ФФМ и официјално го доби Сертификатот за квалитетно менаџирање
Четврток, 27 Јануари 2011 14:46
Денеска во просториите на ФФМ, претставникот на фирмата СГС од Белград, Маринко Укропина на генералниот секретар Игор Климпер му го врачи сертификатот ИСО 9001 за квалитет во работата на федерацијата.
Според зборовите на директорот за менаџирање на СГС- Укропина , ФФМ е само третата федерација во светот што се здоби со ваков сертификат по Шкотска и Англија, а деновиве стартуваше со активности светскиот првак Шпанија.
ФФМ доби сертификат ИСО 9001:2008 во врска со QMS (Квалити менаџмент систем ) што значи подобрување на услугите од страна на генералниот секретаријат кон нејзините крајни корисници. Овој сертификат е од големо значение за ФФМ и ќе придонесе да се зголеми конкурентноста во однос на поголемите федерации при добивањето на проекти и настани и поголема одговорност во извршувањето на обврските кон нашите принципали , УЕФА , ФИФА, како и нашата држава.
Со добивањето на овој сертификат , ФФМ не застанува тука и секојдневно ќе работи на подобрување на услугите , како и пренесување на квалитететен менаџмент систем на нејзините членки (Општински фудбалски сојузи и клубови) –изјави генералниот секретар Игор Климпер.