Безусловна љубов

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Да бидеме реални, во вакво сурово време како ова во кои живееме и најмала тронка на вистинска љубов тешко се јавува, а не пак безусловна.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Безрезервна љубов. Дали постои?

Дали верувате дека постои безрезервна љубов?
Да можете да сакате без да очекувате ништо ама баш ништо за возврат?

Јас лично не верувам во такво нешто. Сметам дека без разлика на се, колку и да сакаме некого-секогаш очекуваме нешто за возврат.
Дали било тоа возвратена љубов или самиот алтруистичко-егоистички факт дека сакаме некого и му пружаме се, сепак, има некоја причина зашто ја сакаме таа личност.

Ваши ставови?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Па и да ти ја прифатат љубовта значи дека добиваш за возврат нешто. Ретко па и можеби не постои, колку и да мислиш, безрезервна љубов зашто и најмалата работа која ке ја добиеш од личноста е нешто за возврат.
 
M

marsovka

Гостин
самиот алтруистичко-егоистички факт дека сакаме некого и му пружаме се, сепак, има некоја причина зашто ја сакаме таа личност.
Прашање. Сакаш да кажеш дека еготрип им е на тие што сакаат безусловно а љубовта не им е возвратена?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Таква љубов има само кон родител и дете,брат и сестра.Кон човек кој не ти е крв,нема безрезервност,се се плаќа,се се враќа:)Ако некој рече поинаку,тој или моментално добил клоца од партнерот или никогаш не бил во врска.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Доколку е изолирана од влијанието на се останато само можеби. А во реалноста каде се појавува и егзистира во корелација со останатите чувства, личности и целокупното општество со сите сегменти не. Затоа постојат филмови да видиме како таа изгледа.. :tv:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Сум забораила да реплицирам тука.
сори, скјузми...
Прашање. Сакаш да кажеш дека еготрип им е на тие што сакаат безусловно а љубовта не им е возвратена?
Па...да.
Зашо веруваат во тоа дека они даваат се за некој друг.
Дека другите ги ставаат пред себе и не се себични(иако алтруизмот сам по себе го сметам за егоистичен чин)
Сепак, ко шо реков, не верувам дека има такво нешто ко безусловна љубов.

Таква љубов има само кон родител и дете,брат и сестра..
Не би се согласила.
Дури и тие, најблиските, очекуваат нешто од тебе.
Родителите очкуваат да бидеш мирно дете, да носиш добри оцени, да им бидеш гордост, да ги сакаш какви што се(и полкрај тоа што ти се дерат, те казнуваат итн),да одиш по некој прав пат, и секако, кога ќе бидат стари-да ги чуваш, односно да им се оддолжиш за тоа дека те чувале цел живот.
Значи сепак-има очекување=нема безусловна љубов.
И да, знам дека е сурово ова, ама за жал, така е.
Освен тоа, има родители што ги оставаат децата во домови, што ги малтретираат на разни начини(и психички и физички) или ги абортираат..
Каде е тука безусловната љубов?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не би се согласила.
Дури и тие, најблиските, очекуваат нешто од тебе.
Родителите очкуваат да бидеш мирно дете, да носиш добри оцени, да им бидеш гордост, да ги сакаш какви што се(и полкрај тоа што ти се дерат, те казнуваат итн),да одиш по некој прав пат, и секако, кога ќе бидат стари-да ги чуваш, односно да им се оддолжиш за тоа дека те чувале цел живот.
Значи сепак-има очекување=нема безусловна љубов.
И да, знам дека е сурово ова, ама за жал, така е.
Освен тоа, има родители што ги оставаат децата во домови, што ги малтретираат на разни начини(и психички и физички) или ги абортираат..
Каде е тука безусловната љубов?
Токму тие родители ќе те сакаат исто и да бидеш немирно дете,да носиш единици,да одиш на полагање,да не сакаш да студираш,да се оставиш со мажот,да забремениш и да немаш партнер,да им се развикаш пред излегување,да ги сместиш во дом,да ....
Очекувањата не значат услов за љубов.Може да очекуваат и да бидеш дел од НАСА но сепак ќе те сакаат исто и да не бидеш.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Јас колку што го разбирам зборот „безусловно“, не трпи во било каква форма „ама...“.
Самото тоа што „институција“ родител или дете е неменлива категорија многу лесно се врзува со безусловно.
Се друго, колку и поразително да изгледа функционира само со одредени параметри.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Не постои безусловна љубов.

Некој дал ваква дефиниција: љубов е која желбата на двајца да бидат заедно ја надминува потребата на тие двајца да бидат заедно.

Значи, тоа е единствениот услов за вистинска љубов, кој не може да се објективизира. Сè друго е договор.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Терминот безусловна љубов треба да се релативизира. Ако буквално се свати нема такво нешто.

Дури и родителската љубов не е безусловна затоа што ако детето е манијак, сериски убиец, педофил, ги млати родителите кога и со што ќе стигне, ја силува сестра му дали родителите и покрај тоа безусловно ќе го сакаат? Можеби, под услов ако се тотално ментално изреметени! Нема безусловна љубов!

Ако се релативизира терминот тогаш може да има такво нешто и не само кај дете родител. Можно е некого да сакаш а да не ти е возвратено но ако таа личност многу ја цениш а и таа тебе тогаш е можно да ја сакаш и понатаму но не по цена да си го упропастиш или жртвуваш животот заради љубовта кон неа/него. Тоа веќе не би била љубов туку глупост.
 
S

smart ass

Гостин
Сум забораила да реплицирам тука.
сори, скјузми...

Па...да.
Зашо веруваат во тоа дека они даваат се за некој друг.
Дека другите ги ставаат пред себе и не се себични(иако алтруизмот сам по себе го сметам за егоистичен чин)
Сепак, ко шо реков, не верувам дека има такво нешто ко безусловна љубов.


Не би се согласила.
Дури и тие, најблиските, очекуваат нешто од тебе.
Родителите очкуваат да бидеш мирно дете, да носиш добри оцени, да им бидеш гордост, да ги сакаш какви што се(и полкрај тоа што ти се дерат, те казнуваат итн),да одиш по некој прав пат, и секако, кога ќе бидат стари-да ги чуваш, односно да им се оддолжиш за тоа дека те чувале цел живот.
Значи сепак-има очекување=нема безусловна љубов.
И да, знам дека е сурово ова, ама за жал, така е.
Освен тоа, има родители што ги оставаат децата во домови, што ги малтретираат на разни начини(и психички и физички) или ги абортираат..
Каде е тука безусловната љубов?
каде приметуваш егоизам во алтруизмот.

ма нема ниту Е од егоизам:jaj:аххх

инаку постои безусловна љубов а таа е од страна на родителите,се разбира дури и при нарушени односи(сегде ги има) не велат џабе родител не мисли лошо.

таа е безусловната дефинитивно.

а за партнерка и овде постои но во зависност од концептот односно подразбирањето,ако со партнерката сте едно тогаш љубовта е безусловна кога поглед е доволен за да каже 100 збора...овие ретки се но и најчесто успеваат и да си бидат верни а и ретко да си ги вадат очите-како што прават многу парови.

всушност па прифаќањето на мааните на партнерката е доказ за безусловноста....ама нели има граници сепак:)

Јас колку што го разбирам зборот „безусловно“, не трпи во било каква форма „ама...“.
Самото тоа што „институција“ родител или дете е неменлива категорија многу лесно се врзува со безусловно.
Се друго, колку и поразително да изгледа функционира само со одредени параметри.
точно затоа и зависи концептот на подразбирање на таа 'безусловност'

бидејќи и таа има граница
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Само дете-родител и обратно! Ама обратното е со прашалник :D
Мислам.... може и родителите да се повампират :) ама децата не. (зборам за малечки деца до 5-6 години)

Колку да ги искараш, или што лошo и да им направиш (?) (зборам за нормален однос дете-родител не за настраности) кога ќе се насмееш тие забораваат во секунда. Таа љубов не е заслужена, добиена, заработена, условена. Едноставно постои, без никаков услов!
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Морам да се дополнам себеси...
Освен наведената безусловна љубов помеѓу родител-дете, брат-сестра, постои и во врски, дефинитивно! Проблемот кај нив е времетраење на безусловноста!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom