секој студент треба да има нормален социјално културно забавен живот за да има корист од него општеството а не во изостанок на претходното од него да остане само исфрустрирана будала која не знае кој век сме туку само буба закони на памет и во контекст на тоа треба да се има ноќна линија на ЈСП...
Башка да се надоврзам на Џени грл мене ми е ужасно, ужасно страв да се возам сама во такси
Да во право си. И секој студент има обврска пред општеството да биде редовен на утринските предавања. Значи како ни одговара, така ќе гледаме на работите. Сакам социјален живот, па предавањата не се морални, ама општеството бара од мене социјален живот. Девојко, социјален живот е и кога ќе собереш другарка дома ќе си јадете бурек за таа шмизлата што седела на трети ред на предавања. Идење кај едниот, кај другиот. Тоа е социјален живот. Не е социјален живот искачање во град почесто (читај скоро секој ден) преку недела локање.
На темава има само двајца против, и тоа тип кој живее у најстрог центар и тип што има буџет, не за такси, лимузина до дома да го вози.
Кога станува збор за селските автобуси, јас би сакал да има линии кои ќе одат некаде околу полноќ, затоа што често ми се има случувано да се изнатрчам поштено за да го фатам последниот во 22:22. И многу е тиња моментот излегуваш на кафе и напушташ пред десет само затоа што такси од автокоманда до дома ти е над 600 денари.
И да додадам дека во последно време има толку многу контролори, што може комотно да се исконтролира секој автобус. Па кој е фраер нека се шверца.
Плус можат и алфи малку да се развозат, ги гледам по тоа голфовите џоа каубои се возат низ градот.
Пер, не сери, и кога имаше ноќни автобуси ти дома со воз идеше. Да не те знам ок ќе можеш такви финти да ми продаваш. Но мене не. Колку пати со воз имаш идено дома наместо со автобус, ајде искрено признај си? И тоа во време кога имаше ноќна линија. Зашто? Дека возот повеќе ти одговараше. За болдираното знаеш јас кај стигам за 600 денари со такси? До работа пер. Таа локација е поблиску до Куманово отколку до Скопје. Значи пријателски совет, почни да искачаш во Куманово навечер. 300 денари такси само ќе трошиш за назад.
кога ке заработувам пари...е после 23-24 година а до тогаш ке бидам финансиски зависна од родителите и ке треба да се враќам во 23:00 дома:nesvest:
Па со оглед на годините, треба да си зависна од родителите. И ќе искачаш со друштво. Ако искачаш сама, значи ќе идеш на состанок со некој типац, па матер му ебам, нека те врати типот, нека се покаже шмекер.
А од кај знајш дека баш четворица ќе излезат,па дека ќе им дојди по 50 ден?Некој излегва сам.Скапо е само за такси да се плати 200 ден.А каде другите трошоци?
Јас немам проблеми со превозот во Скопје,но сум ЗА ноќни автобуси.Нема смисла движењето на луѓето да му е ограничено само до 12 како што викате дека е.Сегде низ светот има ноќни автобуси/метроа и слично.Па макар и 5 патници мора/треба да има.
Викаш а? Во Прага последно метро ти е во 00:15. Првото метро ти е во 6 сабајле. Единствено што се движи од 00-05 се трамваите, и тоа еден трамвај на саат време, и не на релација подолга од 10 км. За да стигнев јас од центар до дома, требаше со трамвај до Дива Шарка да идам, да чекам 30 минути за конекција, па да си продолжам. Јебига, тоа е. Ама ок, низ цел свет има ноќни автобуси, је рајт. Ете ти кажав каде нема. Ако сакаш можам да ти кажам и за други места како е. Па да видиме да споредиме.
Не ни сакам да зборувам за тоа како се однесуваат патниците после полноќ. Кога им ја тргнаа таа ноќна линија што не ја почитуваа, после почнаа да кенкаат. Епа, тражили сте, гледајте.