Одлуки на Дисциплинска комисија од ден 23.03.2011
Не бе овие стварно не се нормални!:nesvest:
- НЕ СЕ поведува дисциплинска постапка против Стојкоски Маријан, представник на Ф:К 11 Октомври, Здравески Никола Шеф на стручен штаб на 11 Октомври и судијата Стевков Симеон, на натпреварот Ф.К Беласица-Ф.К 11 Октомври поради тоа што на соочувањето извршено на 23.03.2011 , комисијата утврди дека нема основ за понатамошна постапка,
бидејќи овој вербален дуел се случил во афектна состојба, па поради тоа истите се помирија.
Значи остај шо ги надминаа сите граници во Македонскиот Фудбал со глупостите шо ги праат, туку поставуваат и недостижни граници за истото!
ЕДИТ::::::::::::
Како контра на истото од истио дисциплински извештај!
- СЕ ПОВЕДУВА дисциплинска постапка против Канбери Инает представник на Ф.К Влазними од Струга поради тоа што е отстранет од терен во 64 мин на натпреварот со Охрид Лоте, поради неспортско однесување истиот СЕ СУСПЕНДИРА до донесување на одлука на Дисциплинската комисија при ФФМ. Се задолжуваат делегатот и Главниот судија на овој натпревар да достават писмена изјава во рок од 3(три)дена.
- СЕ ПОВЕДУВА дисциплинска постапка против тренерот на Ф.К Охрид Лоте Буџакоски Благојче поради тоа што бил отстранет од терен на натпреварот со Ф.К Миравци во 44 мин поради неспортски однос кон првиот помошен судија. Истиот се суспендира до донесување на конечна одлука, а се задолжува во рок од три дена да достави писмена изјава,
Е ај сеа де објаснете ми де?:pos2::pos2:
--- надополнето ---
И уште ова да го додадам!
- Тренерот на Ф.К Шкендија Ерхан Селими отстранет од терен во 87 мин на натпреварот со Ф.К скопје поради неспортско однос
(Влегување во обележаниот дел на теренот) СЕ КАЗНУВА на вршење на секаква функција во фудбалскиот спорт со 2(два) првенствени или куп натпревари. Согласно член 36 од ДП казната тече од 13.03.2011
Значи овие му од 11 октомври му се заканиле по животот каде судијата кажа дека ке си покрене и тужба против истите................ а овие тројца е тие не се од браншата на Дон Хари!:kesa: