..... Во Сингапур и Кина пак, има премногу продуктивност, работат за 1,5 долари на ден, и тоа не чини
Малку оф топик.
Сингапур е на 3-6 место во свет по GDP per capita, пред на пример Шведска, Данска итн.
Немој аман со дезинформации.
За Вакнин, го познавам лично човекот, живееше на времето во моја населба, се зема со Македонка и таа конечно го потсреди малку инаку беше, сигурно делумно уште е, прилично забегано чоече.
Има изгубено многу пари, му го конфискувале имотот и фирмите и еден период бил без скршена пара, од милионер станал клошар, лежел во затвор во Израел, живеел после во беда во Русија, па некако се подоправил, но е далеку финансиски од она кое бил.
Затоа пишува колумни некои, има издадено 3-4 мислам книги, една беше преписка со Груевски,кога овој беше министер.
Има завршено технички универзитет, има завршено психологија итн. многу паметен и харизматичен човек, но со доста психички проблеми, кои му направија зло во животот.
Затоа отвори, од оној линкот што беше спомнат претходно, група за поддршка на оние кои страдаат од нарцисизам и за оние кои се околу нив.
Се труди да не лупа, ама еве од време на време му излегува нешто ко написов, следниот ќе му биде нешто позитивно за Македонија и така, синусоидален е во ставовите, зависно од тоа како се чувствува најверојатно.