H
HITCH
Гостин
Извинете што го ставам со слика ама да не се заборави оваа предавничка фаца.
Изолацијата не' води директно во амбис
Во Македонија е можно меко пукање, федерализација, зашто има факти што сугерираат таков развој од политиката и од начинот на кој се води
Македонија во моментов се наоѓа во последната од историските три фази на односите со Грција, во фазата на разрешница. Оние што не ја разбрале постојано се повикуваат на тоа дека некој друг не ја решил претходно и дека ним им ја оставиле, како аргумент за одлагање. Едноставно, не ги разбираат фазите, кога некој проблем се отвора, кога се развива и кога се разрешува, смета професор Љубомир Фрчкоски. Според него, домашната јавност во принцип е спремна да ја дочека разрешницата, иако е жртва на најголема манипулација.
* Зошто мислите дека домашната јавност е спремна
на разрешница?
- Мислам дека на една расправа или анкета што би била спроведена врз основа на пакетот што ќе се отвори пред нас во септември, најголемиот дел од граѓаните, ако нема идеолошки или манипулативни притисоци, би сметале дека е тоа фер пакет со кој треба да се затвори кризата. Тој се состои од гарантирање на нашиот идентитет, кој според моја проценка е 70 отсто од проблемот, преку слобода на употребата на поимот „македонски“ не само за јазик туку и за националност и за државјанство и за народ. Целиот опсег на слободата на користењето на поимот или на придавката мислам дека нема да биде во „документот“ што ќе го потпишуваме со Грција, туку веројатно ќе биде во резолуцијата што ќе ја замени Резолуцијата 817 во ОН. И мислам дека Грците се спремни сега тоа да го завршат.
Втора работа е што името е 25 отсто од проблемот и не го загрозува ова претходното. Тоа е Република Македонија со географска одредница. Јас сум склон кон почисти решенија, без загради и без црти, значи Северна Македонија или Горна Македонија. Термините имаат историска референца и не прават проблеми за оние Македонци што себеси се гледаат како микс на етничките стари Македонци, а не како Словени. Тоа им го решава проблемот, не е против нив, бидејќи Горна или Слободна Македонија е терминот за оваа Македонија, употребен од Римјаните за последниот судир со фалангите, во Битола во 1 век пред н.е. Од друга страна, никако не го загрозува идентитетот, бидејќи со овој пакет ние можеме да бидеме, на пример, Македонци од Северна Македонија, а не северномакедонци. Тоа е драстична разлика. Тој пакет е толку добар што мислам дека и вмровското гласачко тело ќе почне да се двоуми ако не биде целосно манипулирано од нивното водство, како досега.
ПОГРЕШНА ПРЕТПОСТАВКА
* Какви се последиците ако до таа разрешница не дојде?
- Заканата, ако тоа не се случи, е многу голема: ќе бидеме оставени, баталени. Тоа за нас не е дупка туку провалија. ЕУ и НАТО-интеграцијата нема да бидат блиска перспектива и мора да правиме „план“ за преживување на Македонија во ситуација на изолација, економска и политичка безинтеграција. Проблемот е што не може да се направи таков план а да биде одржлив. Во моментов, Албанија, Косово и Србија имаат ист развој како нас или се нешто подобри, а за една година ќе одат незадржливо напред. Поради неискуството и незнаењето, групата политичари на чело со премиерот сметаат дека ситуацијата ќе остане статус кво и дека никакви околности во однос на Македонија нема да се променат, дури и во ситуација на изолација. Таа претпоставка е погрешна. Нам изолацијата ќе ни се одрази внатре во структурата на македонското општество.
* Што значат изјавите на албанските лидери дека мора да се реши името, бидејќи Албанците во Македонија не можат да бидат заложници на Владата?
- Албанските лидери се однесуваат коректно, дури и повеќе отколку што очекувавме. Посочуваат една ситуација дека мора да влеземе под тој чадор, зашто околностите што може да се развијат ќе излезат од контрола. Може да бидат ставени во позицијата на албанските партии во Македонија во времето пред конфликтот, да немаат влијание на теренот, да се случи нешто како „природно пукање“ по шевови и тоа не може никој да го спречи. Тоа не е прашање за полицијата, туку прашање на развој, менување на правилата. Некој тоа ќе го нарекува федерализација, некој различен развој, некој ќе рече тоа е природно па нема да го гледа, но ќе се случи „Македонија во повеќе кругови“. Ако тоа не може да го види човек што владее, тогаш или е тотално неук, неискусен и неписмен или сака до таму да го истурка проектот. Тоа е ситуација на мала конспирација, класична вмровска шема. Всушност, тоа значи дека Никола ќе го реализира планот на Љубчо, но преку некој друг тип поделба. Меко пукање. Има факти што сугерираат таков развој, од начинот и од политиката што се води. Не можете да се оттргнете, стоите пред прашањето дали можат да бидат толку неуки да не го видат ова или намерно сакаат да не го видат. И затоа се отвора прашањето за конспирација.
* Колку им оди во прилог на ЕУ, САД и на НАТО тоа што Македонија би останала изолирана и не мислите ли дека ќе се обидат да најдат решение ако не им одговара таква ситуација во регионот?
- Тоа може да се развлече, тоа не е работа на нашата есен. Може да не' остават, како што ја оставија Босна, на пример, да пропадне, па после интервенираа. Може да не интервенираат веднаш, да не' подзаборават, а тоа за нас е смрт. Нашиот развој ќе биде пет пати помал од оној на околината. Може да не' остават еден период да вегетираме, да видат што е оваа влада, а од друга страна, наш избор ќе биде пукање по линијата внатре, а тие ќе оставаат таа ситуација да се случи. Мислам дека нема да се менуваат границите, но ќе не' остават како орев што внатре може да скапе. Период од две години не е ништо во тој контекст, ама за нас се вечност.
* Што може да се случи во септември, со оглед на најавите за разговори на Генералното собрание на ОН, некаков нов предлог пред тоа?
- Мислам дека меѓународната интервенција ќе оди кон игнорирање на ексцесите на премиерот. Ќе го третираат како мало дете што има напади, ќе се обидат тоа да го решат со едно големо туркање, дека тоа мора да се реши, дури и со директни закани. Оптимистичката околност за нас како земја е дека ќе не' истуркаат во пакет како багер, со се' во него, со ова решение, очекувајќи дека тоа решение, слично како Охридскиот договор, иако можеби ќе го коментираат, во основа е добро и во краток период ќе биде апсорбирано како фер. Се прави проценка дали решението е одржливо и дали ќе биде „впиено“ потоа како природно.
* Колку Грција би била подготвена на такво
решение, според нејзините досегашни изјави и потези?
- Јас мислам да, подготвена е. Не можам да тврдам сигурно, но во сите околности, па и од последните расправи, се гледа дека тие го третираат како фер. Но, мислам дека ним многу им се погодија активностите на Груевски. Прво, не само што ја подобрија својата позиција туку имаат и човек што ќе го обвинуваат. Целата приказна ќе биде дека се поразени националистичките духови во Македонија. Имаат мотив како да ја објаснат кај своето население формулата што ќе помине. А формулата ќе помине.
ДА НЕ ГО БЕРЕМЕ ГРЧКОТО ГАЈЛЕ
* Се' почесто се слуша дека внатрешните скандали и проблеми во Грција имаат влијание врз прашањето за името. Колку тоа ја зајакнува нивната позиција?
- Мислам дека се тоа глупости со кои нашиве се занимаваат и мислат дека со тоа ја откриле Америка. Грците секогаш имале корупциски проблеми. Ние нивното гајле не треба да го береме, тие ќе излезат од тоа. Во меѓувреме, нашата влада им ја подобри позицијата по сите основи. Нивниот играч за излез од тоа пред се' е нашиот премиер. Тој така функционира и им помага на Грците да излезат од секој нивни проблем. Како ќе заврши тоа, ќе видиме, но јас сум оптимист и сметам дека Македонија премногу е слаба и мала да остане во изолација, за да може тој ризик политичарот да си го дозволи. Во таа смисла, последниот обид на туркање кон решение ќе биде во септември или октомври и навистина ќе биде последниот.
* Што значи враќањето на двојната формула како решение?
- Тоа би го коментирал како ноќна полуција на премиерот, ништо повеќе од тоа. Бидејќи тоа е несериозно. Тоа нас не' прави само комична фигура на судирот, се зафркаваат со него, прават поени со него во Грција, покажуваат со прст. Целата приказна е ужасно трагична за него, а тој не ја гледа. Не знам во кое друштво се движи, што му кажуваат тие околу него, веројатно „браво“. Сигурно, како што се движи по археолошките ископини и дупки, има друга перспектива на целата приказна, нема добар контакт со тоа што се случува надвор и веројатно некој му аплаудира по тие локални кругови. Но, мислам дека е нешто што не може сериозно да се искоментира. Просечно образован граѓанин ќе види дека тоа се движи, пред Букурешт двојната формула е напуштена. Во тој контекст одат другите предлози и сега да се вратиме е апсолутно апсурдно, освен за човекот да испадне смешен, во што успеа.
* Зошто меѓународната заедница не ја притиска Грција за решение, бидејќи и таа не го менува својот став, закопана е на своите позиции?
- Мислам дека тие ја добиле Грција околу овој пакет и дека таа ќе го прифати. А немаат повеќе каде да ја притискаат. Ако кај идентитетот Грците се согласиле да замижат, проблемот е решен. Нема веќе што да се притиска. Мора да се добие некакво решение за меѓународна употреба, северна е во ред, неутрално е, бидејќи историски има и горна и северна.
Неединството е хендикеп
Неединствениот став на претседателот и премиерот е хендикеп со кој мора да живееме. Не се толку школувани политичари за да можат да се воздржат, па тоа е хендикеп со кој мора да живееме. Не може да се плаче за тоа, го носиш тој хендикеп на товар како отежнувачка околност и одиш понатаму. Но јавноста не смеат да ја поделат, не смеат да создадат заблуди дека имаме предавници. И тука мислам дека ја поминавме критичната точка, бидејќи во јавноста има критична маса за решение - вели Фрчкоски.
Колку ли му плаќаат за предавствово?!
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B9F451209A68BA4582A0E906DB96F7C6