Ден Браун

  • Креатор на темата Креатор на темата Fryda
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
brown-dan-250h.jpg
Еве една тема која што мислам дека ја нема на форумов.Ако ја има в канта...
Ден Браун.КОј го знае веројатно знае дека ги напишал Кодот на Да Винчи,Ангели и демони,Toчка на измамата,Дигитална тврдина.Колку ви се допаѓаат неговите книги?Колку Верувате во она што тој го пишува?
Еве некои податоци за интелектуалецот:
Ден Браун (роден 22 јуни 1964 г.) е американски писател на трилери, најпознат по своето дело Кодот на Да Винчи.
Од 1996, Браун е посветен единствено на пишувањето книги. Неговите први три романи имаат мал успех, со помалку од 10 000 копии од секоја, но четвртиот роман, Кодот на Да Винчи, стана бестселер, кој се искачи на првото место на листата бестселери на Њу Јорк Тајмс уште првата недела по објавувањето во 2003. Се смета за една од најпознатите книги на сите времиња, со скоро 60.5 милиони копии до 2006-та година продадени низ целиот свет. Успехот на оваа книга ја зголеми продажбата и на неговите први три романи. Во 2004, сите негови четири романи во иста недела се најдоа на листата бестселери на Њу Јорк Тајмс. Во 2005, магазинот Тајм го постави Браун во листата 100 највлијателни личности на годината. Магазинот Форбс го постави Браун на 12-то место на нивната листа на најпознати личности во 2005 година, со пресметан годишен профит од 76,5 милиони долари. Тајмс го објави профитот на Кодот на Да Винчи – 250 милиони долари.
Браун се интересира за криптографија, клучеви и кодови, и ги внесува како дел од приказната во неговите романи. Неговите романи се преведени на повеќе од 40 јазици.


...пост скриптум:Само обожавателка на Ден Браун.:helou:
 
Колку ви се допаѓаат неговите книги?Колку Верувате во она што тој го пишува?
...пост скриптум:Само обожавателка на Ден Браун.:helou:

ми се допаѓаат неговите книги и тоа многу.
кодот на давинчи,ангели и демони и дигитална тврдина ги имам прочитано и сега сакам да си ја порачам точка на измама.
убав му е стилот на пишување и те тера да ја читеш книгата до крај,да се внесеш итн.
а и обработува добри теми.
сепак мислам дека ги извртува фактите за да постигне бестселер,и не верувам во се што ќе напише.
и он сам изјавува дека тоа се само романи.


енивеј
и јас сум негова обожавателка ама темава стварно е...:kesa:

+ е ископирана од википедија:kesa:
+нема за што да се дискутира
 
И јас ги имам прочитано четирите негови книги и ми се допаѓаат, а во исчекување сум на The Solomon Key која изгледа ќе излезе во 2009.
 
I jas so netrpenie ja cekam The Solomon key,najveke mi se sviga Kodot na davinci a najmalku Angeli i demoni,mada site se mnogu interesni.Sto se odnesuva do stilot na pisuvanje,mnogupati e slicen so istiot na Seldon,a i samiot Braun ima izjaveno deka pocnal da pisuva odkako ja procital Doomsday conspiracy,i istata go navela da pocne so pisuvanje.
 
Го почитувам многу ко писател иако неговите ликови се повеќе тајни агенти отколку архелози и научници, но сепак мора и од нешто и он да живее. За тоа што го пишува не знам дали е точно, но сепак ако се чита како обична приказна неговите книги се едни од најдоброте на нашето време
 
И јас сум негова обожавателка, и сметам дека знае на интересен начин да доулови нешто мистично, научно ; секогаш е скандалозен со темите кои ги разработува и најмногу ме имппресионира што сепак користи факти кои умешно ги испреплетува со своите творечки идеи
 
ми се допаѓаат неговите книги и тоа многу.
кодот на давинчи,ангели и демони и дигитална тврдина ги имам прочитано и сега сакам да си ја порачам точка на измама.
убав му е стилот на пишување и те тера да ја читеш книгата до крај,да се внесеш итн.
а и обработува добри теми.
сепак мислам дека ги извртува фактите за да постигне бестселер,и не верувам во се што ќе напише.
и он сам изјавува дека тоа се само романи.


енивеј
и јас сум негова обожавателка ама темава стварно е...:kesa:

+ е ископирана од википедија:kesa:
+нема за што да се дискутира
E pa vidi sega... temata e za diskutiranje ne go svakjam kako navreda toa sto si go pisala,ako ne sakas ne diskutiraj i tocka.Me interesira kakvo e mislenjeto na drugite za negovite knigi.A podatocite za nego morav da gi iskopiram od nekade ako ne bese od wikipedia ke bese od drugo mesto neli? A prasanjata ocigledno e deka ne se iskopirani od wikipedia tuku jas licno gi postaviv.. nesto drugo da ne treba da davam otcit od kade sum iskopirala ?
 
Многу го сакам Ден Браун, ги имам прочитано "Ангели и демони", "Дигитална тврдина" и "Точка на измама" па планирам да ја прочитам "Кодот на Да Винчи". Трите книги ми оставија многу голем впечаток, најмногу во тоа што никогаш не можеш да го предвидиш крајот, и тој секогаш те воодушевува. А дали верувам во тоа што го има напишано? - Па, има многу измислици, но ако не беа тие како иначе ќе беа возбудливи романите? :smir:
 
Ништо посебно. Можеби затоа што и Кодот, и Ангели и демони важат за бестселери, што најчесто е некомпатибилно со мојата дефиниција за добра книга. Од тон бестселери, ретко која навистина успева да ме воодушеви. Делата на Ден Браун беа толку многу форсирани, толку прашина се крена околу нив, толку напнаа и по весници и по ТВ, толку книги попут брошурчиња дополнително беа издадени на база на оваа, а разно разни петокласни автори си заработија на "разотркривање на симболите", благодарение на читателите што до вчера поим си немале ни од Илуминати, ни од Сионски приориум, ни од Леонардо да Винчи, ни од Светиот Грал. За тоа, се бара накнадно, стручна литература, не се останува на десетак информации од Ден Браун, и ама ич не се влегува во филм дека бог знае што си прочитал. Али еј, веројатно таа му беше рекламата на човекот. И му успеа, очигледно.

И она што уште на старт прави да не ја доживеам приказната прописно, е тоа што секој, буквално секој, втор, е "заљубен во Ден Браун, леле колку е добар еј, леле колку му се убави книгите, леле па чекај сега филмот да излезе..." итн, итн. Некој што застанал на Касни порасни, денес ќе ми кажува дека сака литература и омилен автор му е Ден Браун. И Коелјо, нормално. Свашта.

Не е лоша - лоша книгата, во ред е. Ама преценета е. А и да не е горенаведеното, се`уште не ме импресионира. Не знам, за мене е примамливо да читам нешто што ветува, не лесно и предвидливо како ова. Не сфаќам каде точно било кој виде мистерија и неизвесен расплет. И тоа да го тргнам на страна, карактерите ми се толку површно обработени, само како да ги чепнал и толку. Нема комплексни ликови, нема поларизирани чувства... Ок, прашање на вкус. Ако мислел дека батка кој има проблеми со затворен простор, носи Мики Маус саат и ме шета по Рим ќе ме падне од стол... Жалам, не.
 
Хм.... интересни се неговите книги за убивање досадно време. Но ништо повеќе од тоа. Мислам фактот што неговите книги се толку популарни е што до обичните луѓе ги доближува мистериозните и научните работи на едноставен, прост и лесен начин, затоа што овие другите (обичните луѓе) ни на крај памет не би им паднало да потрошат време и да дознаат кој бил Леонардо? Кои се илуминатите? што е светиот грал? итн

во секој случај просечно начитан човек нема ништо ново да научи. Браун е добар мајстор на заплетот, но тоа е карактеристика на секој просечно добар писател. Не ме разбирајте погрешно, јас не го потценуван Браун, можеби во иднина ке објави книга со која ке се квалификува како класик на своето време, но се дотогаш ке остане просечен писател, со екстремно добар осет на модерен маркетинг
 
Секако дека не е најдобар, и книгите не му се the best, но сепак си има квалитет чоекот... Незнам зошто толку многу плукате по него :toe:
 
Лично сметам дека многу е лесно да се критикуваат негативностите на нечие дело, бидејќи тие повеќе од се друго знаат да бидаат запаметени од читателот. И Ден Браун како и повеќето автори на бестселери можеби користат некоја површност со кој ги обработуваат ликовите и користат интригантни податоци (конкрентно во Кодот на Да Винчи - Светиот грал и сл.) за да нормално истите дела ги заинтересираат и да бидат купувани не само од луѓе со веќе изграден литературен дух, туку и оние кои токму преку неговите дела го градат истиот.
Но истотака сметам дека не е потребно да се потценуваат неговите дела, туку напротив мислам дека секој треба да ги прочита и да се потруди да ја забележи суштината на книгата која сметам дека Ден Браун одлично ја отсмислил, и можеби некој не може да ја доулови поради површноста која ја забележал и која не го задоволува неговиот читателски вкус.
Стекнувањето на слава и пари преку добро отсмислени и спакувани дела е каректиристика на бројни светски класичари, но токму нивната умешност да допрат до секој читател ги вбројува во големите.
И Ден Браун со своите дела се труди да стане дел од историјата на литературата, но јас не сум компетентна да го коментирам истото. Во едно сум сигурна, дека не ги потценувам неговите обожаватели (и јас сум една од нив) и оние кои неговите книги им се отскочна даска кон нови, посложени дела.
 
Ај некој ако ја има прочитано Ангели и Демони впечатоци овде да остави:smir: Убава ли е книгата? Планирам да ја читам, да знам дали да почнам :smir:
 
Браун и куељо се писатели за тие што не читаат книги:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom