Добар текст, па вреди некои клучни поенти да споделиме овде:
Јасно ми е мене дека после пресот на Црвенковски, во ДПМНЕ се вклучени црвените светла.
Јасно ми е и дека во иднина ќе читеме уште многу вакви нарачани текстови од разни мирки свирки и томиќи.
Мое мислење е.
Не Црвенковски....Дејвид Палмер да беше на негово место, во иста мера ќе реагираше и возвратеше...популистички.
Да да, популистички.
Затоа што на популизам, може да му се спротиставиш....единствено со популизам.
Чудно...но вистинито.
На пример Мирка вели дека целта на Претседателот Црвенковски била, Македонија да добие лоши оценки за своите државни
перформанси, се додека неговата партија не дојде на власт.
Но Мирка, како по обичај во сите нејзини нарачани текстови, пропуштила да каже дека Македонија веќе три години добива
лоши оценки за државните перформанси.
И тоа не по заслуга на Црвенковски, туку по дирекна заслуга на популизмот на Груевски и неговата жед за што поголем рејтинг.
Дали непризнавањето на институцијата Претседател на државата Мирке, оди во прилог на државните перформанси ?
Дали со назначувањето за претседатели на судови на заслужни партиски војници, кои ги бранеа вмровските криминалци., кои немаат нит месец време работно искуство како судии а кои се таму само заради тоа што се нечии кумови или кумашини.
Дали со партизирање и на последните пори во општествениот живот, кои по некоја среќа останале имуни изминативе 17 години, ќе се подигнат државните перформанси.
Дали локалните шерифи во полицијата кои од позадина ги влечат конците и одлуките, придонесуваат за перформансите државни.
Дали се тоа смените во советот за евроинтеграции, кои беа критикувани од страна на цела Европска Унија.
Или можеби Мирка мислела на државната адмиснистрација, која се повеќе ми наликува на пренадуен балон, кој во секое време може да експлодира.
Понатаму Мирка вели:
- Да ги заштити сопствените инсталации во системот и институциите како единствена можност да остварува моќ.
Каква заштита побогу. Кои ингеренции ги има Претседателот на државата за да заштити нешто, освен за предлагање чат-пат по некој судија и именување два-троица амбасадори.
Па ова власт направи толку многу инсталации во системот, што може вода да и носат сите претходни.
- Да го потсети странскиот фактор дека тој сè уште се важи, односно ги држи сите лостови на власт.
Странскиот фактор веднаш прочита кој колку важии вреди.
Доказ за тоа се и "многубројните" посети што ги имаше нашиот Премиер со европските лидери во државава во изминатите три години.
А богами и "многубројните" покани што ги доби за посета на европските метрополи.
Ако не беше Мерхел која застана пет секунди со него, за да направи една фотка за да се фали во Македонија, или Бранко кој се смилува и го однесе во Загреб за да се слика со Буш...грујовата колекција од фотки со државници која се состои од три слики, ќе беше посиромашна за две.
Така некако странскиот фактор го вреднува Премиерот наш.
Да заклучам.
Груевски, со политиката која ја промовира и води изминативе три години, направи таква политичка клима во Македонија, за да друг и не може да му парира и пркоси.......освен Бранко Црвенковски.