Кој е за ЈСП да воведе пак ноќна линија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Elena F.Sinatra
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не се заборавај. Студент си, треба од 8 на предавања да идеш. Сакаме здраво општество. Нели?


Зашто морално е одење на факултет ? Сакаме образован народ. Нели ?

Иначе за Ноќни линии треба да ги има на подолг период само да се. Ги има во секој европски град.
 
Сум влагал да. Малолетни џанкеришта напушени, пијани се враќаат дома, кршат столици, пљукаат кај ќе стигнат. Такси од центар на рекорд, до Радишани е некаде 150-200 денари. 4ца по 50 денари. Карта е 35 денари. И така така во таа 57ца се качува цело маало, па нека се колективни малце.
Баш поради овие причини Псај. Сум влегол, затоа и не сум за воведување. Цели друштва што се враќаат од град, напиени, напушени... Малтретираат „нормални“ патници и речиси никогаш не купуваат карти. Цело друштво се, кој смее да им пререче нешто? Нема контролори по полноќ да има... А богами, сум се возел и во автобуси навечер кога возачот бил толку напизден баш поради овие работи што возел како лудак и жени летале насекаде. Абе хорор...

Ем загуба, ем опасно, ем треба доста вработени да ги држиш на работа во ниедно време поради никаков ќар. Не е решение. Убаво пиша rymz - бидете колективни и планирајте си превоз однапред. Со такси ќе ве фати речиси исто. Не може за 20 драчевци и неколку друштва радишанчани цела компанија да трпи. Едноставно си прерачунале дека не им се исплати и крај.

Иначе за Ноќни линии треба да ги има на подолг период само да се. Ги има во секој европски град.
И зошто ги има секаде мора и кај нас? Океј. Погледни ги автобусите во „сите“ европски градови и погледни ги кај нас. Кај нас пола столчиња се изгорени, им фалат делови и се исшкртани. Да беше културата на народот на исто ниво како и насекаде во светот - може и ќе имаше ноќни линии. Искрено, не заслужуваме. Зошто не го цениме туѓото... 10 од 15 луѓе во еден автобус се шверцаат ебаго. Автобусите не се гнасни затоа што сами се изгнасиле, туку зошто патниците ги направиле такви.
 
дефинитивно сум за да се воведе
јас не живеам во центар и последниот автобус ми е во 22:30 - 23:00 и неможам на секое излегување да давам по 250 денари на такси
ај да се собереме повеќе другарки па да поделиме но кога сакам да се видам со некои што живеат во центар..треба јас да ги дадам тие пари а финансиски зависам од други:nesum:
 
Не се заборавај. Студент си, треба од 8 на предавања да идеш. Сакаме здраво општество. Нели?
секој студент треба да има нормален социјално културно забавен живот за да има корист од него општеството а не во изостанок на претходното од него да остане само исфрустрирана будала која не знае кој век сме туку само буба закони на памет и во контекст на тоа треба да се има ноќна линија на ЈСП...
Башка да се надоврзам на Џени грл мене ми е ужасно, ужасно страв да се возам сама во такси
 
На темава има само двајца против, и тоа тип кој живее у најстрог центар и тип што има буџет, не за такси, лимузина до дома да го вози.

Кога станува збор за селските автобуси, јас би сакал да има линии кои ќе одат некаде околу полноќ, затоа што често ми се има случувано да се изнатрчам поштено за да го фатам последниот во 22:22. И многу е тиња моментот излегуваш на кафе и напушташ пред десет само затоа што такси од автокоманда до дома ти е над 600 денари.

И да додадам дека во последно време има толку многу контролори, што може комотно да се исконтролира секој автобус. Па кој е фраер нека се шверца.
Плус можат и алфи малку да се развозат, ги гледам по тоа голфовите џоа каубои се возат низ градот.
 
дефинитивно сум за да се воведе
јас не живеам во центар и последниот автобус ми е во 22:30 - 23:00 и неможам на секое излегување да давам по 250 денари на такси
ај да се собереме повеќе другарки па да поделиме но кога сакам да се видам со некои што живеат во центар..треба јас да ги дадам тие пари а финансиски зависам од други:nesum:
Па децата и треба да бидат дома во 23:00... Ти во 5 ли ќе се прибираш?

Кога ќе бидеш полнолетна и ќе заработуваш пари, тогаш ем ќе можеш да седиш до подоцна навечер - ем ќе можеш да си го платиш превозот без проблем. :)

Аман, не размислувајте само за МЕНЕ, МЕНЕ и МЕНЕ.

Не може за 35 денари да патувате каде и кога сакате во градов. Зошто тоа ќе се одрази на грбот на некој друг.

На темава има само двајца против, и тоа тип кој живее у најстрог центар и тип што има буџет, не за такси, лимузина до дома да го вози.

Кога станува збор за селските автобуси, јас би сакал да има линии кои ќе одат некаде околу полноќ, затоа што често ми се има случувано да се изнатрчам поштено за да го фатам последниот во 22:22. И многу е тиња моментот излегуваш на кафе и напушташ пред десет само затоа што такси од автокоманда до дома ти е над 600 денари.
Да пер, за 35 денари од Миладиновци од Центар, специјално за тебе ќе вози лимузината наречена ЈСП. :)

Или вкупно тројца бевте од Миладиновци кои би се враќале со истиот автобус во исто време дома?

ЈСП се утепани до коска. Немаат пари едно продажно место да го изреновираат за да не личи како да е во Пакистан... Али кога веќе толку добро бараташ со буџети, распрашај се колку влече ова јавно претприатие од буџетот баш поради загубите кои се неизбежни. Па уште и ноќни линии - харикири.

Ама тоа е проблемот... Никој не ги гледа причините, туку гледа како него му одговара.
 
Acid напиша:
Па децата и треба да бидат дома во 23:00... Ти во 5 ли ќе се прибираш?

Кога ќе бидеш полнолетна и ќе заработуваш пари, тогаш ем ќе можеш да седиш до подоцна навечер - ем ќе можеш да си го платиш превозот без проблем. :)

Аман, не размислувајте само за МЕНЕ, МЕНЕ и МЕНЕ.

Не може за 35 денари да патувате каде и кога сакате во градов. Зошто тоа ќе се одрази на грбот на некој друг.

кога ке заработувам пари...е после 23-24 година а до тогаш ке бидам финансиски зависна од родителите и ке треба да се враќам во 23:00 дома:nesvest:
 
Сум влагал да. Малолетни џанкеришта напушени, пијани се враќаат дома, кршат столици, пљукаат кај ќе стигнат. Такси од центар на рекорд, до Радишани е некаде 150-200 денари. 4ца по 50 денари. Карта е 35 денари. И така така во таа 57ца се качува цело маало, па нека се колективни малце.

Џену, Принц. Тие вработени што се после 12, се ретки. И не се баш така стари баби кои што им киднала 2ката па немаат за такси. Јебига, глупо е да има автобус а да нема луѓе.
А од кај знајш дека баш четворица ќе излезат,па дека ќе им дојди по 50 ден?Некој излегва сам.Скапо е само за такси да се плати 200 ден.А каде другите трошоци?
Јас немам проблеми со превозот во Скопје,но сум ЗА ноќни автобуси.Нема смисла движењето на луѓето да му е ограничено само до 12 како што викате дека е.Сегде низ светот има ноќни автобуси/метроа и слично.Па макар и 5 патници мора/треба да има.
 
Ацид, времињата се менуваат, воедно и смените на работа по фирмите низ градов. Реално ИМА потреба од воведување на линии. Ај сеа замисли јас и ти колеги во фирмата каде што работиш, и како ќе се враќам јас од втора смена?!
Поради такви моменти многу потешко се наоѓа работа. Работодавците ретко се толерантни за таквите случаи.
Треба да барам стан под кирија само затоа што живеам на 20 км од град или 5 км од град како Маца Кака’ на пример.
 
И зошто ги има секаде мора и кај нас? Океј. Погледни ги автобусите во „сите“ европски градови и погледни ги кај нас. Кај нас пола столчиња се изгорени, им фалат делови и се исшкртани. Да беше културата на народот на исто ниво како и насекаде во светот - може и ќе имаше ноќни линии. Искрено, не заслужуваме. Зошто не го цениме туѓото... 10 од 15 луѓе во еден автобус се шверцаат ебаго. Автобусите не се гнасни затоа што сами се изгнасиле, туку зошто патниците ги направиле такви.
На запад навистина имаат луѓето повеќе култура,но можи е така и поради казните.И кај нас да те маваат по џебот,ќе бидат сите столчиња здрави.За било каква штета,казна 2000-3000 ден и ќе видиш дали пак ќе кршат.Плус треба да си има контрола за да не се шверцуваат луѓето и така се ќе си биди во ред.
 
кога ке заработувам пари...е после 23-24 година а до тогаш ке бидам финансиски зависна од родителите и ке треба да се враќам во 23:00 дома:nesvest:
Незнам за тебе, ама јас на 16 години во 23 веќе бев во кревет...

Сегде низ светот има ноќни автобуси/метроа и слично.Па макар и 5 патници мора/треба да има.
Упатете барање тогаш, незнам што чекате уште...

Најкултурно, соберете се, побарајте помош и од невладини организации ако треба, започнете петиција, дигнете се, искажете се и објаснете им на ЈСП зошто треба да има ноќни линии. Секако, вашите причини мора да бидат далеку поубедливи од оние на „претпријатието“.

Или испратете официјален мејл на aboskovic@jsp.com.mk (генералниот директор на ЈСП) и побарајте убаво да ви елаборира зошто нема ноќни линии. Баш ме интересира одговорот :)
 
Баш поради овие причини Псај. Сум влегол, затоа и не сум за воведување. Цели друштва што се враќаат од град, напиени, напушени... Малтретираат „нормални“ патници и речиси никогаш не купуваат карти. Цело друштво се, кој смее да им пререче нешто? Нема контролори по полноќ да има... А богами, сум се возел и во автобуси навечер кога возачот бил толку напизден баш поради овие работи што возел како лудак и жени летале насекаде. Абе хорор...
Живо ме интересира како си се нашол ти во 57-ца. :icon_lol: Како и да е...
Јас немам пријатели од Бутел, така што никогаш не се враќам со друштво. Според тоа, немам со кого да поделам такси на 4 дела, а секој ден по 200 денари да тргам за тоа само, немам.
Друго. Никогаш не сум влегла во автобус напиена или напушена, не сум малтретирала сограѓани, секогаш прописно си плаќам карта и никогаш не сум ги шкртала/вандализирала на било каков начин столчињата во автобус.
Што би рекло, имало значи и нормални луѓе како мене, покрај драчевците и радишанците, на кои им е неопходна таа ноќна линија.

И како го опиша ова со жени што летале насекаде, ко Хоророт во Амитивил да го прераскажа :pos: Реално, патување во автобус ни одблиску не е толку опасно и страшно. :wink:
На темава има само двајца против, и тоа тип кој живее у најстрог центар и тип што има буџет, не за такси, лимузина до дома да го вози.
Good point, indeed.
 
секој студент треба да има нормален социјално културно забавен живот за да има корист од него општеството а не во изостанок на претходното од него да остане само исфрустрирана будала која не знае кој век сме туку само буба закони на памет и во контекст на тоа треба да се има ноќна линија на ЈСП...
Башка да се надоврзам на Џени грл мене ми е ужасно, ужасно страв да се возам сама во такси

Да во право си. И секој студент има обврска пред општеството да биде редовен на утринските предавања. Значи како ни одговара, така ќе гледаме на работите. Сакам социјален живот, па предавањата не се морални, ама општеството бара од мене социјален живот. Девојко, социјален живот е и кога ќе собереш другарка дома ќе си јадете бурек за таа шмизлата што седела на трети ред на предавања. Идење кај едниот, кај другиот. Тоа е социјален живот. Не е социјален живот искачање во град почесто (читај скоро секој ден) преку недела локање.

На темава има само двајца против, и тоа тип кој живее у најстрог центар и тип што има буџет, не за такси, лимузина до дома да го вози.

Кога станува збор за селските автобуси, јас би сакал да има линии кои ќе одат некаде околу полноќ, затоа што често ми се има случувано да се изнатрчам поштено за да го фатам последниот во 22:22. И многу е тиња моментот излегуваш на кафе и напушташ пред десет само затоа што такси од автокоманда до дома ти е над 600 денари.

И да додадам дека во последно време има толку многу контролори, што може комотно да се исконтролира секој автобус. Па кој е фраер нека се шверца.
Плус можат и алфи малку да се развозат, ги гледам по тоа голфовите џоа каубои се возат низ градот.

Пер, не сери, и кога имаше ноќни автобуси ти дома со воз идеше. Да не те знам ок ќе можеш такви финти да ми продаваш. Но мене не. Колку пати со воз имаш идено дома наместо со автобус, ајде искрено признај си? И тоа во време кога имаше ноќна линија. Зашто? Дека возот повеќе ти одговараше. За болдираното знаеш јас кај стигам за 600 денари со такси? До работа пер. Таа локација е поблиску до Куманово отколку до Скопје. Значи пријателски совет, почни да искачаш во Куманово навечер. 300 денари такси само ќе трошиш за назад.

кога ке заработувам пари...е после 23-24 година а до тогаш ке бидам финансиски зависна од родителите и ке треба да се враќам во 23:00 дома:nesvest:

Па со оглед на годините, треба да си зависна од родителите. И ќе искачаш со друштво. Ако искачаш сама, значи ќе идеш на состанок со некој типац, па матер му ебам, нека те врати типот, нека се покаже шмекер.

А од кај знајш дека баш четворица ќе излезат,па дека ќе им дојди по 50 ден?Некој излегва сам.Скапо е само за такси да се плати 200 ден.А каде другите трошоци?
Јас немам проблеми со превозот во Скопје,но сум ЗА ноќни автобуси.Нема смисла движењето на луѓето да му е ограничено само до 12 како што викате дека е.Сегде низ светот има ноќни автобуси/метроа и слично.Па макар и 5 патници мора/треба да има.

Викаш а? Во Прага последно метро ти е во 00:15. Првото метро ти е во 6 сабајле. Единствено што се движи од 00-05 се трамваите, и тоа еден трамвај на саат време, и не на релација подолга од 10 км. За да стигнев јас од центар до дома, требаше со трамвај до Дива Шарка да идам, да чекам 30 минути за конекција, па да си продолжам. Јебига, тоа е. Ама ок, низ цел свет има ноќни автобуси, је рајт. Ете ти кажав каде нема. Ако сакаш можам да ти кажам и за други места како е. Па да видиме да споредиме.

Не ни сакам да зборувам за тоа како се однесуваат патниците после полноќ. Кога им ја тргнаа таа ноќна линија што не ја почитуваа, после почнаа да кенкаат. Епа, тражили сте, гледајте.
 
Живо ме интересира како си се нашол ти во 57-ца. :icon_lol: Како и да е...
Имам братучед и братучетка од Радишани, редовно идам таму...
И како го опиша ова со жени што летале насекаде, ко Хоророт во Амитивил да го прераскажа :pos: Реално, патување во автобус ни одблиску не е толку опасно и страшно. :wink:
Такво ми беше секое второ возење во 57 навечер... :toe:
Преку ден никогаш немало проблем, само неподнослива гужва и миризба :)
 
Викаш а? Во Прага последно метро ти е во 00:15. Првото метро ти е во 6 сабајле. Единствено што се движи од 00-05 се трамваите, и тоа еден трамвај на саат време, и не на релација подолга од 10 км. За да стигнев јас од центар до дома, требаше со трамвај до Дива Шарка да идам, да чекам 30 минути за конекција, па да си продолжам. Јебига, тоа е. Ама ок, низ цел свет има ноќни автобуси, је рајт. Ете ти кажав каде нема. Ако сакаш можам да ти кажам и за други места како е. Па да видиме да споредиме.

Не ни сакам да зборувам за тоа како се однесуваат патниците после полноќ. Кога им ја тргнаа таа ноќна линија што не ја почитуваа, после почнаа да кенкаат. Епа, тражили сте, гледајте.
Викам да.Живеев Германија и таму имаше редовно метро цела ноќ,па младите редовно го користеа за да си се вратат дома од излегвање.Зборам од искуство,од тоа што сум го видела а не на памет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom