Национален парк "Јасен"

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Неколку деценискиот Директор Теофил Здравковски загрижен што Јасен станува медиумска тема и револтиран од обвинувањата на поречани, дека ловиштето е дувло на матни бизниси, дојде во А1.
Не сакаше да говори пред камера. Само изјави - не е точно дека милион кубици дрва исчезнале од шумскиот резерват, како што обвинуваат поречани.Тогаш што се крие во Јасен - го прашавме директорот. Тоа е државна тајна, рече Здравковски и не упати сите одговори да ги бараме од Владата.Таму пак како првпат да слушнале за Јасен. Велат не е во нивна надлежност, иако директорот го назначува Владата.

Формиран уште во 1958 година, од тогашниот прв македонски политичар Лазар Колишевски, кој раководеше со наменската армиска индустрија на ЈНА,овој огромен шумски предел во близина на Скопје е недостапен за јавноста. Од штурите информациите што досега стигнале во јавноста се шепоти дека во Јасен има ловиште, но и подземен град и тајни воени објекти, кои во случај на војна биле засолниште за државниот и воениот врв. Луѓе кои работеле таму велат - во Јасен се влегува само со вип дозвола. На времето таму доаѓал и Тито. За таа цел тогаш во Јасен е донесен дивеч, а од месото до ден денес се насладуваат нашите функционери и високите гости од странство, кои се рекреираат во оваа недопирлива тврдина за граѓаните. Овој таен воен објект има и соседна Србија и Црна Гора. Топчидер во Белград. До пред неколку години пристап во Јасен имаа само луѓето кои го користеа патот од Скопје кон Порече, но само во одредени термини и под строг режим. Дали се работи за воени објекти или зад овој превез свесно се гради мистерија за да се заштитат ловечките амбиции на државно-воениот врв и бизнисмените околу него. Но познато е дека, тандемот Бранко Црвенковски-Хари Костов, се почесто освен во ловиштата во источна Македонија, често престојуваат и во природниот басен Јасен, каде што главно банкарот ги исполнува своите ловечки амбиции.

јес да е стар извор ама сепак дава некаква слика за Јасен :)
 
Вест напиша:
%7BBB0FA4A4-3627-4CE4-B59D-C890BE0FCBE0%7D_jasen-2.jpg
Министерството за одбрана вчера за прв пат пред пред јавноста го покажа тајниот воен комплекс во шумскиот резерват "Јасен", кој се наоѓа на дваесетина километри од Скопје на планината Караџица. На површина од 39.000 километри во резерватот "Јасен" сместени се повеќе објекти за обука и вежби на одбранбните сили, како и за сместување на целиот државен врв во време на војна. Подземното скривалиште, што АРМ вчера за прв пат го отвори за јавноста, се наоѓа во месноста Коломит, на надморска височина од околу 1000 метри. Во скривалиштето се влегува преку навидум обична планинарска куќа, низ лавиринт од подземни ходници, се доаѓа до централната просторија од каде државно-командниот врв би можел да управува со земјата во време на војна.
"Овој објект е граден уште во бивша Југославија, и може да обезбеди нуклеарно-хемиска и биолошка заштита на луѓето што би командувале со одбраната во време на конфликт. Во овој објект може да се сместат 50 луѓе на подолго време, не можам точно да кажам колку, но има доста пропратни објекти каде може да се смести храна, вода и се она што е потребно", рече полковник Чедо Крстевски од Г3 при Генералштабот на АРМ.
За одржување на резерватот и на воените објекти се грижат вработените во ЈП"Јасен".
"Објектите во резерватот се користат за обука на диверзантско-антитерористички групи, командно штабни вежби, преживување во природа, падобрански вежби, а со изградбата на Козјак, има можност и за обуки за спасување на вода, како и обуки за пливање и нуркање", појасни Крстевски.
"Јасен" во јавноста е познат и како едно од најбогатите ловишта во околината на Скопје, каде како што велат вработените во резерватот, доаѓаат само странци.
"Од ценовникот за лов боли глава, но доаѓаат главно странци и за нив тоа не е ништо. Можат да ловат само диви свињи и дивокози. Има и срни, но тие со закон се забранети за ловење. Она што ќе го уловат можат да го изнесат само трофејот, односно главата. Останатото останува овде", велат вработените во ЈП"Јасен".
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]

[/FONT]Еве нешто од Вест (октомври 2005та). Можеби има многу повеќе работи кои сеуште се држат во тајност, иако мислам дека не треба да очекуваме нешто спектакуларно. И секако “Јасен“ не е никаков национален парк, туку природен резерват :)
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]

[/FONT]Еве нешто од Вест (октомври 2005та). Можеби има многу повеќе работи кои сеуште се држат во тајност, иако мислам дека не треба да очекуваме нешто спектакуларно. И секако “Јасен“ не е никаков национален парк, туку природен резерват :)
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]
за малце.... за идиоти шо веруваат во се јасен е природен резерват... 99.9% има нешо мутно кај јасен и не требит да имаш IQ 140+ за да го сфатиш то...
 
за малце.... за идиоти шо веруваат во се јасен е природен резерват... 99.9% има нешо мутно кај јасен и не требит да имаш IQ 140+ за да го сфатиш то...

ај да те прашам јас тебе што значи Природен Резерват знаеш??
 
Тие подземни скривници,градови и сл. се градени во време на СФРЈ кога имало разни закани од странство за безбедностана бившата ни федерација.Сега тој има сигурно некоја друга намена пошто се работи за една мала држава со 2 милиони жители.
 
И мене ме интересира ова. Што е толку важно што не смеат други да влегуваат. Зошто не ни кажат на сите па да ја чуваме и ние тајната. :)
 
e ova prv pat slusam...ni makedonija ne si ja znaeme a veke pocnavme marsovci da proucvame...so ne snajde...a so se krie tamu ke se doznae samo ako se otvori vojna ..taka da ...da cekame! :vozbud:
vistina me interesira mnoooooooooooogu
 
па НАСА е тука сместена, само нејќат уште да официјализираат.... затоа иначе бројкине на инвестициине се многу, а ние не гледаме ништо изградено, изгледа таму се инвестират
 
Никад чуо , а и освестете се НЛО нема , Атомска Бомба нема , можно е само да е нормална (тајна) воена база и артилерија.
Во Македонија сме !!! Неможе да имаме ништо повеќе од тоа ! :)
 
стварно првпат слушам (читам) за ова и е многу интересно
некако се ми асоцира на американци и тајни објекти како недозволени магацини затвори и шпиунажа
нека ви текне само на случајот Ел Масри, човекот тврдеше дека бил уапсен од циа и затворен во Македонија, во Македонија нема евиденција за него во било кој легален затвор, само помислете каде би можел да биде и колку други можни случаи може да има
 
А дали знае некој дали може да се види нешто од Google Earth?Јас нешто барав ама не се снаоѓам баш најдобро...
 
Back
На врв Bottom