Според Ванчо Шехтански лидер на ТМРО, преименувањето на Македониа во Македонија го направиле Киро Глигоров и другарите уште во 1945-та година, кога во азбуката е воведена српската буква “ ј “, па така наместо Македониа станавме Македониџа. Овој познат скопски адвокат, кој веќе 6 години е лидер на ТМРО, партија за која тој вели дека е наследник на организацијата ТМРО формирана во 1893-та, смета дека прашањето со името воопшто не е толку драматично како што сакаат да го прикажат некои политички кругови во Македонија, кои, всушност, се само марионети на старите разузнувачки и шпиунски структури во земјата.
-Во изминатите 17 години Македонија ја водат стари безбедносни структури. Тие потекнуваат од УДБА и КОС и се инсталирани во самиот врв на сите партии во државата. А дека Македониа а не Македонија, нема свој безбедносен систем се гледа и од фактот што за овие близу две децении самостојност нашите служби не открија ниту еден странски разузнувач, или, не дај Боже, српски шпиун или припадник на албанската ШИК. Се разбира, тоа и можеше да се очекува со оглед на тоа кој ги води безбедносните служби, а тоа се луѓе од типот на потпалувачи на американски знамиња, кршачи на џипови на ОБСЕ и сл. Тие никогаш нема да откријат дека Србија и Албанија имаат таен договор за поделба на Македониа, кој ќе биде помогнат од Грција и Бугарија., а под покровителство на ЕУ. Сите ќе добијат големи бенефиции врз грбот на Македониа, а Србија и Албанија згора на тоа ќе добијат и експресно членство во ЕУ. Со тој план, кој ТМРО успеа да го добие преку свои разузнувачки канали, на северниот дел од Косово наскоро ќе му биде дозволено да се приклучи на Србија, а за возврат Косово ќе го добие делот на Македониа од Куманово до Струга, кој потоа со референдум на населението веднаш ќе биде приклучено кон Албанија. Спорно е само како да се разграничи Скопје, но и на тоа засилено се работи-тврди Шехтански.
Според него, остатокот на Македониа според тајните мапи е доделена на Србија. Затоа и отаму во последно време се почесто не именуваат како БЈРМ, како што тоа почна да го практикува и Бугарија..
-Сето тоа треба да се заврши до крајот на следната година, за да се потврди Букурешкиот договор од сите земји потписници. Според нашите, партиски сознанија, до крајот на 2008-та Косово ќе ја зацврсти својата независност, а а во правата половина на на следната година ќе се одржи редерендум н 12-те општини во северзападна Македониа за нивно припојување кон Косово-вели Шехтански.