кодошка заедница.
По воспоставувањето целосна контрола врз т.н. внатрешен непријател, централата од Белград ќе побара од својот разузнавачки центар, СДБ во Македонија, да изврши прибирање на одредени разузнавачки податоци поврзани со дејствувањето на американската ЦИА и другите западноевропски служби кои дејствуваат на територијата на Македонија, бидејќи во тоа време овие разузнавачки служби на теренот се противници со 'нашата' СДБ и политичкото водство на Македонија кое се уште е на врска со северниот сосед
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
По се ова , изгледа дека “ дегенот“ Шехтански има право, барем во поголемиот дел од своите тврдења кои се однесуваат на значај на влијание на службите и нивната поврзаност со српските служби.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
По се ова , изгледа дека “ дегенот“ Шехтански има право, барем во поголемиот дел од своите тврдења кои се однесуваат на значај на влијание на службите и нивната поврзаност со српските служби.
Site koi ke chepnat okolu Srpskata uloga vo propasta na Makedonija vednash se pochesteni so : " дегенот" , ili " О бугар... па немој да се криеш бе...."
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Ќе дојде времето кога ќе се искорени српскиот елемент од Македонија.Веќе почна.Црвенковски почна да паѓа.
Дали на негово место треба да се врати вистинскиот и единствен бугарски елемент,или да измислиме македонски елемент?
А Христо?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Абе не заебаваЈ.:pos2:
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Ќе дојде времето кога ќе се искорени српскиот елемент од Македонија.Веќе почна.Црвенковски почна да паѓа.
Дали на негово место треба да се врати вистинскиот и единствен бугарски елемент,или да измислиме македонски елемент?
А Христо?
Со ова тврдење потврдуваш за присатност на српскиот елемент во контрола на Македонија ( макар во одминување, но не е сигурно, така?). И српскиот елемент го поврзуваш со Црвенковски. Но, Црвенковски е Претседател на Македонија, а не му гине ни лидерска позиција на СДСМ еден од двете најголеми партии во Македонија. Значи, по твоја логика српскиот елемент во Макеоднија и те како и во иднина ке биде присатен. Вториот дел од ставот ти е негирање на македонската нација и македонскиот идентитет, кој, нели, треба да да се измисли!?!? Навистина неверојатно. Од друга страна хипотетички го налагаш бугарскиот елемент, кој во Македонија, очевидно, нема почва. Проблемот на Македонија е српскиот матрикс а не вештачки создадената “ бугарштина“ која е алиби за борба против автентичниот македонизам, ослободен од српската контрола и доминација.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Со ова тврдење потврдуваш за присатност на српскиот елемент во контрола на Македонија ( макар во одминување, но не е сигурно, така?). И српскиот елемент го поврзуваш со Црвенковски. Но, Црвенковски е Претседател на Македонија, а не му гине ни лидерска позиција на СДСМ еден од двете најголеми партии во Македонија. Значи, по твоја логика српскиот елемент во Макеоднија и те како и во иднина ке биде присатен. Вториот дел од ставот ти е негирање на македонската нација и македонскиот идентитет, кој, нели, треба да да се измисли!?!? Навистина неверојатно. Од друга страна хипотетички го налагаш бугарскиот елемент, кој во Македонија, очевидно, нема почва. Проблемот на Македонија е српскиот матрикс а не вештачки создадената “ бугарштина“ која е алиби за борба против автентичниот македонизам, ослободен од српската контрола и доминација.
Христо, не ми одговори на прашањето.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Овој Шехтански мозок нема, партија има!!!
Отпрвин го мислев за малку поасолен човек ( ај, во ред тоа, за некакви српски служби) ама, штом и он тргнал да се занимава со буквата Ј...:uvo:
 
Член од
30 мај 2008
Мислења
830
Поени од реакции
27
Овој Шехтански мозок нема, партија има!!!
Отпрвин го мислев за малку поасолен човек ( ај, во ред тоа, за некакви српски служби) ама, штом и он тргнал да се занимава со буквата Ј...:uvo:
Toj raboti po necija direktiva,sigurno.Da go raznisa nacionalnoto tkivo vo Makedonija.Na Bugarija sekogas i bilo cel Makedonija,ili del od nea da ja prisvoji za svoja.Ako sme ludi neka go podrzime ova.E togas nema da ima drugi etnicki zaednici vo Makedonija,site ke bideme Bugari.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Овој Шехтански мозок нема, партија има!!!
Отпрвин го мислев за малку поасолен човек ( ај, во ред тоа, за некакви српски служби) ама, штом и он тргнал да се занимава со буквата Ј...:uvo:
Е, Каран,Каран. Тие “ некакви“ српски служби 60-ина години дрмаат во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom