Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
П

Паспарту

Гостин
Па зарем мислите дека ако трансферот на Стефан чинеше 1 милион евра, тие пари ќе ги видеше Вардар како фудбалски клуб!? Абе некои "стручњаци" очи ќе си извадат за прашокот за перење, а не па да има легнато на сметката на Вардар 1 милион евра :) Така ќе биде се додека анонимуси ни го водат фудбалот и клубовите во Македонија, ние за жал не знаеме да земеме пари од големите таленти, слично како што охриѓани не знаат да земат пари на туристи...

Турново и да остане во прва лига, следната година ќе биде ист како Милано во есенскиот дел, ќе играат со младинци, ќе примаат минимум по 4-5 гола на натпревар, а ффм ќе им плаќа гостувања и судии само за да биде "регуларно" првенството. За Ренова кажав и порано, куртон-клуб за една употреба, после освоената овогодишна титула максимум уште една сезона ќе бидат во комбинација, после ќе пропаѓаат како лајно во шоља...

Како-така се приближи првенствово до крај, искрен да бидам не очекувам ниту една екипа да го помине првото коло (претквалификациско) во Европа, премногу слаби се тимовите за таков подвиг, подвиг со кој ќе победат екипа од Ирска или Луксембург, за жал...
 
Z

ziko bt

Гостин
„Кожувчанка“ ќе биде спонзор на Лигата?

Ново спонзорско име кај ФФМ е „Кожувчанка“ за која се најавува дека во иднина може да биде промовирана како официјален спонзор на Лигата, нешто што од поодамна го посакуваат водечките луѓе на федерацијата. Но не се знае какво ќе биде спонзорството на „Кожувчанка“ - дали таа директно со финансиски средства ќе го помага фудбалот, или ќе донира големи количества од своите производи на македонските клубови.

ФФМ од одамна најавува дека генералниот спонзор на Лигата треба да ги плаќа официјалните лица на натпреварите (судии, делегати, контролори), со цел да се намалат трошоците на клубовите, кои на годишно ниво за тоа даваат десетина илјади евра, или севкупно, околу 120.000 евра за сите екипи.

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Жално е што не се инвестира во нашиот фудбал...се надевам дека ќе дојдат и подобри времиња и ќе се радуваме на успех на некој наш тим во Европа.Има уште долго да сонуваме за тоа...првин нашата репрезентација на отиде на некое натпреварување:pos2:
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
„Кожувчанка“ ќе биде спонзор на Лигата?

Ново спонзорско име кај ФФМ е „Кожувчанка“ за која се најавува дека во иднина може да биде промовирана како официјален спонзор на Лигата, нешто што од поодамна го посакуваат водечките луѓе на федерацијата. Но не се знае какво ќе биде спонзорството на „Кожувчанка“ - дали таа директно со финансиски средства ќе го помага фудбалот, или ќе донира големи количества од своите производи на македонските клубови.

ФФМ од одамна најавува дека генералниот спонзор на Лигата треба да ги плаќа официјалните лица на натпреварите (судии, делегати, контролори), со цел да се намалат трошоците на клубовите, кои на годишно ниво за тоа даваат десетина илјади евра, или севкупно, околу 120.000 евра за сите екипи.

Is this true.....am i dreaming????:icon_eek:

Зар стварно некој до нашата ФФМ го размислува ова!:vozbud:
Се израдував дури на самата посмисла дека некој воопшто му дошло на УМ за вакво нешто!:smir:
 
П

Паспарту

Гостин
„Кожувчанка“ ќе биде спонзор на Лигата?

Ново спонзорско име кај ФФМ е „Кожувчанка“ за која се најавува дека во иднина може да биде промовирана како официјален спонзор на Лигата, нешто што од поодамна го посакуваат водечките луѓе на федерацијата. Но не се знае какво ќе биде спонзорството на „Кожувчанка“ - дали таа директно со финансиски средства ќе го помага фудбалот, или ќе донира големи количества од своите производи на македонските клубови.

ФФМ од одамна најавува дека генералниот спонзор на Лигата треба да ги плаќа официјалните лица на натпреварите (судии, делегати, контролори), со цел да се намалат трошоците на клубовите, кои на годишно ниво за тоа даваат десетина илјади евра, или севкупно, околу 120.000 евра за сите екипи.
Се надевам не се до толку идиоти за болдираново, на нашиве клубови им требаат пари, а не минерална вода... Сосема ок би било главниот спонзор да ги плаќа судиите, а кисела вода на трибини продаваат :)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Шампионска промоција на Ренова!!!
*"Ренова е новиот шампион, но ние ќе дадеме с$ од себе да ја одложиме нивната промоција, па не мора токму кај нас да прославуваат" вели Дарко Трајчев
*"Сакаме триумф, сакаме три бода. Што и да се случи денес во Битола, ние одиме на победа во Кратово", изјави Агрон Мемеди

На три кола пред крајот на шампионатот Ренова може и официјално да ја прослави својата прва титула. Математиките се следните, ако Работнички денеска во Битола загуби тогаш с$ е готово, тогаш на "гипсарите" во Кратово не им треба ниту бод. Во случај на реми или триумф на "романтичарите" тогаш Ренова исто така на гости кај Силекс ќе мора да игра реми или да победи. Значи големи се шансите в недела Македонија да го добие својот нов фудбалски владетел. Па така "гипсарите" ќе се вбројат меѓу екипите на Вардар, Силекс, Слога Ј, Победа, Работнички и Македонија ЃП како државни прваци.
Но за ова се прашува и Силекс. Кратовци имаат и тоа какви мотиви в недела да одиграат најдобро што знаат и умеат и колку толку да им се реваншираат на "гипсарите" за есенската бламажа од 0:5. Исто така момците на тренерот Ане Андовски посакуваат да го продолжат трендот на квалитетни игри и победи со најдобрите екипи, почнат минатото коло со Работнички во Скопје.
"Ренова е новиот шампион. Тука веќе нема никакви дилеми. Но ние ќе дадеме с$ од себе да ја одложиме нивната промоција. Па не мораат токму кај нас да ја прославуваат својата прва титула. Можеби ќе биде подобро да се знаат работите уште денеска, тука мислам ако Работнички загуби во Битола, па така на Ренова да & честитаме пред средбата, а потоа да ја победиме. Верувам дека 'гипсарите' нема да имаат ништо против. Инаку, ние сме максимално подготвени, нашата игра е во нагорен тренд. Покажавме со Работнички дека знаеме како да играме со најдобрите екипи во Лигата. Играме дома, пред своите навивачи и лично посакувам да ги израдуваме и со добра игра и со победа. Нека уживаат во едно неделно фудбалско попладне. Немаме повредени и казнети, ако тука не го сметаме Лампевски, кој одамна е надвор од комбинација. Значи ќе можеме да истрчаме во нашиот најдобар состав", ни изјави младиот играч за врска на Силекс Дарко Трајчев, инаку син на некогашниот репрезентативен голман Кире Трајчев.
Без разлика што ќе се случи денес на дуелот Пелистер - Работнички, Ренова во Кратово најавува максимална борбена игра и битка за три бода. Како што велат од таборот на тетовскиот тим, не сакаат никој во нивно име да ја заврши работата. Напротив, како досега, така и в недела ќе одат на три бода со цел во голем стил да ја освојат првата шампионска титула. Иако ова не е клучниот меч за нив, и иако доколку не биде решено с$ овој викенд, ќе имаат можност за поправен, сепак, од таборот на Ренова најавуваат дека во Кратово ќе отпатуваат по трите бода.
"Навистина може да се случи и денес да ја освоиме титулата доколку Работнички загуби или одигра реми против Пелистер. Но ние посакуваме три бода во Кратово. Сакаме ние сами да си ја завршиме работата. Сакаме да го совладаме Силекс и да ја прославиме титулата. Точно е тоа дека ако не сега тоа може да го направиме идниот викенд, но сакаме што е можно порано да ги решиме сите дилеми. Како на дуелот в недела со Силекс, така до крајот на сезоната ќе играме максимално сериозно. На секој меч ќе одиме на победа бидејќи играме за нашиот рејтинг, играме за клупските бои, а секако и за премии", вели еден од најстандардните фудбалери во составот на Костов, Агрон Мемеди.
З. Ѓоршоски
Е. Растодер

ДЕРБИ НА 28. КОЛО
СИЛЕКС - РЕНОВА
Стадион на Силекс во Кратово. Капацитет: 4.500. Почеток: недела, 16:30 часот. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Помошници: Марјан Кировски и Александар Величковиќ (Скопје).
СИЛЕКС: Божиновски, Петров, Мишовски, З. Бошковски, Ѓорѓиев, Д. Трајчев, Темелков, В. Трајчов, Глигоров, Нацев, Марковски.
Тренер: Ане Андовски.
РЕНОВА: Ковачевиќ, Мемеди, Деспотовски, Стојанов, Статовци, Гаши, Нухиу, Емини, Тодоровски, Али, Толески
Тренер: Влатко Костов.

ПОСЛЕДНИ ПЕТ НАТПРЕВАРИ
РЕНОВА - СИЛЕКС 3:1
СИЛЕКС - РЕНОВА 0:5
РЕНОВА - СИЛЕКС 2:2
СИЛЕКС - РЕНОВА 1:1
РЕНОВА - СИЛЕКС 0:0

АНЕ АНДОВСКИ:
Со добра тактика до добар резултат
Стратегот на Силекс верува во своите избраници и потенцира дека во овој натпревар, кој е дерби на колото, неговите момци ќе можат да пружат двапати по ред добра партија. Тука ја смета победата над Работнички во минатото коло.
"Ренова ја респектираме. Оваа екипа е новиот шампион и тоа мора да се почитува. Но јас се надевам дека ќе изнајдеме соодветна тактика за што порамноправно да & се спротивставиме. Ќе играме своја игра и веруваме во добар резултат".

Силекс две годни без триумф
Силекс веќе цели две години нема победа над Ренова. Без разлика дали натпреварите се играат во Кратово или во Тетово. Последен пат кратовци ги совладале "гипсарите" на 11.05.2008 на свој терен и тоа со 3:0. На последните пет средби Ренова двапати славела, а трипати било нерешено. Гол разликата е 11:4 за Ренова.

Сe уште "печат" есенските 0:5
Кратовци с$ уште ги "пече", и тоа како ги боли онаа катастрофа од Ренова во есенскиот дел. На 18 октомври Силекс го има доживеано највисокиот пораз како домаќин во својата прволигашка историја. Тогаш "гипсарите" среде Кратово Победија со 5:0, а можеа да постигнат уште толку.
"Едно е јасно, може с$ да се случи, но таков убедлив пораз 200% нема да се случи. Тоа се случува еднаш во 100 години", дополнува Трајчев.

ВЛАТКО КОСТОВ:
Нема опуштање
"Секако дека уште денес може с$ да биде познато, но искрено ние сакаме со триумф да се вратиме од Кратово. Максимално сериозно, како на секој меч, ќе играме и на мечот со Силекс. Без разлика дали в недела ќе ја обезбедиме титулата, до крајот на сезоната ќе играме на победа на секој меч. Ќе се потрудиме да ја задржиме мотивацијата кај фудбалерите за да во голем стил ја завршиме најуспешната сезона", вели Костов.

"Гипсарите" со најсилниот состав
Нема да има калкулации во составот на Ренова. Тренерот Влатко Костов за во Кратово ги најавува најдобрите единаесетмина. За овој меч се враќа и Благоја Тодоровски, кој го пропушти дуелот со Милано поради три жолти картони. Костов ги има на располагање сите сили, а воедно најави дека ќе го постави најсилниот состав.
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
ова боли....селски тимови стануваат шампиони, а ВЕЧНИТЕ се борат за опстанок...

Но како и да е ... ВЕЧНИТЕ че преживеат...

На ПОБЕДА че и помини казната за 8 години, а дали ренова тогаш че постои?!?!?!?!?
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
ова боли....селски тимови стануваат шампиони, а ВЕЧНИТЕ се борат за опстанок...

Но како и да е ... ВЕЧНИТЕ че преживеат...

На ПОБЕДА че и помини казната за 8 години, а дали ренова тогаш че постои?!?!?!?!?
http://www.ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=785:2010-05-03-11-26-26&catid=47:2009-03-19-21-17-16&Itemid=78&lang=mk

8 години забрана за играње у МакЛига...толку од Победа :/
 
П

Паспарту

Гостин
Живо срање... Па кој ќе игра фудбал во Македонија!? Ренова, Шкендија, Турново и Цементара? Мислете што сакате, но Вардар, Победа и Пелистер се 90% од фудбалот во Македонија, доколку ги нема овие клубови, ќе нема ни фудбал во државава (па ни ваков мизерен каков што е сега).
 
P

PoisonLady

Точно!
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
FFM напиша:
1. ФК "Победа" – Прилеп се суспендира од натамошното натпреварување во првенствата на Република Македонија под раководство на ФФМ во период од 8 (осум) години почнувајќи од натпреварувачката 2009/2010 година.

2. Натпреварите кои екипата на ФК "Победа" – Прилеп ги одигра во првиот и вториот круг на натпревари од натпреварувачката 2009/2010 година остануваат со постигнатите резултатите, додека во наредните натпревари (29, 30 и 31 коло) фудбалскиот клуб кој треба да одигра натпревар со ФК "Победа" – Прилеп натпреварите ќе ги добива со службен резултат 3 : 0, а согласно член 60 точка 2 став 3 од Правилникот за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија.

3. Добиените опомени и казнени мерки остануваат да важат сe до крајот на првенството за фудбалерите и службените лица кои настапувале за суспендираната екипа и за екипите кои настапувале против суспендираната екипа, а согласно член 25 став 2 од Пропозициите за натпреварување во првата лига во натпреварувачката 2009/2010 година.
Значи, какви индолентни фаци ни го водат фудбалот, невидено. Ако добро читам, Победа е казнета осум години да игра на ливада со другари, ама не во прва лига, само зашто некој од УЕФА го кажал истото за Европа. Па ако кажат дека Платини му го испушил на Блатер, Хари ќе му го лапне ли на Милан Спирковски? :toe:

Не дека нешто ја сакам Победа, ама да се исклучи Победа е сработа, резил. Прво со сила прваци беа, па сеа ги исклучуваат од лига... Хорор комедија јеботе...

За Шкендија, исто, овие од Еуфа биле тужи баби, им рекле дека Шкендија не почитувала таму не знам што и овие зимање 6 бода, таман за бараж да мораат да играат, да не се пласираат у прва лига. Среќа шо некој не платил да им земат 16 бода, па да се чешаат.
 
Во овој случај само Напредок ќе игра бараж против Милано, а Скопје, Брегалница и Шкендија директно ќе влезат во прва лига... :)
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Во овој случај само Напредок ќе игра бараж против Милано, а Скопје, Брегалница и Шкендија директно ќе влезат во прва лига... :)
Ништо не се менува......само “Шампионот на Втора Лига“!:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom