Кој не знае, да не збори!
Значи колку што сум јас информиран(а мислам дека сум доволно)200евра+стипендија=Б`лгарско гражданство т.е не те тераат повеке да плаќаш пошто те смеетаат за Б`лгарка в`в чужбина т.е Македонка со Б`лгарска лоза.Ако грешам исправи ме:smir:
Бај д веј Ако се запишуваш во бугарија со 30% се плака повисока цена и не си приморан за потпишување на никакви документи што ти брцат во идентитет,и за разлика од некој факсови во Македонија се постручни
Леле ама колку ич не си информиран значи. Прво - б'лгарско гражданство (бугарско државјанство-или ко шо ние си го викаме „бугарски пасош“) и б'лгарка в чужбина (бугарка во странство - т.е. некој со бугарско потекло и некое друго државјанство) се две фундаментално различни работи. Второ - никој не е
приморан да потпишува дека е ваков или онаков ниту еднаш во текот на целото студирање.
(Пред да продолжам само да појаснам дека јас дипломирав лани во Бугарија па, за разлика од тие како овој што го цитирав погоре, јас знам што зборувам)
SoulflY меша жаби и баби т.е.
1) стипендии и
2) декларации за потекло.
1) Стипендија земаат тие што на приемните испити ке покажат најдобри резултати. Значи си одиш фино лепо на приемни, и после чекаш резултати (на интернет а не како во Мк на огласна табла ко во 1980 да сме:uvo
и ако си еден од првите по број на поени на приемните влегуваш во државна квота и си те има на списокот. После само одиш во Софија и свечено ти ја врачуваат (во сала со говори на министри и сите такви церемонии) потврдата дека си примен на факултет државна квота. После си учиш и ако имаш просек - си ја задржуваш стипендијата, ако не - ја губиш, но продолжуваш да си во државна квота и партиципацијата ти останува мала. Ако не си влезен државна, мораш повторно да аплицираш за приватна, и ако те примат приватна плаќаш 30% од полната сума т.е. 360 евра на семестар партиципација. Ако не те примат ниту со 30% тогаш те примаат со 100% (ако ти се даваат толку пари нормално).
2) Декларација за потекло јес да имаат потпишано сите македонски студенти во Бугарија (најверојатно
ИМА исклучоци, но јас не познавам лично никој таков), но не за да земаат стипендија, туку поради следниве причини: Од почетокот на 2005 наваму сите странски студенти во Бг се задолжени да имаат лична карта за привремен престој во Бг. Дотогаш кој сакаше вадеше, кој не - не смееше да се задржува во државата подолго од 30 дена на еден пат(нешто што е нормално и е исто насекаде, па и во Мк). Е сега, тука е проблемот зошто македонските студенти декларираат дека имаат бугарско потекло во Агенцијата за бугари во странство. Ако сакаш дозвола за привремен престој и си со бугарско потекло плаќаш едно 20 пати помалку отколку ако немаш бугарско потекло. Т.е. - привилегирани се и имаат олеснувања тие што се со бугарско потекло на сметка на тие што се странци - нешто што е исто така нормално. И за да не плаќаат еден куп пари, студентите се пишат дека имаат бугарска националност т.е. бугарско потекло.
И Wiseguy е исто како и Soulfly светлосни години далеку од вистината. Се гледа дека е дете на кое „дада му“ оди на факултет во Македонија и ги критикува бугарските факултети иако нема стапнато во бугарски факултет во животот. Во какви села, човече, работат македонските студенти? Ти нормален ли си? Цела Бугарија е во големите градови, тоа убаво го објасни zlogi.
А образованието е квалитетно. Со многу практична настава. Една од причините да студирам во Бугарија е зашто на мојата струка на мк факултети нема речиси никаква практична настава (а и таа што се води практична е пак само седење во клупа и слушање на предавање - па не е ли тоа теорија, боже мој??) а во Бугарија редовно одиме по фирми и мене кога ме вработија (да - во Македонија работам на струката) немаше потреба да ме обучуваат, имав пракса.