Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Да, точно: кога насекаде има ѓубре, зошто да ни смета плувачка. Да продолжиме. Кога насекаде има лоши и расипани лицемерни луѓе, зошто ќе ни смета ѓубрето, па кога има војна на блискиот исток зошто ќе ни сметаат лошите луѓе, кога се топи ледот на северен пол зошто би ни сметале војните, кога ќе не удри астероид за 50 000 години, зошо да му ја мислиме за ледот, кога Андромеда ќе се спои со млечен пат за 4 милијарди години зошто да му ја мислиме на астероидот, кога посекако месијата ќе се симне пак после тоа и ќе полага био-хемија, зошто да му ја мислиме на Андромеда и Млечниот пат судбината, кога има ѓубре на улица, пред врата, фецер и урина, бацили кои може да си ги донесеме дома - а Андромеда е 6 светлосни години подалеку од споменатото во законот....Кога насекаде по улиците има ѓубре да се сопнеш од него,зошто би ни сметала една плувачка
Ме нервира искрено логиката: "Е да бе, се е средено - уште ова требаше." Навикнати сме да мрчиме. Да не сме задоволни. Со извинение, да јадеме гомна - а паралелно да се споредуваме со словенците, хрватите или со недај боже некој друг... Зошто може човек да ги лиже улиците во Љубљана и да не се грижи дека ќе се разболи? Зошто човек може без да погледне лево и десно сосема безбедно да помине на пешачки премин таму?
Затоа што некои идиоти смислиле закони кои не служат само да пополнат некој реден број во списокот на реформи кои се носат или да ни ги задоволат дневните потреби за стручни експертизи и измислување топла вода, туку имаат и некоја проширена цел која може секој да ја сфати ако направи мал напор и активира мозок.
Гоце бе другар, ако ти се приебе ко луд (во фазон: Ми се ебе ми се рика) на сред плоштад, таму ли ќе се грабнете со девојчето? Или ако не си со неа, таму ли ќе се олесниш? Во контекст на муабетот за немањето место за извршување на физиолошките потреби на јавно место ти го зборувам ова. Па, постои причина зошто ги измислиле луѓето пелените. А како алтернатива, ако не можеме да влеземе во фармерки со пелените кои ќе мора да ги носиме после овој закон, може за промена да започнеме да се однесуваме како совесни, свесни и конструктивно културни (барем елементарно) граѓани на Македонија.
Уште еднаш, прочитајте за што е законот. Насловот на темата е провокативен, но е новинарски поставен. Затоа, Бог дарил очи, за да се чита.