Прва менструација

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Првата менструација е големо случување во животот на децојчињата кои тогаш преоѓаат во млади девојки ( ваљда така би требало да биде.. ама за кого како) .. Некои ја чекаат со нетрпение, некои не баш и толку ( тука спаѓам јас).. Некои се прилично информирани, некои слабо. За некого е тоа биг диал за некого шок...

како ја доживеавте или преживеавте првата менструација?
 
Јас добив ко бев 5 одд,на 11 години...скоро цел мој клас во исто време добивме...не ми беше ич страв,туку ми беше срам на мама да и кажам...и првите 3 дена собирав храброст да и кажам...ко ке ми текнит сеа шо смеење ми идат...
 
Првата менструација е всушност знак дека девојчето станало жена на некој начин и во минатото па и сега има големо значење за женскиот пол.
Порано женската менструација значела дека девојката е спремна за венчавка :)

Приметувам сега девојчињата првата менструација ја имаат на се помала и помала возраст. Не уништува новиот начин на живот и америчкиот батак.

Јас првата менструација ја имав на баксузен 13ти јуни на 13 години:) месец пред да наполнам 14. Памтам дека прв пат чудно ме болеше стомакот и ми дојдоа првите црвени денови. Мајка ми ми рече ај за арно за убаво :)
Не беше никаков шок, само малку нервоза ме фати што од тогаш ќе се мачам секој месец :)
 
мојата прва менструација беше 6то одд на 31 декември.... Цел клас девојчињата имаа добиено само јас не и имаа обичај да ми пукаат филмови како не ќе сум можела да имам деца штом немам добиено до сега...

и тој кобен ден требаше да славиме нова година друштвото од класот кај мене дома а во другата куќа требаше да слават моите со пријатели...
Станав сабајлето да докупам што требаше и гледам крв.. бре мајката си викам беља.. сум се скинала вчера пош паднав и се одрив во долниот предел:).. си отидов се истуширав и излегов во град.. цел ден поваму потаму и коа дојдов дома пак истото.. крв.. о ебате бељата, пош бев информирано девојче сфатив што е работата, добив.. и имав налет на шок и плачење, отидов кај мама таа ми реагираше најнормално ми даде влошки кои јас сепак немав срце да ги искористам.. и вечерта дојдоа друштвото и им кажуивам на девојчињата што е работата и почнаа да ме убедуваат дека треба да ставам влошка... стаив што стаиви ( уствари една другарка ми стави ) и се осеќав као во пелена и до ден денес мразам влошки ради тоа па уживам во благодетите на тампоните..

ама дефинитивно ми беше шок и сеуште се мразам кога имам добиено пм...
 
прва доби сестра ми, негде во 5то одд и се молев да не ми дојде толку рано.дали од молењето(yeah right, поверојатно до (не)зрелоста) ми дојде негде на крајот од 6то, памтам дека беше многу топло и на биологија учевме баш за тоа.ме кинеше стомакот, не ми беше јасно од што.кога дојдов дома:nesvest:
прво си викав, може ми пукнало некој капилар, од кај таква идеа незнам, најверојатно сакав да се утешам дека не е тоа тоа:toe:
ми беше многу страв, се убив од плачење и буквално се трескав од земја зошто мислев дека тие неколку дена нема да можам ништо да праам, ни да шетам ни ништо, туку ќе треба да одмарам и сл.
мајка ми ми покажа како се мести влошката, како да пресметувам кога ќе ми дојде наредниот пат и сл....ау колку беше тоа трауматично тогаш:pos2: првите неколку пати седев како здрвена, се плашев да мрднам да не ми протече, после се чувствував најнормално, како и секој обичен ден(добро, освен ретко кога имам прилично многу болки, а и влошките знаат да нервираат)

Бог да ги благослови Always, Libresse и Everyday, без нив ќе беше многу потешко(и вака е доволно тешко):pipi:
 
хммм беше тоа едно дамнешно утро :)
на 05.10 2 недели пред да наполнам 13
и тој ден имав физичко и се криев во вецето од девочињата во класот (кои веќе сите имаа) и кучките како да знаеја се собрале пред врата ме слушале како си ја менувам влошката и кога излегов... 15 фаци усмерени у мене... смеење тука а у.. знаете

сеа неам некои проблеми, не ме боле стомакот и тие 4-5 дена најбрзо ми минат....
 
Прв мензис на 20 август, неколу дена после мојот 13 роденден..Чистев во соба и таква занесена, почувствував дека ми се лизгаат капки низ нозе...Одвратно чувство, кое потоа го објавив со врисок, и на крај, со куп бинди(на татко ми називот за влошки) се среди ситуацијата...Мајка ми па, уште ми вика, да не сакаш благо да праам????:vozbud::uvo:
Реков не, и толку беше...После пркнаа цицки, и све ојде у к***ц...
 
Прв мензис на 20 август, неколу дена после мојот 13 роденден..Чистев во соба и таква занесена, почувствував дека ми се лизгаат капки низ нозе...Одвратно чувство, кое потоа го објавив со врисок, и на крај, со куп бинди(на татко ми називот за влошки) се среди ситуацијата...Мајка ми па, уште ми вика, да не сакаш благо да праам????:vozbud::uvo:
Реков не, и толку беше...После пркнаа цицки, и све ојде у к***ц...

ќешки мене да ми пркнеа некои цицки :)
после година дена ми пркна апетитот! и еве сеа се мачам последните 3кг да ги скинам
 
јас знам дека бев седмо за осмо,лето беше,и одам у вц и глеам црвено нешо на гаќите и одма се дерам “мамоооооооооо“
и дојде и јас цела испаничена “види,види..“
и почна да ми се смее,ми кажа дека е менструација,ми честиташе:tapp:(не знам зашо ми честиташе кога знаеше која мука е)

и со другарките појдов да купам улошки и идев од продавница у продавница барајќи женско продавач зш од машко ми беше срам,другарките ме убедуваа дека нема ништо срамно ама јас :nenene:

и на крај најдов продавачка со цеиот срам на свeтот и реков да ми ги спакува во хартија бела,и со другарките се договорив дека ако некој случајно не праша шо сме купиле да кажеме дека е кашкавал:pos2:

и така до ден денес кога идам по улошки им викам дек кашкавал купувам

се на се-ништо страшно...многу срамно...се навикнав ама се
уште го мразам:pipi:
 
Леле судниот ден,кој што го започна циклусот на хаотични периоди од мојов живот.
Добив јас баш кој бев на планина,кај што нема дуќан,а па за влошки да не зборам.Дента пиев кафе,и после неколку саати требаше да идам да се видам со симпатијата,возбуда у п.м. една година не сум го видела,и сеа пред да заминам си слагам у вц и кој ќе видам што ќе видам.Арно ама,не ми се веруваше дека ми дошло,и си мислев дека така ми се направило од кафето што сум го пиела дента :pos:
И после и кажав на мајка ми и она ме просветли,па честитање па ова она :pos: и улошка најдов од другарка ми,па после ми донесоја цело пакетче братучетките кој доаѓаа :)
Инаку,добив у 6то накај 7мо летото,и бев се скроз информирана,само пусти памет мој што не му се веруеше :)
И од тој ден до ден денес јас си имам смртни ПМС-и.
 
После 8мо... Летото... Во јули... Очекував да дојде кај и да е, така да не ми беше шок, нити биг диал и бев прилично добро информирана... И очекував после да немам месец, два... Али ми дојде на точно 28 дена :) Имам среќа што ништо не ме боли пред или додека трае :)
 
Леелее жени го знаат датумот кога добиле, јас појма немам. Свесна бев дека ќе се деси, не ме маваа шокови, само и кажав на мајка ми и тоа. Не ми беше нешто уау дешавката. И тоа на почетокот нити ме болеше стомак ни ништо. Сега за греота сум, умирам од болки, ебате животот и муките.
 
Беше тоа одамна, едно неделно утро 29.4.2001.... (ваљда). 5 одд бев..
Спиев со спаваќица, топло беше, и се будам сабајлето одам веце, ко глеам :nesvest: Сама бев, отидов у соба и ко сум фатила едно рикање ко мрдната :pos: Легнав на земја и на цел глас плачев... Зошто сегааа, зошто менеее, не сакааам :pos: Потоа со плачење и се јавив на баба ми, таа па заплаче од радост -.- .
Па и се јави на брачедами која живее во близина и као поголема демек дојде дома а јас цела усрамена не ни мрдав...не сакав влошка да стам..ај некако ме убеди, па, ја викнав другарка ми едвај и кажав и неа, дознаа мама и тато си добив пари -.- :pos: Не ми траеше многу, нити ме болеше стомак, исто и сега. Ретко се дешава да ме боли стомак.
 
Прв пат добив менструација едно 20-тина дена пред да правам 13 години, мислам дека беше 15 август, ама не сум баш сигурна. Многу гадно ме болеше стомак утрината, дури и чудно ми стана затоа што дотогаш немав такви болки. Бев во продавница, од што ме болеше стомак не можев ни да се наведнам по сокот, па се вратив дома се напив аналгин. Си отидов по 2-3 минути во WC најнормално и се видов поцрвенета. Знаев што може да биде, мајка ми ми имаше објаснето одамна, дека е тоа сосема нормално и нема зошто да се плашам. Откако ми прекина возбудата ми стана мака што ќе морам долги години да се справувам секој божји месец со црвените денови. Не беше многу драматично како членките над мене.:icon_lol:
Инаку не ми трае многу, 3 до 4 дена максимум, втор пат добив по 2 месеца, па потоа по 3 месеца и оттогаш се зареди секој месец:)
Ама не знам дали дека сум спортистка или од којзнае што е, не ми доаѓа никогаш на редовна дата ниту на 28 дена. Често знае да ме изненади:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom