Студирање во странство

Член од
21 октомври 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво.
Јас сум државјанин на Австралија(имам живеено таму како дете). Ме интересира како можам да добијам стипендија за студирање медицина во Сиднеј. Дали некој знае или има искусено?

Еве некои линкови, се надевам ќе ти бидат корисни.

http://www.deewr.gov.au/International/EndeavourAwards/Pages/Home.aspx


http://sydney.edu.au/future_students/international_undergraduate/costs_scholarships/scholarships.shtml


http://sydney.edu.au/courses/?detail=1&course_sef_id=Bachelor_of_Medicine_and_Bachelor_of_Surgery_613

На CRICOS може да пребаруваш студиски програми (колеџи/универзитети) во цела Австралија или поконкретно за кај си заинтересиран.
http://cricos.deewr.gov.au/Course/CourseSearch.aspx
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Знае ли некој нешто повеќе да ми каже за условите за студирање во Бугарија, уписи и слично? На интернет барав ама слабо се информирав така да добредојдена е информација плус
 
Член од
3 септември 2008
Мислења
160
Поени од реакции
2
Seriozno zainteresiran sum za studii vo stranstvo, mi treba pomos za dobivanje informacii kako da apliciram, uslovi, skolarina i smestuvanje, zainteresiran sum za studii po informatika i programiranje. fala odnapred.
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
11
Добро бе луѓе, во кој свет живеете? Дали мсилите дека само со желба за студирање веднаш ве примаат на факултет? Ко прво сите рокови за аплицирање се затвараат некаде на крај на април. Има мн малце факултети со 3ти рок во јуни но мн ректо примаат тогаш.
 
П

Пепси_

Гостин
Добро бе луѓе, во кој свет живеете? Дали мсилите дека само со желба за студирање веднаш ве примаат на факултет? Ко прво сите рокови за аплицирање се затвараат некаде на крај на април. Има мн малце факултети со 3ти рок во јуни но мн ректо примаат тогаш.
Господине ние тука си бараме информации и некој дава информации кој знае нешто на некој што му треба ако имаш да помогниш на некој арно ако не одмагај жити се.....и од кај знаеш кој колку години е и за кога му требат тие информации.
 
A

Antigona

Гостин
Seriozno zainteresiran sum za studii vo stranstvo, mi treba pomos za dobivanje informacii kako da apliciram, uslovi, skolarina i smestuvanje, zainteresiran sum za studii po informatika i programiranje. fala odnapred.
Прво одлучи се во која земја сакаш да аплицираш, а потоа преку интернационалната канцеларија на таа земја ќе си аплицираш.

А најточни информации околу процедурата, документите и стипендиите во странство ќе ти дадат амбасадите во Македонија. Пиши им по мејл , јас сум сигурна дека љубезно ке ти одговорат со сите потребни информации.


Инаку вака по форуми можеш само да прочиташ искуства на оние кои биле или веке се некаде на студии по светов.Сакам да ти кажам, никој нема да се нафати да ти објасни детално како иде, бидејки секој се снаоѓа за себе.

--- надополнето ---

Има некој во Холандија кој што не е издрогиран и може да ми објасни за уписите?::D:

Ти требаат 13 000 евра за една академска година. Некои универзитети нудат и стипендии за покривање на месечните трошоци. Нашиве студенти работат во Мc Donald's во текот на студиите за да се издржуваат. Доколку знаеш холандски јазик, тогаш нема да имаш проблем за работа.

Прво идеш на веб порталот од универзитетот во кој сакаш да студираш, таму ги пишува потребните документи кои мора да бидат преведени на англиски и заверени на нотар па по ПОШТА да се пратат до универзитетот.
Мислам дека уписите почнуваат некаде декември месец, а во Фебруари по мејл ке те известат дали ти фали некој документ. Доколку се е во ред, ќе добиеш ваков мејл ко што ми пратија мене.

[FONT=&quot]Dear Irena,[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]You have recently sent your Entrance Acceptance Form (EAF) to the University of Twente. We are glad to inform you that your EAF has been received by International Office – Visa, and that we will now start your visa application procedure. [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Please open the attached document and follow the steps to allow International Office – Visa to complete your visa application procedure. Provided you supply all necessary documents in time, the visa application will take about 2-5 weeks. [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Best regards,[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Ms. Machteld Prins, immigration officer[/FONT]
[FONT=&quot]Ms. Brenda Benders, immigration officer[/FONT]
[FONT=&quot]Mr. Sjoerd Engel, visa assistant[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]University of Twente[/FONT]
[FONT=&quot]International Office - Visa [/FONT]
[FONT=&quot]PO box 217, 7500 AE Enschede[/FONT]
[FONT=&quot]Bastille 48, room 331[/FONT]
[FONT=&quot]E: visa@so.utwente.nl[/FONT]
[FONT=&quot]T: +31 (0)53 - 489 4300/489 5251[/FONT]

--- надополнето ---

Се нема пари да се школува во Македонија,а да не зборуваме за во странство!:toe:
За жал така е.
Посебно во срце удира кога ке побараш финансиска помош од државата, нешто слично на кредит кој ке го вратиш после студиите , а тие од таму ти одговорат дека не може да ти одобрат бидејки си од држава која не е во Европска унија

Е тоа многу боли. И тука почнуваат проблемите и нервозите сам да се финансираш и што попрво дали да работиш или да учиш за испити.

Стварно многу е тешко доколку немаш финансиска поддршка.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
50
Поени од реакции
10
Луѓе Медицина, било каде !! Има ли некој запишано БИЛО КАДЕ или дали некој знае за стипендии, школарина?
 

HRISTINAA

Unusual
Член од
5 септември 2010
Мислења
8
Поени од реакции
0
Исто важи и за Словенија, некој ако се интересира, слободно нека опита :wink:
Јас се интересирам. Ќе можи да ми кажиш подетални информации.

--- надополнето ---

Е да, сега со воведувањето на болоњскиот начин на студии (3+2 години), школарините рипнаа енормно. За среќа јас сум од старата гарда, така да сум опростен од школарина.
Иначе, во Љубљана не ги уважуваат таквите молби, дека немаш примања. Ептен ретки се случаите шо им успеало то. Стипендија земаат скоро сите овде, на сите им се движи од €200-€230. За Македонци ти зборам. :)

Јас сум запишан на Компјутерска техника и информатика (Fakulteta za računalništvo in informatiko) и сум 3-та година, смер Информатика.

Е бато тие бонови во Љубљана се многу поскапи за разлика од Марибор. Просечна цена им е €2.75, а скоро на сите цената им е над €3.00.
Со јазикот имав проблеми, да, како и секој. Додуша имав интензивен курс од 10-тина дена пред да дојдам тука, ама не ми помогна баш многу. Со тек на време ќе се научиш, ќе те научи маката. После 3 години поминати овде, мислам дека доволно добро го научив јазикот, дури и положив со оцена 5 на средно ниво.

Не знам дали е иста постапката сега. Памтам тогаш дека прво се даваше пријава до 05.02 на интернет, внесваш податоци, такви работи, и мислам дека требаше да одбериме 3 факултети на кои би сакале да се запишиме (прва, втора и трета желба). После, ко ќе ја добиеш дипломата (или матурата во твој случај), преведваш и одма пушташ тука на нострификација. Чекаш негде до кај 20-ти август (јас толку чекав, другите не знам), и после си собираш документи и си одиш фино-лепо на упис.

Иначе, рано ти е уште сега да си го планираш понатамошниот живот. И јас бев ко тебе, редовно ќе учев, немаше да паѓам на колоквиуми/испити, ама не испаѓа како шо ќе си замислиш. Зато полека, дојди еднаш, после чекор по чекор. Слушај паталец, не гаталец. ;)

И толку. :vozbud:
Јас сакам да студирам на факултетот за фармација. Дали ќе можи да ми кажите каде треба да се аплицира?????
 
М

Мартин`

Гостин
Има некој што студира во Прага да сподели искуства, цени итн ?
 
Член од
16 мај 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Заинтересирана сум за студирање во Виена, дали има некој искуство или познавање во однос на студиите? Дали е неопходен германскиот јазик, дали студиите се на анг. или гер. ?
Добредојдени се повеќе информации зошто стварно многу би сакала да студирам таму иако имам време уште една година да размислам добро :)
Фала однапред
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Барајќи информации за студирање надвор од земјава наидов на оваа дискусија. Втора година сум во македонска гимназија, но сакам да студирам медицина во странство. Знам дека имам време до студии, но сакам да детално да разгледам какви можности имам и да изберам квалитетно и сигурно образование. Конкретно сакам да знам каде можам да најдам стипендија за студирање медицина и кои критериуми треба да ги исполнуваш. Досега сум одличен ученик со желба за квалитетно образование, а се надевам дека и понатаму ќе биде така.
 

Sophelia

дежурен лејбек
Член од
3 јуни 2009
Мислења
18
Поени од реакции
4
Дали има некој информации за пост дипломски студии во Парис, или за каде било во Италија. Успат разбрав има бесплатно школување во Италија за до и пост - дипломски студии...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom