Калиопи ќе пее на Виенскиот бал, па во Будва
На официјалната web-страница на поп-дивата Калиопи за месец март се најавени два концерти. Првиот настап на првата дама на македонската поп-музика е утре, сабота 7-ми март, во скопскиот хотел Александар Палас, во рамките на традиционалниот Виенски бал.
Според планот, во 19.30 часот ќе биде организирана средба во фоајето, а балот во големата сала ќе почне во 21 часот. Освен Калиопи, ќе настапат и: оркестарот Јохан Штраус, танцовиот клуб Прима данца, ансамблот на националниот балет при МОБ, танчарската двојка од Австрија Роман Меер и Сирет Силак, диригентот Саша Николовски - Ѓумар, но и поп-изведувачите Драган Мијаловски, Елена Петревска, Аренси бенд и Арт секстет.
Билетите се по 2.500 и 4.500 денари, а билетите за студенти чинат по 1.200 денари.
Вториот настап на Калиопи во месец март е на 19-ти, кога ќе има концерт во Будва, во казиното Маестрал.
Концертот во Загреб, кој требаше да се случи на 29-ти март во престижната сала Ватрослав Лисински е одложен, а новиот датум ќе биде соопштен дополнително.
Периодов Калиопи ќе се посвети на финиширањето на заедничкиот албум со светски прочуениот лаутист Едеин Карамазов. На албумот ќе доминираат теми од целиот свет. За овој албум одлична увертира е неодамна објавениот соло-проект на Карамазов – The Lute is a Song, на кој освен Калиопи му гостуваат и Стинг, Рене Флеминг и Андреас Шол.
Заедничкиот албум на Един Карамазов и Стинг - Songs from the Labyrinth, до сега е продаден во над еден милион примероци, и е најпродаваниот албум на класична музика (на издавачката куќа Дојче грамофон), на сите времиња.
ZAD NEA STOJAT VISTINSKI DELA!:helou:ZATOA SVATETE DEKA BILA E I KE OSTANE!NASATA POP DIVA!