Што има врска тоа што е Македонец, дај дообјасни.
Не е само Бугарија странство, има многу земји кои соработуваат со Македонските универзитети и каде што се признаваат македонските дипломи од средно образование.
Разликата е евидентна, во најголем број земји каде постои здраво образование. Едно да ви биде најважно - ПРАКСАТА игра најбитна улога.
Веќе не е така само да се гледа рекомендација од успехот на факултетот туку и твојата снаодливост,приспособливост, брза обука и почнување со продуктивна работа веднаш.
А не фирмата да мора да те учи на сите основни работи 2 месеца.
Најголемиот хендикеп кај нас е администрацијата,премногу бавна составена од бивши кафе куварки или чистачки која се однесува како студентите да постојат за нив, а не обратно. Потешко е да пријавиш испит отколку да го полагаш.
Потоа би го спомнал кредит трансфер системот, каде кај нас само декларативно се применува.
На Економски сеуште ти треба 4 години за дипломирање, а во странство по Болоњската декларација потребни се 3 години.
Со тоа се скратува времетраењето на студиите.
Кај нас е многу тешко да се најде соодветна пракса во текот на студирањето, пред се поради конзервативниот принцип на работа на фирмите и недовербата кон тековните студенти.
А насекаде каде што се нуди работа, бараат минимум 2 години искуство!
Значи периодот кој нам тука ни е потребен да се пробиеме и заработуваме, ни е далеку подолг.
Доколку сите би имале можност за пракса во својата професија додека студираат ( последните 2 години да речеме) тогаш по дипломирање би биле 100% спремни подготвени да конкурираат за било кое работно место.
Ќе имаат пракса, искуство и диплома.
Во странство универзитетите имаат многу пософистицирани пристапи, покрај практика, и далеку пореално оценување.
Стипендиите исто така функционираат беспрекорно, меѓутоа многу поголем плус во однос на нашите услови е тоа што, европските држави за студентите нудат безброј можности за попусти, до 50% , дали се работи за транспорт, јадење во ресторани, кино, театри, музеи итн.
А ова е многу битен елемент кај еден млад човек. Пред се трошоците за јавен транспорт или меѓуградски линии.
Меѓутоа, сето ова кај нас треба допрва да почне да се применува.
Дали вреди да се студира во странство треба да се имаат во предвид и финансиските можности, потоа далечината од своите, од домот итн. и кога ќе се стави се’ на кантар, секој индивидуално може да процени дали вреди или не.