Шампионска промоција на Ренова!!!
*"Ренова е новиот шампион, но ние ќе дадеме с$ од себе да ја одложиме нивната промоција, па не мора токму кај нас да прославуваат" вели Дарко Трајчев
*"Сакаме триумф, сакаме три бода. Што и да се случи денес во Битола, ние одиме на победа во Кратово", изјави Агрон Мемеди
На три кола пред крајот на шампионатот Ренова може и официјално да ја прослави својата прва титула. Математиките се следните, ако Работнички денеска во Битола загуби тогаш с$ е готово, тогаш на "гипсарите" во Кратово не им треба ниту бод. Во случај на реми или триумф на "романтичарите" тогаш Ренова исто така на гости кај Силекс ќе мора да игра реми или да победи. Значи големи се шансите в недела Македонија да го добие својот нов фудбалски владетел. Па така "гипсарите" ќе се вбројат меѓу екипите на Вардар, Силекс, Слога Ј, Победа, Работнички и Македонија ЃП како државни прваци.
Но за ова се прашува и Силекс. Кратовци имаат и тоа какви мотиви в недела да одиграат најдобро што знаат и умеат и колку толку да им се реваншираат на "гипсарите" за есенската бламажа од 0:5. Исто така момците на тренерот Ане Андовски посакуваат да го продолжат трендот на квалитетни игри и победи со најдобрите екипи, почнат минатото коло со Работнички во Скопје.
"Ренова е новиот шампион. Тука веќе нема никакви дилеми. Но ние ќе дадеме с$ од себе да ја одложиме нивната промоција. Па не мораат токму кај нас да ја прославуваат својата прва титула. Можеби ќе биде подобро да се знаат работите уште денеска, тука мислам ако Работнички загуби во Битола, па така на Ренова да & честитаме пред средбата, а потоа да ја победиме. Верувам дека 'гипсарите' нема да имаат ништо против. Инаку, ние сме максимално подготвени, нашата игра е во нагорен тренд. Покажавме со Работнички дека знаеме како да играме со најдобрите екипи во Лигата. Играме дома, пред своите навивачи и лично посакувам да ги израдуваме и со добра игра и со победа. Нека уживаат во едно неделно фудбалско попладне. Немаме повредени и казнети, ако тука не го сметаме Лампевски, кој одамна е надвор од комбинација. Значи ќе можеме да истрчаме во нашиот најдобар состав", ни изјави младиот играч за врска на Силекс Дарко Трајчев, инаку син на некогашниот репрезентативен голман Кире Трајчев.
Без разлика што ќе се случи денес на дуелот Пелистер - Работнички, Ренова во Кратово најавува максимална борбена игра и битка за три бода. Како што велат од таборот на тетовскиот тим, не сакаат никој во нивно име да ја заврши работата. Напротив, како досега, така и в недела ќе одат на три бода со цел во голем стил да ја освојат првата шампионска титула. Иако ова не е клучниот меч за нив, и иако доколку не биде решено с$ овој викенд, ќе имаат можност за поправен, сепак, од таборот на Ренова најавуваат дека во Кратово ќе отпатуваат по трите бода.
"Навистина може да се случи и денес да ја освоиме титулата доколку Работнички загуби или одигра реми против Пелистер. Но ние посакуваме три бода во Кратово. Сакаме ние сами да си ја завршиме работата. Сакаме да го совладаме Силекс и да ја прославиме титулата. Точно е тоа дека ако не сега тоа може да го направиме идниот викенд, но сакаме што е можно порано да ги решиме сите дилеми. Како на дуелот в недела со Силекс, така до крајот на сезоната ќе играме максимално сериозно. На секој меч ќе одиме на победа бидејќи играме за нашиот рејтинг, играме за клупските бои, а секако и за премии", вели еден од најстандардните фудбалери во составот на Костов, Агрон Мемеди.
З. Ѓоршоски
Е. Растодер
ДЕРБИ НА 28. КОЛО
СИЛЕКС - РЕНОВА
Стадион на Силекс во Кратово. Капацитет: 4.500. Почеток: недела, 16:30 часот. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Помошници: Марјан Кировски и Александар Величковиќ (Скопје).
СИЛЕКС: Божиновски, Петров, Мишовски, З. Бошковски, Ѓорѓиев, Д. Трајчев, Темелков, В. Трајчов, Глигоров, Нацев, Марковски.
Тренер: Ане Андовски.
РЕНОВА: Ковачевиќ, Мемеди, Деспотовски, Стојанов, Статовци, Гаши, Нухиу, Емини, Тодоровски, Али, Толески
Тренер: Влатко Костов.
ПОСЛЕДНИ ПЕТ НАТПРЕВАРИ
РЕНОВА - СИЛЕКС 3:1
СИЛЕКС - РЕНОВА 0:5
РЕНОВА - СИЛЕКС 2:2
СИЛЕКС - РЕНОВА 1:1
РЕНОВА - СИЛЕКС 0:0
АНЕ АНДОВСКИ:
Со добра тактика до добар резултат
Стратегот на Силекс верува во своите избраници и потенцира дека во овој натпревар, кој е дерби на колото, неговите момци ќе можат да пружат двапати по ред добра партија. Тука ја смета победата над Работнички во минатото коло.
"Ренова ја респектираме. Оваа екипа е новиот шампион и тоа мора да се почитува. Но јас се надевам дека ќе изнајдеме соодветна тактика за што порамноправно да & се спротивставиме. Ќе играме своја игра и веруваме во добар резултат".
Силекс две годни без триумф
Силекс веќе цели две години нема победа над Ренова. Без разлика дали натпреварите се играат во Кратово или во Тетово. Последен пат кратовци ги совладале "гипсарите" на 11.05.2008 на свој терен и тоа со 3:0. На последните пет средби Ренова двапати славела, а трипати било нерешено. Гол разликата е 11:4 за Ренова.
Сe уште "печат" есенските 0:5
Кратовци с$ уште ги "пече", и тоа како ги боли онаа катастрофа од Ренова во есенскиот дел. На 18 октомври Силекс го има доживеано највисокиот пораз како домаќин во својата прволигашка историја. Тогаш "гипсарите" среде Кратово Победија со 5:0, а можеа да постигнат уште толку.
"Едно е јасно, може с$ да се случи, но таков убедлив пораз 200% нема да се случи. Тоа се случува еднаш во 100 години", дополнува Трајчев.
ВЛАТКО КОСТОВ:
Нема опуштање
"Секако дека уште денес може с$ да биде познато, но искрено ние сакаме со триумф да се вратиме од Кратово. Максимално сериозно, како на секој меч, ќе играме и на мечот со Силекс. Без разлика дали в недела ќе ја обезбедиме титулата, до крајот на сезоната ќе играме на победа на секој меч. Ќе се потрудиме да ја задржиме мотивацијата кај фудбалерите за да во голем стил ја завршиме најуспешната сезона", вели Костов.
"Гипсарите" со најсилниот состав
Нема да има калкулации во составот на Ренова. Тренерот Влатко Костов за во Кратово ги најавува најдобрите единаесетмина. За овој меч се враќа и Благоја Тодоровски, кој го пропушти дуелот со Милано поради три жолти картони. Костов ги има на располагање сите сили, а воедно најави дека ќе го постави најсилниот состав.