Калиопи

  • Креатор на темата Креатор на темата vence22
  • Време на започнување Време на започнување
не само шо се обрука, самата си напрај негативен поен да има публиката за неа, а богами и со нејзините изјави.. далеку стигна..
само нека продолжи и супер ќе биди:tapp:

Во минус ќе остани дооооолго време. :tapp:
 
Реакција!

Калиопи до крај и останува верна на својата публика

D2B795C99B137F4C9723305FB7F7CD33.jpg
Земајќи ги в предвид написите и шпекулациите без кои очигледно не може да помине ниту еден евровизиски избор во Македонија, Калиопи Мјузик Продукција како официјален правен застапник на Калиопи во јавноста и Калиопи се оградуваат од било какви изјави и коментари по однос на изборот, пред се заради опасноста од нивно вадење од контекст на кажаното, со што само се доведува во прашање одржаниот избор и се создаваат неосновани ставови и впечатоци кај пошироката македонска јавност.

E3EACF640DE8EA44B52270E81C06BFBC.jpg
Исто така би сакале да потенцираме дека временото повлекување на Калиопи од сите јавни настапи и манифестации во Македонија се должи пред се на нејзината престојна балканска турнеа, а никако не заради своевиден протест или револт кон однесувањето на малубројните навивачки табори во Универзалната Сала, зошто тие не се олицетворение на македонскиот народ кој секогаш досега умеел да ги препознае и почитува вистинските вредности и квалитет.

Калиопи токму преку своите следни концерти во Македонија секогаш до крај ќе и остане верна на својата публика и на своите обожаватели.
Со почит,
25.02.2009,
Скопје Калиопи Мјузик Продукција​

А, зошто тогаш се откажала од Бубамара?
И вечер баш да не има балканска турнеја па не можела да отиде?

пер ова се вика public relations = 90% лажење.

Јас се уште мислам дека Калиопи е прекрасна личност, голем патриот и најдобар женски вокал во Македонија. А што се однесува до изјавата, невидена глупост и невистина! Песната не и беше за на евровизија и не заслужи да победи да, но талку некултурно да се испонаша цела публиката во салата и форумов неам видено. А да и Дијаманте со твоите постови стварно ми создаваш негативен поглед за Каролина и нервоза, дај одмори ја од фалење !

Публиката му свиреше на жирито поради нивниот избор...никој не викаше УА на песната кога ја испеаа.
 
Информацијата на Вест:
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=164020&idg=9&idb=2608&rubrika=Makedonija

И следува:


Значи еден таблоид пушта дезинформација. Целта - линч. Ни прв ни последен.
А мотив. Па еве и јас тогаш малку да шпекулирам.
Рекет. Или можеби политичка пресметка. (Предходно беше нападната од истиот весник поради учество во некоја владина кампања.)

Но да не заборавиме дека и Тоше(пред да загине) имаше сличен третман од истиот таблоид. А по смртта и неговата менаџерка.
Но тоа е одраз на нашето новинарство и општеството во кое живееме.
Далеку од тоа дека била рекетирана Вест само ја објави вистината што на Калиопи и многу пречеше па после се правдаше како случајно ја сретнале на улица како да не мислам со тој одговор може да ги лаже малите деца,исто така Каљопа во 2001 кога Дневник го објави списокот на пејачи кој се проституираа со тогашниот министер за внатрешни работи на кој беше и ценетата Каљопа таа и тогаш бесно реагира фрлајќи го весникот во корпа во нејзиниот спот и тука беше најголемата новинарска грешка оти тоа да го направеше некој во Србија сите новинари жив ќе го закопаа оти таа плукаше по сопствената вистина и факт беше дека зела пари али не сакала тоа јавно да се каже а и се правдаше дека како граѓанин ги заслужила тие пари и само замислете си за секој загинат војник кој го дал својот живот за државата беше исплаќано по 10000марки а за чесната Каљопа МВР плати 15000марки оти јаднава немала пари да ја плати универзална сала за концертите во тоа време нејзин коментар беше дека се со цел да бидат влезниците поефтино да не плаќале граѓаните.Но народот нафта не пие кога тогаш вистината излегува на виделина.Така да многу не обвинуајте ги новинарите оти ако они почнат да плукаат за се што реално се случува тешко дека некој ќе го преживее тоа цунами.А што се однесува до Тоше и до Љиља баш поради тоа што новинарите го сакаа Тоше па многу работи ги премолчуваа и за него а пред се за работата на Љиља.
 
Абе ај само се глупира по весници овој нема да ја видел тој нема да ја видел.
Така викаше и дека нема да учествува на евровизија освен со покана па пак се појави. Се виде дека жирито се за нив ама шо да праат публиката ја освоија NEXT TIME.
 
Јас бев анкетирана на улица. Никој не ми платил да зборувам добро или лошо за владината политика. Можев и да не одговорам,но не сум против анкети и сметам дека е добро секој да може да го каже своето мислење за определени прашања, вака познатата пејачка Калиопи Буклевска го објаснува своето појавување во еден од серијата спотови од кампањата „24 часа на ден/седум дена во неделата, преродбата продолжува“, што деновиве се „врти“ на програмите на електронските медиуми.Медиумите во последно време се преплавени со јавни личности што ја фалат Владата за тоа што и како сработила. Но, оние што се занимаваат со проблемот на корупцијата предупредуваат дека овој „феномен“ не може да се гледа само од аспект на нивното право да кажат што мислат и за тоа да добијат или да не добијат паричен надоместок.

Стварно не знам оваа кого лаже. :tapp:
Баш Владата шетала со камера и „случајно“ фатила доста познати личности, а овие веднаш без размислување се согласиле да ја испофалат истата, без ниту еден лош збор за нив. :tapp:

Еве го и фамозниот коментар на Горан Михајловски, кој е доста реален.

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ја обожавам Калиопи. И јас, и жена ми и децата. И ги пееме песните по дома.
Ја видов на онаа реклама 24 часа/7 дена во неделата како ја фали Владата. И после прочитав како се правда дека случајно ја сретнале на улица.
Па ако е така, не видов дека стегнала тужба против Владата за злоупотреба.
Калиопи, душичке, зошто ти требаше тоа понижување? Па ти си многу поголема и од Никола Груевски и од сите министрикои ги фалиш. Си ги поминала и Бранко и Љубчо и Киро... И Тито си го поминала, уште на "Златно славејче". Сите тие доаѓаат и си заминуваат. Само ти си sвезда и остануваш. Па тие деца на кои сега им се умилкуваш би биле пресреќни да бидат во твоја близина. Би се тепале да ти земат автограм. Наместо да го уцениш Груевски да ти ги платат авторските права за "Месечина", ти ја фалиш Владата оти и рекла "Не" на Европа. Што фајде имаш ти од тоа? дали тоа ти помага да живееш добро од твојата работа, без да мора да очекуваш милост од власта. Без разлика дали е Груевски, или некој друг, дали е од оваа, или од онаа партија.
Замислете ја Викторија Бекам да застане на улица во Лондон. И да рече: "Многу е фин овој Гордон Браун, работи нон-стоп како драгстор". Или, Мадона. Оти Мадона е поп кралица, а Калиопи е поп -дива.
Работел Груевски 24 часа, седум дена во неделата. Па зошто го плаќаме? Тоа му е работа. Зошто Калиопи би требало да биде зачудена, а премиерот да плаќа реклами за тоа да ни го соопшти.
Малку sвезди имаме во Македонија. Едната лани загина на автопат во Хрватска. Другата се понижи. Се самоуби пред камера.
[/FONT]
 
незнам што и беше работата со евровизијата...:toe: Калиопи има одличен глас и песни а баш за Евровизија такво нешто, стајлингот беше како да гледаш "The Addams Family" па уште со Наум леле :kesa: а за тоа дали ке продолжи да настапува во Македонија или не - не се знае, новинарите имаат навика да трескаат глупости за поголем тираж, али верувам дека секој би бил посрамен после такви овации па се е можно, како и да е немам ништо против неа само нека продуцира добри песни како порано па јбг секој музичар има и неубави песни во кариерата :helou:
 
Имат глас,убав за слушање,али ко ке се раздерит,ептен пискат бе,не знам како не сфаќат дека не е убо за слушање.
 
Па вака во текстот на нејзината легендарна песна РУМ ДУМ ДУМ вели ЗБОГУМ ова ќе судбински да е или пак знаеле што ќе се случи.....

Инаку пријателите на Калиопи од нејзиното здружение Шпато на големо поткренаа кампања во нејзина одбрана дека иконата и жива легенда ова не го заслужила а да предложеа закон да сите мораат да ја слушаат сакаат и почитуваат и кој плукне 50евра казна?
Али никако да сфатат дека тие свирежи првин беа упатени кон жирито кое гласаше за пејач а не за песна и во крајна линија кон нејзината песна што е факт дека цела нација е едногласна за легендарната рум дум дум и за тоа колку е добра или не.:uvo:
 
Aбе мани ми ја, брука невидена, зела сега икона да ја праеле?
Аман, не е крај на свет, која е Калиопи, такви почести не бара ни Обама, па она ќе барала
Дај врати се жено на сцена како досега, ако сакаш пеј, ако сакаш , не пеј и не прави скандали со вакви изјави и глупирања по печатени медиуми и здруженија
Толкаво его не сум видела
 
[/quote]Публиката му свиреше на жирито поради нивниот избор...никој не викаше УА на песната кога ја испеаа.[/quote]

Не само што викаја УА, туку и свиреа кога заврши песната само имаше и културни луѓе што ракоплескаа, па не се слушаа чисто свирежите! Ете официјално Калиопи преку нејзината продукција се оградува од секакви шпекулации и оди на балканска турнеја, затоа ќе ја нема во Македонија.
 
A каква е таа балканска турнеја само во Србија?
Зашто во ХРВАТСКА неја знаат, верувајте
 
Жена - психопат. Така ми делува. Не знам налудничава ми е некако.

Не знам како може да ја слушате, ама ок вкус сепак.
 
Публиката му свиреше на жирито поради нивниот избор...никој не викаше УА на песната кога ја испеаа.[/quote]

Не само што викаја УА, туку и свиреа кога заврши песната само имаше и културни луѓе што ракоплескаа, па не се слушаа чисто свирежите! Ете официјално Калиопи преку нејзината продукција се оградува од секакви шпекулации и оди на балканска турнеја, затоа ќе ја нема во Македонија.[/quote]

Аххх...разбирам. Веројатно зашо јас гледав преку тв а ти беше веројатно во универзална.

Еј а некој има линк кон таа веста кајшто Калиопи изјавила дека ако не биде избрана оваа година следната ќе пее на Евровизија за наредна земја? Малце ми изгледа оваа изјава премногу контраверзна за да биде вистинита. Калиопи не беше таква :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom