K
kat.<3
Гостин
Бог сам наоѓа душа и ни дарува бодрост и внатрешна слобода.
Некогаш настанува изладување на срцето, ако постојано се живее во страстите и упорно се останува во грев.
Праведно е да се испитаме себеси при секое изладување, да не е срцето врзано за нешто страсно, или да не сме подлегнале на самоуверението, со мисла дека сме нешто повеќе од другите. – Тоа се најчестите причини за изладувањето. Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш. На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога.
Ги забораваме Божјите добрини и Него Самиот, ја забораваме сопствената состојба, ја забораваме опасноста од живеење без Бога, ја забораваме и смртта; целата духовна област во нашиот живот се затвора, исчезнува. А кога сè ќе заборавиме, тогаш срцето се изладува и чувството за духовност пресушува. Покрај тоа, прво се запоставуваат духовните активности, а потоа сосема се отфрлаат. Запаѓаме во нечувствителност, невнимание и површност; Го забораваме Бога, смртта и Страшниот суд и му служиме само на своето сладострастие. Тоа е празен живот (свети Теофан Затворник).
Сте почувствувале ли некогаш како ладно е срцето,зашто на некој начин се оддалечило од Бога,како е студено?
Затоа што, праведно е: Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога,како што вели (св.Теофан Затворник).