Книги кои ве натерале да плачете

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување
чекори за сеќавање дефинитивно...каква книга ауууу прочитајте ја
 
Дневникот на Ана Франк
 
Мене не ми текнува која книга ме расплаче (знам се има случено такво нешто), али знам дека ептен ме натажи Папата Јована коа ја прочитав.
 
Само Ликос ме има расплачено,многу добра книга,со многу трагичен крај :nesum:
 
Дневникот на една наркоманка , ја симнав од нет...Вистинска приказна за една девојка...
 
Ох, на Девојчето со две имиња, на Јадранка Владова, многу плачев, бев четврто одделение мислам...
Пуштив солзи на една смешна книгичка, се вика Симчо, од Велко Неделковски е, некој си социоаутсајдерски случај се обработува, ама многу некако ме трогна, пубертетлиски:)... Плачев на поезијата на Пабло Неруда, имам плачено на Марта како и секој основец...
Последно така тазе исплакано ми беше на Кујна од Лили Прајор, ептен ми влезе во срце хероината.. И Мадам Бовари ја жалев...:)
 
И јас на оваа имам плачено и на Добра земја од Перл Бак леле таа книга се скинав во плачење:toe:
 
„Децата од павловата улица„ друго потажно од неа е само јануарската сметка за струја.
Шала на страна, се сеќавам лектира ми беше во основно, многу тажен крај... кутриот Немечек.:(
 
само на овие сум плачела до сега : Марта, Чичко Горио, Дневникот на Ана Франк, „Commitments" , Парите се отепувачка и Печалбари - за последниве две најмногу плачев.
 
Дванаесетиот Ангел - многу тажна приказна
 
Не ми е страв од Николо Аманити, Игра со ѓаволот (заборавив од кој беше) и Папата Јована (заборавив од кој беше)
 
“Дневникот на Ана Франк“ и “Децата од Павловата улица“ и “Ова утро, одлучив да престанам да јадам“ и други не ми текнува, а сигурно има...
 
Чекори на сеќавање-Николас Спаркс
Страници за нашата љубов-Николас Спаркс
Порака во шише- Николас Спаркс
Читачот-Бернард Шлинк
 
Првпат на “Чичко Горио“ :icon_roll ,
“Џени Герхарт“ од Теодор Драјзер и на поезијата од Лермонтов...damn it :(
 
И јас имам плачено на пајажината на Клементина.И на Оливер Твист,таа книга најмногу ја сакам од детството.И на Дневникот на Ана Франк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom