С
Сатори
Гостин
Конечно, не ја мразат тие Македонија и не ги презираат тие вистинските Македонци. Тие и завидуваат на Македонија. Им завидуваат на вистинските Македонци бидејќи се свесни дека никогаш нема да бидат како нас. Не знам за вас, останати вистински Македонци, но јас не ги мразам, јас ги сожалувам фалсификатите...
Кој си ти бре да кажуваш кој е вистински Македонец?
Кој ти го даде тоа право?
Само затоа што си се родил во оваа земја, тоа не те прави адекватен за да плукаш по луѓето што на неа гледаат само како на територија во која нема леб.А да не летаме по розови соништа и пеперутки, и баш нема.
Со кое право се обвинуваат луѓето затоа што се незадоволни, затоа што и да сакаат не можат да кажат убав збор за тие што ги крадат, тепаат и на крајот им врзуваат црвена панделка на изборите.
Македонец не се гледа по зборовите, туку по делата, а знаеш, има луѓе кои што се поголеми Македонци од сите отворени и наводно патриотски теми и зборови по форумите.
Ама сега на сите ви текна, дека сме Македонци нели?
Препознаваш сарказам?

Викторгг - да бараш од политичар да не краде е како да бараш од бебе да не цица. Едноставно секој политичар ќе украде, кога веќе луѓето го избрале на таа позиција; не е луд да не земе, кога му е под носот, а му се може.
Еј каде се тука Анти-марфиевите закони дечко?
Изгледа се сепак може да тргне надоле ако политичарите ипак имаат желба да си играат Марфи врз нашите македонски патриоти.
Ќутете бре,земјата ви е прекрасна,транзицијата е случајност,нашата слабо образована младина и заслепена постара генерација не се фактор за нашиот револт,колку малку и да сме.Ние сме само лоши луѓе кои неаргументирано плукаат по својата земја.Својата мала,вечно поробена и за светот непозната земја.
Но затоа гордо отвораме теми каде ни се стигне и кога ќе ни се стигне за тоа колку сме ние горди и огорчени.
Жалосно ... :star: