Скопје добива двоспратни автобуси?

Двокатни или нископодни автобуси

  • Двокатни

    Гласови: 58 41,7%
  • Нископодни

    Гласови: 68 48,9%
  • Не требаат автобуси, што им фали на овие...

    Гласови: 13 9,4%

  • Вкупно гласачи
    139
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Еј луѓе сеа ја да ви објаснам нешо. Добро знаете дека автобусите кои кај нас се произведуваат се Санос и дека конзервите по скопските улуци повеќето се МАН. На Трики не му одговара да ги смени МАН конзервите со Санос автобуси поради тоа што тој што ја држи фирматам МАН-МАК (увозник и дистрибутер за ман возила и делови во Македонија) му е роднина на Костовски. Значи можеме само да сонуваме за нови автобуси кои никогаш нема да ги видиме.
И да ве потсетам уште нешто. Не знам дали сте приметиле ама во последниве 3 години цело време се зборува дека во Август тековната година ќе има нови автобуси. Така е и оваа година. Август одминува ама ние од НОВИ АВТОБУСИ ни амортизер не видовме. Јас мислам дека Скопје во Август 2010 ќе добие автобуси кои ќе ги купи од ГСП Београд и кои ќе бидат раздрндани ко денешниве конзерви и ќе ги претстави како нови автобуси и како освежување на возниот парк на ЈСП Скопје.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Затоа следен пат ај да не влезам политички нема да гласате за градоначалник некој што е богат и што мислите дека ќе дадео од своите пари за нас. Барем ова вака сите мои комшии и пријатели го викаа.
 

kusi

glory for man utd
Член од
12 мај 2008
Мислења
295
Поени од реакции
3
Затоа следен пат ај да не влезам политички нема да гласате за градоначалник некој што е богат и што мислите дека ќе дадео од своите пари за нас. Барем ова вака сите мои комшии и пријатели го викаа.
да да така е сите мислеа костовски има пари и ке го опраи градов!Откога стана градоначалник им го тури на сите:kesa:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
од кога ке бидат во употреба 2спратниве?
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Па баш точно не знам.Вчера читав во весник дека е стопиран огласот.Се јавиле дури 27 светски фирми ако не се лажам пак ќе дадат во септември па така да глеј сеа ти.
Но сеуште не се знае дали ќе се на еден или два спрата.
Но голем проблем праи доколку имаме двоспратни ќе биде одржувањто.Бидејќи граживе на јсп се за едно спратни.

Инаку треба да се купат 48 за превоз и 2 панорамски двоспратни за разгледување на градот.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Па баш точно не знам.Вчера читав во весник дека е стопиран огласот.Се јавиле дури 40 компании ако не се лажам пак ќе дадат во септември па така да глеј сеа ти.
Но сеуште не се знае дали ќе се на еден или два спрата.
Но голем проблем праи доколку имаме двоспратни ќе биде одржувањто.Бидејќи граживе на јсп се за едно спратни.

Инаку треба да се купат 48 за превоз и 2 панорамски двоспратни за разгледување на градот.
Абе да ќе дадат во септември па после ќе испадне наредниот септември. И може на крај пред избори не знам кога треба за градоначалник да се гласа ама баш на крај ќе направи нешто во врска со автобусите.
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
Струмица нема автобуси за градски транспорт и сообраќај, колку што знам.
ваљда типчетo мисле на селските комбината ....
И си ги мисле како автобус :)
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
338
Поени од реакции
16
оф мори мајко скопје добива вакви автобуси такви автобуси и на крај никакви
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Битно му е супер.
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
a bi vikaa i neso ke se pravel pat samo za avtobusite, a koja kola ke vozela poniv ke imalo golemi kazni
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
a bi vikaa i neso ke se pravel pat samo za avtobusite, a koja kola ke vozela poniv ke imalo golemi kazni
Не е пат само за автобуси туку лентата која е за предимствено автобусите и која е одвоена со жолта линија, ако не си приметил ја има со години наназад ама не се почитува, само што сега долж жолтата лента ќе се наредат ко ивичници високи кои нема баш да биде пријатно да ги пресечеш, освен ако еветуално не си со џип, на кои ивичници може многу да се изместата предници, само што имаат подиректен и појак ефект од лежечките полицајци.
Проблемот е во зима, ако падне снег, да не бидат откорнати од очигледно недоволно обучениот персонал на улици и патишта.
 

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Ако помине све како што треба,би се возеле на двоспратни негдека јуни-јули идната година,,,
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Пак ќе си се возиме во едно спратните двокреветни без седишта автобуси на ЈСП. Ветија дека за зимава нов сејлотејп:) ќе стаеле на прозорите


И во оваа прилика сакам да ги поздравам и мајсторите од ЈСП

:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom