Калиопи

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
(Позајмено од МММ!)
Калиопи уште еднаш докажа дека е вистинска дама!

По синоќешниот концерт на Калиопи во Метрополис арена, во чест на љубовта и виното, едно е дефинитивно јасно – таа е централна личност на домашната музичка сцена. Тоа само го потврди со овој концерт, на кој се покажа како врвен автор и изведувач, и секако, како неповторлив шоумен...

Но, да тргнеме со ред...

Синоќешниот концерт во респектирано пополнета Метрополис арена, во продукциска смисла на зборот беше врв за домашни услови. И, не само за домашни! Концертот на Калиопи за Денот на вљубените, но и за Свети Трифун пред се, беше комплетна аудио-визуелна приказна, репер за одличен концерт и во регионални рамки. Тоа по дифолт значи дека сите наши шатро-ѕвезди/ македонски девојчиња, кои со години не убедуваат дека се многу важни за општеството и соседството, и тоа како имаат уште многу работи за учење. Концертот на Калиопи, одржан синоќа, во најмала рака за нив е школски пример како тоа го прават вистински дами.

За звучната слика на концертот синоќе беше ангажиран еден од врвните балкански саунд-инжинери – белградскиот роуди Никола Врањковиќ, лидер на познатиот српски андерграунд бенд Блок аут и постојан соработник на водечките состави во регионот – Лет3 и Бајага и Инструктори. Ако се земе в предвид дека со Никола безмалку целиот концерт зад микс-пултот го помина и Дарко Димитров, продуцентот на Калиопи на сите нејзини албуми по 1999-та година, не зачудува фактот дека звукот беше беспрекорен, што, пак, не се случува премногу често.

Визуелно, стејџот беше толку добро стокмен, и изгледаше блескаво и светски, па концертот ни беше како да сме на гости кај некоја од најголемите ѕвезди од глобалната сцена. Режисерот Васил Зафирчев, кој овој пат за позадина ги одбра лед-екраните, кои, пак, се покажаа како одличен избор, со перфектно вметнати апликации, соодветни за секоја песна, овој пат се надмина себе си.

Иако во светот на шоу-бизнисот одамна е измислена топла вода, на концертот на Калиопи сите уживаа во боите и светлата, сите беспрекорно се забавуваа, и на никого не му беше здодевно.

Неспорно е дека Калиопи до сега многу пати настапуваше во Скопје. Ја видовме на гламурозен концерт со лисја пред неколку години. Потоа, во интимна приказна со пијаното, па со многу гости, со гудачи, хорови, звучни имиња... Но, никогаш не ја видовме во ова издание – сама со својот бенд, на толку перфектна сцена. Како да сакаше да ни докаже (и успеа во тоа!), дека нејзе не и се потребни помпезни гости, за да приказната биде комплетна.

Оттаму, присуството на единствениот гостин на концертот – фолк-легендата Наум Петрески, со кого Калиопи следната недела ќе настапи на националниот Евросонг, кој патем ја отпеа антологиската Има ли песна, беше повеќе пријателски респект, отколку нешто друго. Освен тоа, петминутната пауза македонската поп-дива ја искористи и да си ја смени тоалетата, со напомена дека за креациите и овој пат беше задолжена Розе Трајческа.

Концертот на Сајмиште синоќа Калиопи го започна со ремиксот на големиот хит Црне руже (by Горан Кан), а продолжи исто така со темите од последното цеде – Желим ти реќи – Зовем се, Бар да си ту, Грев, Пробуди ме... Се редеа најголемите хитови од целата нејзина кариера – внимателно избрани нови и стари песни – петниот хитЉуби, па Од себе не одустајем, Желим ти реќи, Ако денот ми е ноќ, Дали ме сакаш, За само еден ден, Најмила, Дај да пијам, 1000 Божји цветови, Обои ме, Тоа сум јас, За кого постојам, Не ми го земај времето, Во мојот свет Дари дари дам...

Финалето им припадна на нејзините хитови од осумдесеттите години на минатиот век – Лео и Роѓени (Бато), што беше и кулминација на концертот. За бис уште еднаш беше исполнета Дај да пијам, во чест на прекрасните вина Тиквешки, а на барање на публиката, и грандиозната балада Кога проклето ти требам, како и антологиската Месечина и патриотската На пат до Македонија, која е одличен пример за тоа како со песна се сака својата земја. По цели два часа и 15 минути се спушти завесата...

Кога се ќе се собере и ќе се одземе, синоќа Калиопи направи извонреден концерт. Неповторлив, а во исто време и недостижен за многу имиња, не само од Македонија, туку и пошироко, од Балканот. Бридружниот Бретлес бенд, кој постојано настапува со неа, несомнено го оправда својот статус – најголемите се секогаш со најголемите. Големо браво за Влатко Георгиев (сајзери), Дино Милосављевиќ (тапани), Џоле Максимовски (бас), Танче Гроздановски (соло и ритам гитара), но и за Наде Талеска (придружен вокал), и Ташко (втората гитара), кој е повторно во бендот.

Во изминативе 3-4 месеци имав можност три пати да ја гледам Калиопи на различни сцени – во Загреб, Белград и синоќа во Скопје. И, секој пат понуди поразлична приказна од претходната. Поразличен концепт, а во суштина есенцијата беше иста – таа, нашата, неповторлива и врвна Калиопи. А, тоа го можат само најголемите!
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Прекрасен концерт! Одамна не сум посетила волку добар концерт на македонски изведувач!
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Првата статија и критиката за концертот се сосем ОК, од слики гледам дека Калиопа се облекла ко за на театар, па не е ни чудо кога Васил го режирал се тоа
После тоа, гратиси се делеа секој ден на сите можни емисии, дури и во една емисија на скопската БТР и МТМ даваа гратиси за концертот
И не се чудете, Калиопи оди на Евровизија, ова е се една гголема реклама, девојката рече дека нема веќе да настапува на Еворвизија, али кога и е се обезбедено.....жирито ќе биде за неа
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192

Со сета почит кон тебе и твојата пристрасност кон Каролина, мегутоа Калиопи за Каролина е Тина Тарнер.И те молам немој многу да збориш за делење гратиси и слично дека горе доле и за Каролина беше истото.И уште едно.Твојата пулена незнае да направи атмосфера на концерт, не знае да комуницира со публиката и слично.И прекини дали е ова реклама или не.И Каролина пред Евровизија си праеше концерт да си се испромовира затоа што знаеше дека после Евровизија ке и опадне рејтингот.И заслужува жирито да биде за неа.
Цени си ја и почитувај си ја Каролина ама прекини да јадеш го*на за другите кај ке стигнеш.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
19
Поени од реакции
0
:baeh::toe:KALIOPI POKAZA I DOKAZA DEKA E BR.1 VO DRZAVAVA PA I NADVOR.PODOBAR KONCERT ZDRAVJE...........EDINSTVENA BILA I KE OSTANE,A REZIJATA NA KONCERTOT.........KOGA E OD ZAFIRCEV I ZA TOA NETREBE MUABET DOKAZAN E I TOJ.ZALUDNO E KAKVI SAKATE GLUPOSTI BILA E I KE BIDE BR.1.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Со сета почит кон тебе и твојата пристрасност кон Каролина, мегутоа Калиопи за Каролина е Тина Тарнер.И те молам немој многу да збориш за делење гратиси и слично дека горе доле и за Каролина беше истото.И уште едно.Твојата пулена незнае да направи атмосфера на концерт, не знае да комуницира со публиката и слично.И прекини дали е ова реклама или не.И Каролина пред Евровизија си праеше концерт да си се испромовира затоа што знаеше дека после Евровизија ке и опадне рејтингот.И заслужува жирито да биде за неа.
Цени си ја и почитувај си ја Каролина ама прекини да јадеш го*на за другите кај ке стигнеш.
Па вака како прво да ти кажам дека на ниеен медиум Каролина не делеше гратиси ниту пак некогаш јавно делела гратиси како што тоа го правеше Калиопи а и сите останати,кажи ми само на која емиција и кога Каролина делела гратиси,никогаш, а за атмосфера на концерт првин присуствувај па после коментирај оти вие што сте по цел ден на компјутер сигурно нема никој да ви направи атмосфера.
За овој концерт не можам да коментирам бидејки не сум бил прочитав нешто а со оглед дека тоа беше напишано од нејзиниот личен портпарол Иван Бечковиќ од МММ не го сметам за валиден оти е пристрасен,а што се однесува до евровизија ако се професионалци во жирите тие треба да одлучат дали заслужува или не, али од публиката само со наместен телевоутинг може да добие последниот пат беше дури 6-та што беше нејзин дебакл оти некој анонимни беа пред неа.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Со кое право Калиопи во Експлозив викаше демек „ако сега ја утнеме шансата да не ја пратиме, веќе никогаш нема да настапувала на нашиот избор“? :tapp:
Она и во нејзиниот „Азис период“ настапи на Евровизија сосема незабележано, па по 3 години еве ја пак.

А, МММ многу ме нервираат, пишуваат за Калиопи, а индиректно во истиот текст за концертот плукаат по друга пејачка (со чија продукциска куќа инаку се имаат раскарано), претпоставувам знаете за кого зборувам.
BTW, истиот дотичен сајт 24/7 и прави предевровизиска кампања: Калиопи отиде ваму, Калиопи отиде онаму и сл.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
И мене ми пречи тоа многу, али јас се надевам таа друга продукциска куќа, која знаеме која е, добро ќе се справи со ваквата нова изјава на МММ, осносно со брачниот пар Иван и Маја Бечковиќ кои според мене за вакви изјави заслужуваат казна затвор, ако не друго

Калиопи како пејачка и како глас, не ни ми е целта сега да ги коментирам, тоа е нешто совршено за мене
Меѓутоа жената доживеа дебакл кога ЕЛЕНА победи на Евросонг и тогаш рече дека веќе никогаш нема да пее на Евровизија ако не е коцката на МТВ во нејзини раце
Дали сега коцката на МТВ е во нејзини раце?
Жирито ќе гласа за веќе докажано пејачко име како Калиопи, но ако не е наместен телевоутингот, што и не верувам дека ќе биде, тогаш за Евровизија од телевоутинг шанса имаат младите пејачи како Белов, Некст Тајм, Влатко Лозаноски
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Слушам шутки имало на концертот на Калиопи.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Со кое право Калиопи во Експлозив викаше демек „ако сега ја утнеме шансата да не ја пратиме, веќе никогаш нема да настапувала на нашиот избор“? :tapp:
Она и во нејзиниот „Азис период“ настапи на Евровизија сосема незабележано, па по 3 години еве ја пак.

А, МММ многу ме нервираат, пишуваат за Калиопи, а индиректно во истиот текст за концертот плукаат по друга пејачка (со чија продукциска куќа инаку се имаат раскарано), претпоставувам знаете за кого зборувам.
BTW, истиот дотичен сајт 24/7 и прави предевровизиска кампања: Калиопи отиде ваму, Калиопи отиде онаму и сл.
Искрено не знам што очекувате од мајка која го оставила сопственото дете да направи нешто паметно.Ја почитувам Калиопи како уметник и нејзината музика но се останато од неа е катастрофа,во јавноста сака да се претстави како некоја чесна сестра а таа е се само не тоа,многу пати таа плукала па после го лижала тоа што го исплукала. А што се однесува до МММ тие се лични потпароли на Калиопи така да нормално е да плукаат по се што е конкуренција на Калиопи само јас би ги прашал што со продажбата на албумите на Калиопи е тука ги нема нигде ја нема на ниту една листа и во ех ју оти никој и не купува.
Доколку Калиопи сака нешто да направи надвор од МКД мора да ослаби 35кг оти нејзината тежина изгледа превулгарно и одвратно а и мислам дека треба да се огледа на нејзините идоли Тереза Кесовија и Јосипа Лисац кој и во 70-та односно 60-та изгледаат одлично и тој физикус е пред се здрав живот а и почит кон сопствената публика.
Се сеќавам минатата година кога пееше во Будва на фестивалот(јас бев во публика) имаше ужасни коментари од страна на публиката кога таа излезе да пее зашто и така беше лошо облечена а и со се нејзината килажа тоа беше катастрофа.
Некој овде ми ја споменува Тина Тарнер па таа и на 73г изгледа топ што Калиопа може само да го сонува.
А и ова сакав да го кажам Калиопи страшно се фалеше со Един карамазов и Стинг за нива соработка па еве тие двајца имаа концерти во Белград и Загреб али замислете не ја повикаа Калиопи со што се потврдија нејзините лаги или можеби сватиле шо човек е таа.
 
Оф мори мајко.Ко што некој ти пишал на профил дека ти се чуди на паметот што го имаш и јас ти се чудам.Прво ти се чудам како само се дрзна да го споменуваш детето на Калиопи( кое е со заостанат метален развој).И детето не и е оставено.Детето и се наога во Швајцарија, во болница специјално наменета за деца со такви проблеми и е постојано посетувано од неговиот татко(кој живее во Швајцарија) и од Калиопи.Значи знаеш да удриш таму каде што некој најмногу го боли.Стави се во нејзина улога и види со колкава болка се соочува жената знаејки дека нејзиното најмило е со менатално заостанување и далеку од неа.Наместо да збориш иди донирај да се изгради таков центар и кај нас па и таа да си го донесе детето а и многу други кои ги дале децата на лекување во центрите низ Европа.
А кога сме кај тежината.Секоја ти чест.Ги цениш лугето според тоа како се обелкуваат и колку килограми имаат?Засрами се што си дозволи да кажеш нешто такво за една особа која прво може да ти биде мајка, а второ за жена која направила толку многу за македонската музичка естрада.
Се облекува чудно и што?Има вишок килограми и што?Па ако е крупна ко да не смее да пее?
Крај на крај сум сретнал на форумов секакви будали кои не знаат ништо друго освен да седат на компјутер и да јадат го*на за се и се што.Форум е искажете си го мислењето ама нема потреба од коментари ко твојот.И дека ти знае тоа устата многу микрофонот во рака да видиме што фраер си.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Оф мори мајко.Ко што некој ти пишал на профил дека ти се чуди на паметот што го имаш и јас ти се чудам.Прво ти се чудам како само се дрзна да го споменуваш детето на Калиопи( кое е со заостанат метален развој).И детето не и е оставено.Детето и се наога во Швајцарија, во болница специјално наменета за деца со такви проблеми и е постојано посетувано од неговиот татко(кој живее во Швајцарија) и од Калиопи.Значи знаеш да удриш таму каде што некој најмногу го боли.Стави се во нејзина улога и види со колкава болка се соочува жената знаејки дека нејзиното најмило е со менатално заостанување и далеку од неа.Наместо да збориш иди донирај да се изгради таков центар и кај нас па и таа да си го донесе детето а и многу други кои ги дале децата на лекување во центрите низ Европа.
А кога сме кај тежината.Секоја ти чест.Ги цениш лугето според тоа како се облекуваат и колку килограми имаат?Засрами се што си дозволи да кажеш нешто такво за една особа која прво може да ти биде мајка, а второ за жена која направила толку многу за македонската музичка естрада.
Се облекува чудно и што?Има вишок килограми и што?Па ако е крупна ко да не смее да пее?
Крај на крај сум сретнал на форумов секакви будали кои не знаат ништо друго освен да седат на компјутер и да јадат го*на за се и се што.Форум е искажете си го мислењето ама нема потреба од коментари ко твојот.И дека ти знае тоа устата многу микрофонот во рака да видиме што фраер си.

Убаво кажано, али баш во стилот на КАЛИОПИ е :tv:
За детето, никој не знае какво е, меѓутоа ако е точно ова што го зборуваш, тогаш зшто КАЛИОПИ не отиде таму да се грижи и секојдневно да го посетува детето, место да пее РУМ ДУМ ДУМ тука
Не е во ред да обвинуваш некого за тоа, ако и самиот правиш грешки бранејќи ја Калиопи
За килограмите и облеката не би коментирала,
чесноста, хуманоста се оние карактеристики преку кои и сите ние ја знаеме и така ни се има претставено, она ќе биде секогаш милата Калиопи која ќе ја почитуваме, меѓутоа и пејачка која не треба да се пали на Евровизија и да не уценува како народ сега пред престојниов Избор за да се гласа за неа, инаку нема веќе да ја видиме на овој Избор, истиов муабет го рече и пред 3 години кога не успеа во годината кога победи НИНАНАЈНА
Кружеа муабети дека откако се вратила од Швајцарија, Калиопи изгледала дрогирано, не би коментирала, не се сеќавам каква беше
 
rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Дијаманте љубави добро што си исклучила репутација дека со ваквите твои изјави и наливи на глупост до сега ке имаше 5 црвени квадрати.
П.С Инаку зашто исклучи репутација?Да не е дека кажуваш многу мудрости?:pos2:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
За детето, никој не знае какво е, меѓутоа ако е точно ова што го зборуваш, тогаш зшто КАЛИОПИ не отиде таму да се грижи и секојдневно да го посетува детето, место да пее РУМ ДУМ ДУМ тука
Не е во ред да обвинуваш некого за тоа, ако и самиот правиш грешки бранејќи ја Калиопи
Дијамантна а да прекинеше со глупостите не ќе беше лошо.
Детето секој кој барем малку се заинтересирал знае дека е психо-физички болно, а тоа што таа не е во Швајцарија и што пее тоа е друг муабет. Ти не можеш да и кажеш што таа да прави и како да се однесува кон нејзиното дете. Убаво ти кажа Стефан, донирај пари да се изгради и опреми таква болница во Скопје и Калиопи ќе биде секогаш блиску до своето најмило.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom