Де бе стефан со она "кажи и кој е маж во куќи" па кажи и, глувци да не плашиш :wink:
На темава,морам да подржам еден факт,секој што ќе крене на рака заслужува да добие контра ударац.Ако жена се осмели да удри по партнерот,нека не очекува да ја галат за возврат,рефлексно ќе и ја залепат повратната.Никогаш не сум кренала рака на машко,не верувам ни дека ќе кренам од проста причина што се разбираме со збор.И кога се караме и кога урламе,сето тоа е со зборови,со аргументи,насамо.Несакам да се објаснувам пред народ,несакам да ми збори пред народ за приватни работи,има и место и време за карање,несакам едноставно никој да не гледа.
Но во спротивна ситуација,која досега не сум ја доживеала,некој да ми ја залепи во кавга или во обично несогласување,неверувам дека ќе оди после на две нозе.За последен пат ќе ме види кога ќе го кршат дел по дел.Моите не ме удриле,сигурно нема да преживеам некој кој ниту ми е крв да ме изнатепа оти незнае да се контролира.
Се се решава со збор,затоа сме луѓе,во спротивно ќе рикавме како магариња и ќе бревтавме како свињи.