Бидеќи мојата компанија беше една од изведувачите за монтирање на компјутерите, мислам дека 7 монитори се поврзуваат на еден компјутер, значи нема компјутер за секое дете. Инаку компјутерите се со линукс софтвер, и доколку се вгради некаков софтвер што верувам дека го има би можело да се изведува наставата.
Но моето мислење е дека ако компјутер за секое дете, значи буквално за секое пред себе да има монитор тастатура и глувче е нешто што е супериорна работа, тоа одамна би било воведено во САД, но тоа таму не е така. Таму компјутеризирани училници има, но сепак не се сите, не е финтата со сила да се протуркаат компјутерите, туку работата е учениците да учат на повеќе начини.
Јас повеќе преферирам учениците да учат да пишуваат повеќе на хартија отколку на тастатура, според мои очекувања - ако во целост се применуваат компјутерите - учениците нема никогаш да се научат да пишуваат, и плус како што увидов на клупите кои не се соодветни за овие работи, нема простор за ставање тетратка или пак да се пишува нешто на нив, а сметајте дека сите училници се опремени со компјутери и учениците шетаат од една во друга бидејќи повеќе не постојат класови со своја училница, туку кабинетска настава - по ходниците на секој одмор е гужва невидена како што ми кажуваа, а училниците се заклучуваат. Секој ученик седи на клупа според реден број, а не на пример со својот другар/другарка. Тоа е невидена катастрофа. Прашувајќи ме мене овој проект е катастрофа невидена и не предвидувам среќен крај.