Македонски студенти во Бугарија

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Темава ја отварам со цел да дознаам какви се условите на студентите што учат таму, какви се студиите, по што се разликуваат од студиите на државните факултети во Македонија (а верувам дека има голема разлика),дали вреди да се студира таму итн...?
 
НЕ ВРЕДИ!
 
1 главна причина .... оти си МАКЕДОНЕЦ !!!!!! треба да ти е доста таа само...
 
Тоа е точно, јас сум македонец, но имам ли јас некаква корист ако се запишам како македонец во нашите универзитети, да ми дадат некаква стипендија, да ми помогнат (секако ако сум добар во учење) да станам што подобар во струката што ќе ја изберам....

Како прво, дипломата што ќе ја добијам од овие универзитети, не е признаена во другите држави
Второ, образованието тука е со низок квалитет,многу се буба, а пракса нема ништо
Трето, јас кога би дипломирал, дали би ја добил работата што ја сакам во Македонија, или на мое место би се вработил некој што не ја заслужува истата работа.
 
да биди сигурен дека ако знаеш и имаш талент ќе добиваш стипендија ( дада ми зима 3000 ден секој месец )

за првото да у право си али не се се така црно како шо мислеш...
2ро овоа не е америка или англија ама барем поарно е од буг дека кога те видат дека си македонец само пари ти тражат и ама баш ништо не те учат
3то тоа време веќе мина братче...сеа веќе никој не те ферма која партија си него колку знаеш да работеш ( а у бугарија ќе ти дадат да работеш у некое село ( зависи до струката у кое само :tapp: ))

така да најдобар избор нашата мила драга македонија
 
Како прво, дипломата што ќе ја добијам од овие универзитети, не е признаена во другите држави

Не ме фаќај за збор, но мислам дека на некои факултети им е признаена дипломата во други држави.Електро мислам дека е еден од нив.
 
да биди сигурен дека ако знаеш и имаш талент ќе добиваш стипендија ( дада ми зима 3000 ден секој месец )

2ро овоа не е америка или англија ама барем поарно е од буг дека кога те видат дека си македонец само пари ти тражат и ама баш ништо не те учат
3то тоа време веќе мина братче...сеа веќе никој не те ферма која партија си него колку знаеш да работеш ( а у бугарија ќе ти дадат да работеш у некое село ( зависи до струката у кое само :tapp: ))

така да најдобар избор нашата мила драга македонија

Ако е поарно, тогаш зошто овој универзитет тука е признаен, а бугарскиот е признаен во цела Европа, друга работа не ми е цел да се запишам за да работам таму. А ако сакам да одам на медицина, знаеш ли низ што се треба да поминам за да најдам работа тука?

Види, ако овие факултети се на исто ниво со бугарските, ако имаат слични услови за образование како тие таму,јас нема зошто да идам во Бугарија ќе си учам тука, ама проблемот е во тоа што македонското образование е многу назад од европското или американското.
 
Не ме фаќај за збор, но мислам дека на некои факултети им е признаена дипломата во други држави.Електро мислам дека е еден од нив.

Мислам дека и машинскиот е признаен, ама јас не би сакал да одам таму, не е тоа за мене.:helou:
 
Што има врска тоа што е Македонец, дај дообјасни.

Не е само Бугарија странство, има многу земји кои соработуваат со Македонските универзитети и каде што се признаваат македонските дипломи од средно образование.

Разликата е евидентна, во најголем број земји каде постои здраво образование. Едно да ви биде најважно - ПРАКСАТА игра најбитна улога.

Веќе не е така само да се гледа рекомендација од успехот на факултетот туку и твојата снаодливост,приспособливост, брза обука и почнување со продуктивна работа веднаш.
А не фирмата да мора да те учи на сите основни работи 2 месеца.

Најголемиот хендикеп кај нас е администрацијата,премногу бавна составена од бивши кафе куварки или чистачки која се однесува како студентите да постојат за нив, а не обратно. Потешко е да пријавиш испит отколку да го полагаш.

Потоа би го спомнал кредит трансфер системот, каде кај нас само декларативно се применува.

На Економски сеуште ти треба 4 години за дипломирање, а во странство по Болоњската декларација потребни се 3 години.
Со тоа се скратува времетраењето на студиите.

Кај нас е многу тешко да се најде соодветна пракса во текот на студирањето, пред се поради конзервативниот принцип на работа на фирмите и недовербата кон тековните студенти.

А насекаде каде што се нуди работа, бараат минимум 2 години искуство!

Значи периодот кој нам тука ни е потребен да се пробиеме и заработуваме, ни е далеку подолг.
Доколку сите би имале можност за пракса во својата професија додека студираат ( последните 2 години да речеме) тогаш по дипломирање би биле 100% спремни подготвени да конкурираат за било кое работно место.
Ќе имаат пракса, искуство и диплома.

Во странство универзитетите имаат многу пософистицирани пристапи, покрај практика, и далеку пореално оценување.

Стипендиите исто така функционираат беспрекорно, меѓутоа многу поголем плус во однос на нашите услови е тоа што, европските држави за студентите нудат безброј можности за попусти, до 50% , дали се работи за транспорт, јадење во ресторани, кино, театри, музеи итн.
А ова е многу битен елемент кај еден млад човек. Пред се трошоците за јавен транспорт или меѓуградски линии.

Меѓутоа, сето ова кај нас треба допрва да почне да се применува.

Дали вреди да се студира во странство треба да се имаат во предвид и финансиските можности, потоа далечината од своите, од домот итн. и кога ќе се стави се’ на кантар, секој индивидуално може да процени дали вреди или не.
 
Ахх.. сега забележав дека се работи за Бугарија :kesa: избрзав малце, мислев дека прашуваш општо да странските факултети и споредба.

За Бугарија НЕ ВРЕДИ.
 
Не е вистина дека македонските факултети не се признаени во светот. ФЕИТ, машински, технолошки, тие сигурно се. А за во Бугарија... ќе отидам малку оф топик, ама ми текна на еден виц, морам да го кажам.

Вицот: Имале американец, французин и бугарин бродолом и завршиле на некој остров. Таму ги фатиле домородците и ги однеле кај поглавицата. Тој им рекол, кажете ми од кај сте, ако го знам тоа место ќе ве пуштам, во спротивно, ќе ве убијам.
Американецот: Јас сум од САД, од Њујорк, таму е Статуата на слободата, Емпајр Стејт билдинг...Мора да знаеш за САД, Вашингтон, Чикаго, Филаделфија...
Поглавицата: Првпат слушам, убијте го!
Французинот: Јас сум од Франција, Париз, градот на светлината.... Ајфелова кула... Версај...Триумфалната капија...????
Поглавицата: Ни тоа не знам каде е, убијте го!
Бугаринот: Ами не знаеш САД и Франција, од кај ќе знаеш за Бугарија, убиј ме и мене...
Поглавицата: А не не не не... Како не знам кај е Бугарија, па јас таму, во Софија студирав географија...како не сум знаел...
 
Не е вистина дека македонските факултети не се признаени во светот. ФЕИТ, машински, технолошки, тие сигурно се. А за во Бугарија... ќе отидам малку оф топик, ама ми текна на еден виц, морам да го кажам.
Знам дека тие се признаени,
ама медицинскиот или стоматолошкиот во Македонија признаени се?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom