Од 1 јануари пластичните ќеси забранети за употреба!

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Да ви кажам мн. сум радосен што ќе се исфрлат од употреба :toe:
 
Денес бев во МЕГА месарница, и ме оставија малку подзинат. Купував месо и љубезно ме прашаа дали ми треба кеса. Е бидејќи заборавив торба со мене, се согласив.
Значи, ми наплатија 3 денари за кеса, и јас очекував онака запакувани месото да го стават во најлонска кеса, од они за над 5 кг.
Ама го ставија во хартиена кеса, хартиена кеса, најобична тенка, дури ни рачки нема(нормално) која ја платив 3 денари. Ја свиткав хартијана, и си заминав.
Ова е новиот закон????? Нели хартиените кеси се бесплатни???? Екологија????
КРАЖБА!!!!!!
Веке од денес моја нога не стапнува во МЕГА, и ќе ги бојкотирам сите лопови-фирми....

Ништо не е бесплатно, нормално дека ќе си ги платиш.

Браво во МЕГА што почнале да даваат/продаваат хартиени кеси.
 
Ништо не е бесплатно, нормално дека ќе си ги платиш.

Браво во МЕГА што почнале да даваат/продаваат хартиени кеси.

Чекај малку, јас изгледа не бев тука кога го донесоа законот, ама има тука многу дилеми.
Влегувам во Тинекс, купувам што купувам, си земем хартиена кеса и тоа е ОК, ако ми треба најлонска, ја плаќам 1 денар.
Овдека -МЕГА , хартиена кеса ми ја наплаќаат 3 денари....
Супер закон, веќе ми се допаѓа се повеќе,го токува кој како сака и наплаќа кој како сака...
Како секој закон во државава..затоа и сме на ова ниво...
ОСТВАРУВАМЕ....:kesa:
 
Хартиениве ги има чат пат негде, ама проблем ми беше кога заврна дожд, се расквасија (ќе треба да измислат гумирани) . сега хартиената ја ставам во џеб да не ми се матка у раце (3-4 кеси во рака и ко за нова година да се спремам) :smir:
значи 150-200 денари минимум месечно.
 
а дрвата???..дрвата исечени за да се направат хартиените кеси??? а иновативниот начин влада да бутне некоја паричка у буџет :)

кај се бе тоа љубителите на дрва да ВИКНАААТ??? :)
 
Хартиениве ги има чат пат негде, ама проблем ми беше кога заврна дожд, се расквасија (ќе треба да измислат гумирани) . сега хартиената ја ставам во џеб да не ми се матка у раце (3-4 кеси во рака и ко за нова година да се спремам) :smir:
значи 150-200 денари минимум месечно.

Абе земете некоја торба од текстил во џебот, носете ја на пазарење.

Посебно сега зимово со палто имам еден куп џебови и носам некаква кеса.

Овај закон треба да ја намали потрошувачката на најлонски кеси кои се ОГРОМНИ загадувачи, но воедно не треба хартиените пак премногу да се трошат затоа што покрај тоа што се еколошки за нивно производство се сечат дрва.
 
А мене ме интересира зашто никој не ги употребува тие хартиени кеси туку ни ги наплаќаат најлонските?
 
Пластичните ќеси требаше целосно да ги повлечат од употреба, а не да ги наплаќаат.Во никоја продавница досега не ми понудиле книжена кеса:nesum: но јас кога одам да купувам нешто си носам во џеб големо ќесе од патики и во него ставам се :toe:
 
Епа и јас колку што знам треба така ама ај... Ни ја не им земам најлон и не им плаќам... Кога ќе воведат хартиени кеси со задоволство ќе ги платам ама вака не...
 
Епа и јас колку што знам треба така ама ај... Ни ја не им земам најлон и не им плаќам... Кога ќе воведат хартиени кеси со задоволство ќе ги платам ама вака не...

А уствари нели треба хартиените кеси да не се плаќаат. Мене многу ме иритираат со овие ќесите коа ќе почнат на каса, ти си наполнил кошничката со пазарлак и они ко ќе ме прашат..колку ќеси:nesvest:
Мајка ми имаше една случка баш у еден дуќан за украси, купила таму нешто ситно и и дале мало книжено ќесе и и рекле дека треба да плати за него 35 денари:toe:
 
Точно. Хартиените ќеси треба да не се наплаќаат ама едно се збори друго се прави. Ја се нервирам многу што воведуваат закон против употреба на најлонски кеси од една страна, а од друга страна пак истите тие ги даваат, а патем и ни ги наплаќаат. Башка како капак на се ни за тоа нема фиксна цена туку кому како ќе му се ќејфне ќе си наплати. Па кај е тука законот ви се молам?
 
Многу дебилно испадна ова :tapp: требаше да ги забранат скроз а не да наплаќаат за нив...башка хариената е поефтина,а да давам секој ден по 2 ден за кеса нема шанси,ќе си одам со платнена како пензионерине,ќе им е**м се...лопови бре...мора да се пополни дупката во законот!
 
Знам јас во Италија ни даваа најлонски кеси во супермаркет и ни ги наплатуваа 40 центи.Е сега дали беа баш најлонски кеси или некоја мешавина не знам.
 
За да си ја разјаснам дилемава, ја читав наредбата за забрана за употреба на најлонски кеси (го копирав линкот):

http://www.moepp.gov.mk/WBStorage/Files/Наредба за забрана за употреба на кеси од пластични маси.pdf

Значи, член 1 забранува употреба на транспортни кеси изработени од пластични маси.
Во член 2 веќе ја дозволува употребата на овие кеси, ама со носивост над 5 кг., на сметка на купувачот.
Перфектна наредба.....
Не смееш да употрбуваш пластични кеси, т.е. смееш, ама да ги наплаќаш.
Колку? Е, тоа зависи од тебе, затоа што ТИ СИ МАКЕДОНИЈА....
Хартиени кеси и нивна употреба, не се спомнати, нормално, можат да се употребуваат , може бесплатно, може да се наплаќаат......Се е можно со оваа наредба...
За оваа наредба....:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
 
Ама тие ќеси шо се на сметка на купувачот у реалноста не се со носивот над 5кг.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom