Што кога вашиот партнер одбива да се запознае/излегува со вашето друштво?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Имам слушнато и за вакви примери, па ми текна да ве прашам што мислите вие за тоа?

Што кога вашиот партнер одбива да се запознае со вашето друштво? Со вашите пријатели?
Како би се чувствувале? Како на тоа би изреагирале вашите пријатели, вашето друштво?

Што кога одбива вашиот партнер да излезете заедно на прослави кои ги организира некој од вашето друштво?

Крај на врската или некаков компромис?
 
Не знам што би можело да биде друго решение освен да се излегува посебно со девојката а посебно со друштвото, макар што не знам која би била добра причина да не сака да се запознае со нив.

Вака би било барем на почеток, а за понатака ако тера со исто, ќе се врти плочата (во врската со неа) :)
 
Ако не друго, барем за мене нека напрај жртва.
А за раскинвање, не е доволно добра причина (според мене).
 
хехех.. ова мене ми се случи.. ама малцееее од другата гледна точка.. пошо јас одбивав мојата девојка да ја запознам со друштвото..

фактот е дека имаше грда фаца типката и дека "одев" со нејзе чисто ради секс.. а само поради фактот дека ми беше женска(во нејзини очи).. не сакав да се брукам пред другарите зш сум одел со некоја таква..

таа на почетокот се нервираше, али покасно и помина пошо ме засакала, и не и беше битен ниту еден детаљ од мојот живот се дур одев со нејзе.. а башка шо не видела к*р дооолго време, не и беше ни битно шо прам настрана.

така да, ивенчуали беше крај на врската..
 
Па со оглед на тоа дека пријателите и моето друштво се огромен дел од мене, ако не сака да ги запознае ќе сметам дека не сака да запознае дел од мене... Едно е да не сака да се дружи секој ден со нив, али да не сака да ги запознае и во најмала рака еднаш да излезе со нас...ондак мислам дека е тааајм туу сееј гуудбаај:) Компромис може да има во случај се запознале и моето друштво поради нешто да не е прифатливо и забавно, па кога ептен ќе мора да одиме заедно да дојде без да мрчи, а ако нема заинтересираност да ги запознае - чао аморе мио.:toe:
 
Имам слушнато и за вакви примери,па ми текна да ве прашам што мислите вие за тоа?

hm, мора да е глуп дечкото, значи дека не сака да ја запознае неа фактички...

Што кога вашиот партнер одбива да се запознае со вашето друштво?Со вашите пријатели?
Како би се чувствувале?Како на тоа би изреагирале вашите пријатели,вашето друштво?

нормално, носи негативни поени, би се осеќала понижено а исто и моите пријатели, па затоа не би му обраќале внимание воопшто ако некогаш дојдат во контакт

Што кога одбива вашиот партнер да излезете заедно на прослави кои ги организира некој од вашето друштво?


хмм, ќе мора да се образложи од А до Ш, и пак ќе дојде со мене затоа што инаку ќе избие ПУЧ :)

Крај на врската или некаков компромис?

крај на врската не (едино во краен случај кога дечкото не знае за доста и продолжува со своето егоистично понашање) затоа би го уседнала на муабет, и ќе најдеме реешение, ќе избалансираме некако да не ги гледа фаците шо не му се омилени од моето друштво а кад-тад ќе мора и да трпе, ни на мене некој не ми се допаѓа од неговото друштво па јас морам да се правам дека не го гледам додека сме заедно... компромис компромис, ако нема компромис нема разбирање, ако нема разбирање нема ни љубов, ако нема љубов НЕМА НИШТО!
 
Ако одбива да се запознае со моето друштво ќе се преслушам што бара со мене... а штом не сака да се запознае со некого со кого јас во најголем процент го минувам денот не знам што ли ќе бара со мене.Во ваков случај може да дојде и до крај на врската.

Ако пак се запознае со нив но од некои си икс причини не сака да излегува со моето друштво е тогаш тоа е веќе друга приказна. Се додека тој ги почитува нив и се однесува културно со нив ќе ја почитувам и јас неговата одлука. Нема да дојде до крај на врската и ќе се бара некакво решение.А во врска со прослави, забави и такви друштвени собири мислам дека ако ме сака ќе направи исклучок, ништо нема да му бидне ако дојде на роденден кај моја другарка,а за возврат јас нема да го терам да излегува со нив во обичен ден.
 
Запознавање на друштвото значи и запознавање на дел од себе можеш да дознаеш што сака од друштвото и со што тип на луѓе се дружи и од нејзиното друштво ќе дознаеш повеќе работи. Не барам да се дружи со моето друштво но несакам да го избегнува бидејќи ќе се чувствувам дека мене ме избегнува
 
Ако не сака да ми ги запознае пријателите, не ме сака целосно. Во тој случај, би ја чувал додека ми одговара, а би барал друга во меѓувреме. Зашто кај и да е, тековнава или ќе се смени или ќе ме остави поради „несоодветните другари“.

Во секој случај, да бидеш со некого, а да не сакаш да излегуваш со неговото друштво е прилично несериозно и ништо добро не може да излезе од тоа.
 
искрено многу би ми сметало... Би помислила дека има некој проблем заш тој нејќе да се запознае со моето друштво..
 
Или партнерот или друштвото се кретени. Инаку зашто не би сакал да излагаме со исто друштво?
 
Неможе да има доволно добра причина за да не сака да се запознае... Барем не за мене... Ако не сака да ги упознае на почетокот можам и да трпам... Ама после... А откако ќе ги запознае ако не сака да искача со нив, ондак ќе искачаме посебно некогаш... Ама некогаш ќе мора и да ги трпи, за мене....
 
молам???? па мора да сака ...иначе нисто од бизнисот бе брат....откоа ке раскинам после што?? сигурно нема да сакаат да продужам да се дружзам со нив доколку сум ги избегавала додека сум идела со типот таака?
 
ne e do tolku strashno toa, za mene postojat dve raboti, partnerkata i drugarite...ne sum gi meshal i ne bi gi meshal nikad, zasho znae da se izkomplicira seto toa najchesto, poradi karakterot na lugeto

se znae, partnerkata e ljubomorna na drugarite i obratno...zatoa chista rabota, koa sum so nejze sum so nejze, koa sum so niv samo so niv i mirna glaa:smir:
 
se znae, partnerkata e ljubomorna na drugarite i obratno...zatoa chista rabota, koa sum so nejze sum so nejze, koa sum so niv samo so niv i mirna glaa:smir:


Ех, оти пак со генерализирање?..
Постојат девојки кои се ептен љубоморни на друштвото да, ама и постојат девојки кои знаат убаво да се вклопат во друштвото и другарите на дечкото.

Иначе, да би ми пречело доколку не сака да се запознае со моето друштво. Тоа би било непочитување пред се кон мене, а и кон моето друштво.
Ама досега не сум имала таков проблем, а се надевам нема ни да имам.
Дечкото мој, друштвото мое и друштвото негово, совршено се сложуваме :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom