50 евра за плукање на улица!

Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
Најновиот закон што го слушнав денес.
Па не знам дали ние толку отидовме напред ги завршивме сите работи со државата па стасавме до таму ако некој плукне да плати 50 евра. Мислам дека никој не е против овој закон под услов да зимаме поголеми примања од ови што сега се мачиме да сврзиме крај со крај, треба многу многу работи да ги средиме па потоа да донесуваме европски закони.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Колку ќе се почитува законот незнам.. и кој ќе го виде кога тој ќе плукне на улица каква контрола ќе има не ми е јасно..?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Достате со тоа: "се е средено, па ова требаше". За некои работи и навики, едино стап треба за нас, бидејќи со арно не се разбираме. И се ќе се средува, на сите полиња, паралелно и со години, бидејќи за сите крупни промени (како промена на свест, навика или рестартирање на фабрика) треба време.

Офтопик: треба подточки да има барем, бидејќи не смее исто да се казнува обична плунка, со балгам собран од петици, или па плунка која доаѓа како резултат на искашлување при настинка со што единката е во небрано па мора дел од содржината на својот желудник да истури на јавно место.

Плус, со ваков закон сме на чекор до ЕУ. :smir:
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Најновиот закон што го слушнав денес.
Па не знам дали ние толку отидовме напред ги завршивме сите работи со државата па стасавме до таму ако некој плукне да плати 50 евра. Мислам дека никој не е против овој закон под услов да зимаме поголеми примања од ови што сега се мачиме да сврзиме крај со крај, треба многу многу работи да ги средиме па потоа да донесуваме европски закони.
:eek:lee:
конечно... но и 50 евра се малку...
значи ништо не ме нервира повеќе отколку некој да ми плукне пред нозе или да извади шлајмот и да го испразни на сред улица... При такви активности мене искрено ми се лоши и мењавам патека на движење...
Ах имало ден и за мене
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Најновиот закон што го слушнав денес.
Па не знам дали ние толку отидовме напред ги завршивме сите работи со државата па стасавме до таму ако некој плукне да плати 50 евра. Мислам дека никој не е против овој закон под услов да зимаме поголеми примања од ови што сега се мачиме да сврзиме крај со крај, треба многу многу работи да ги средиме па потоа да донесуваме европски закони.
Ne plukaj i nema da treba da plakas kazna od 50 evra. Mnogu prosto i ednostavno.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Достате со тоа: "се е средено, па ова требаше". За некои работи и навики, едино стап треба за нас, бидејќи со арно не се разбираме. И се ќе се средува, на сите полиња, паралелно и со години, бидејќи за сите крупни промени (како промена на свест, навика или рестартирање на фабрика) треба време.

Офтопик: треба подточки да има барем, бидејќи не смее исто да се казнува обична плунка, со балгам собран од петици, или па плунка која доаѓа како резултат на искашлување при настинка со што единката е во небрано па мора дел од содржината на својот желудник да истури на јавно место.

Плус, со ваков закон сме на чекор до ЕУ. :smir:
Да да, чекорот со извинување све да му ебам.
Ајде сега за физиолошката потреба на луѓето, каде има вециња? Тои фор? Не фала ќе мочам у гаќи ако треба.

Башка законот го носат по стапките на Сингапур....
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Јас ќе си плукам и понатаму. Шлајм кога сакам ќе си извадам, но не пред луѓе, туку дискретно. Тоа е една од од многуте причини зошто ја сакам Македонија. Треба да се казнува по ригорозно пушењето на јавни места, како и фрлањето цигари и плукање мастики на јавни површини (трговски центри, тротоари и тн..). Треба да се казнуваат и сопствениците на кучиња, кои им кењаат кај ќе стигнат. Фино лепо нека си го собере гомцето и нека го фрли во ѓубре. Ама за плуканка казна? :jaj:

Нема да профункционира. И да ме казнат за ваква глупост, казна нема да платам во никој случај. Ако треба општествена работа нека ми дадат или една ноќ во затвор. Тоа би прифатил. Али нема да помине така лесно и незабележано...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Една ноќ во затвор нема да е. Тарифата е (ми се чини) илјада денари на вечер :) А општествена работа даваат на Бој Џорџ, Бритни Спирс или Расел Кроу. Така да, три дена робија за шлајмче, или 50 евровизиски.

А тек, ако со некоја омладинка се внесеш во мазење и непазење на улица, па ти пружа оралка во некој сокак и притоа плукне на крај на односот - а во тој момент да дојде некој чичко џандар, ѓаол и пол ќе ве фати :)))
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Законов е „плукни да те видам“, штом мава по џеб ондак лошо е. :) Али и ова ќе биде као она „забрането пушење на јавни места“.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Ако те фати инспектор во присуство на полицаец, ќе си платиш...ако не, плукај си понатаму...
Епа...сакате Европа, еве ви Европа.
50 евра...и не е некоја казна...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Да не планираат и прдење и ждригање да забранат во иднина?
Или чешање јајца?

Сериозно, што штета правиш ако плукнеш на улица? Флека ќе оставиш? Дупка во асфалтот? Или затоа што jа загрозуваш глетката? Се сељачиш? Ако е заради тоа, пола држава треба да плаќа редовна месечна такса од 3.000 денари. Глупости.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ги образложи измените на Законот за јавна чистота. Според него со овој закон ќе се подобри јавната чистота, но и ќе се казнуваат сите оние кои ја загадуваат животната средина.

“Со законот за јавна чистота предвидено е овластување со кое униформираните полициски службеници да можат да изрекуваат прекршочни санкции во мандатна постапка за одделни прекршоци. Казната за физички лица ќе изнесува 50 евра, за плаќање во рок од 3 недели. Ако оваа казна не се плати во одредениот рок, таа најмалку ќе изнесува 150 евра во денарска противвредност“.

Заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини, забрането е фрлање и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи како и оставање на стари предмети од домаќинствата.

“Според законот ќе се плаќа казна од 50 евра за колење на кокошки и други животни на јавни места, лепење на плакати на било кое јавно место и вршење на физиолошки потреби ќе“, додаде министерот.

На отворените простори на јавните објекти освен на местата определени за фрлање и оставање на смет се забранува фрлање и оставање на предмети од домаќинството, лисја, гранки, палење, закопување и уништување на смет, како и сечење и складирање на дрва, јаглен и слично. За прекршување на овие одредби предвидено е глоба во износ од илјада до две илјади евра, за одговорните лица во правните лице и глоба во износ од 50 евра за физички лица.

Министерот рече дека “со законот исто така се препишува организаторите на јавни манифестации, митинзи, прослави и други собири се должни по завршувањето на манифестацијата да го исчистат сметот и да го остават на определено место за таа намена. Доколку бидат прекршени овие одредби предвидена е глоба во износ од две илјади до три илјади евра во денарска противвредност за правни лица и трговци-поединци“.

Надзорот над спроведувањето на овој закон е предвидено да го вршат општинските комунални инспектори и инспекторите на државниот комунален инспекторат.

Физичкото лице кое нема да ги плати казните од 50 евра може да му се предложи надминување на последиците од прекршокот да се стори со вршење или сторување на општо корисна работа во траење од 24 работни часа, односно три работни дена за вршење општо-корисна работа.

Нетпрес.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Физичкото лице кое нема да ги плати казните од 50 евра може да му се предложи надминување на последиците од прекршокот да се стори со вршење или сторување на општо корисна работа во траење од 24 работни часа, односно три работни дена за вршење општо-корисна работа.
Серпико, што ти реков?
Се крие селебрити во секој од нас :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom