jasisamojas
Не ми треба титула
- Член од
- 26 ноември 2008
- Мислења
- 762
- Поени од реакции
- 423
(Позајмено од МММ!)
Калиопи уште еднаш докажа дека е вистинска дама!
По синоќешниот концерт на Калиопи во Метрополис арена, во чест на љубовта и виното, едно е дефинитивно јасно – таа е централна личност на домашната музичка сцена. Тоа само го потврди со овој концерт, на кој се покажа како врвен автор и изведувач, и секако, како неповторлив шоумен...
Но, да тргнеме со ред...
Синоќешниот концерт во респектирано пополнета Метрополис арена, во продукциска смисла на зборот беше врв за домашни услови. И, не само за домашни! Концертот на Калиопи за Денот на вљубените, но и за Свети Трифун пред се, беше комплетна аудио-визуелна приказна, репер за одличен концерт и во регионални рамки. Тоа по дифолт значи дека сите наши шатро-ѕвезди/ македонски девојчиња, кои со години не убедуваат дека се многу важни за општеството и соседството, и тоа како имаат уште многу работи за учење. Концертот на Калиопи, одржан синоќа, во најмала рака за нив е школски пример како тоа го прават вистински дами.
За звучната слика на концертот синоќе беше ангажиран еден од врвните балкански саунд-инжинери – белградскиот роуди Никола Врањковиќ, лидер на познатиот српски андерграунд бенд Блок аут и постојан соработник на водечките состави во регионот – Лет3 и Бајага и Инструктори. Ако се земе в предвид дека со Никола безмалку целиот концерт зад микс-пултот го помина и Дарко Димитров, продуцентот на Калиопи на сите нејзини албуми по 1999-та година, не зачудува фактот дека звукот беше беспрекорен, што, пак, не се случува премногу често.
Визуелно, стејџот беше толку добро стокмен, и изгледаше блескаво и светски, па концертот ни беше како да сме на гости кај некоја од најголемите ѕвезди од глобалната сцена. Режисерот Васил Зафирчев, кој овој пат за позадина ги одбра лед-екраните, кои, пак, се покажаа како одличен избор, со перфектно вметнати апликации, соодветни за секоја песна, овој пат се надмина себе си.
Иако во светот на шоу-бизнисот одамна е измислена топла вода, на концертот на Калиопи сите уживаа во боите и светлата, сите беспрекорно се забавуваа, и на никого не му беше здодевно.
Неспорно е дека Калиопи до сега многу пати настапуваше во Скопје. Ја видовме на гламурозен концерт со лисја пред неколку години. Потоа, во интимна приказна со пијаното, па со многу гости, со гудачи, хорови, звучни имиња... Но, никогаш не ја видовме во ова издание – сама со својот бенд, на толку перфектна сцена. Како да сакаше да ни докаже (и успеа во тоа!), дека нејзе не и се потребни помпезни гости, за да приказната биде комплетна.
Оттаму, присуството на единствениот гостин на концертот – фолк-легендата Наум Петрески, со кого Калиопи следната недела ќе настапи на националниот Евросонг, кој патем ја отпеа антологиската Има ли песна, беше повеќе пријателски респект, отколку нешто друго. Освен тоа, петминутната пауза македонската поп-дива ја искористи и да си ја смени тоалетата, со напомена дека за креациите и овој пат беше задолжена Розе Трајческа.
Концертот на Сајмиште синоќа Калиопи го започна со ремиксот на големиот хит Црне руже (by Горан Кан), а продолжи исто така со темите од последното цеде – Желим ти реќи – Зовем се, Бар да си ту, Грев, Пробуди ме... Се редеа најголемите хитови од целата нејзина кариера – внимателно избрани нови и стари песни – петниот хитЉуби, па Од себе не одустајем, Желим ти реќи, Ако денот ми е ноќ, Дали ме сакаш, За само еден ден, Најмила, Дај да пијам, 1000 Божји цветови, Обои ме, Тоа сум јас, За кого постојам, Не ми го земај времето, Во мојот свет Дари дари дам...
Финалето им припадна на нејзините хитови од осумдесеттите години на минатиот век – Лео и Роѓени (Бато), што беше и кулминација на концертот. За бис уште еднаш беше исполнета Дај да пијам, во чест на прекрасните вина Тиквешки, а на барање на публиката, и грандиозната балада Кога проклето ти требам, како и антологиската Месечина и патриотската На пат до Македонија, која е одличен пример за тоа како со песна се сака својата земја. По цели два часа и 15 минути се спушти завесата...
Кога се ќе се собере и ќе се одземе, синоќа Калиопи направи извонреден концерт. Неповторлив, а во исто време и недостижен за многу имиња, не само од Македонија, туку и пошироко, од Балканот. Бридружниот Бретлес бенд, кој постојано настапува со неа, несомнено го оправда својот статус – најголемите се секогаш со најголемите. Големо браво за Влатко Георгиев (сајзери), Дино Милосављевиќ (тапани), Џоле Максимовски (бас), Танче Гроздановски (соло и ритам гитара), но и за Наде Талеска (придружен вокал), и Ташко (втората гитара), кој е повторно во бендот.
Во изминативе 3-4 месеци имав можност три пати да ја гледам Калиопи на различни сцени – во Загреб, Белград и синоќа во Скопје. И, секој пат понуди поразлична приказна од претходната. Поразличен концепт, а во суштина есенцијата беше иста – таа, нашата, неповторлива и врвна Калиопи. А, тоа го можат само најголемите!