Атлетика, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
Ja гледав утринава, црнкине ја оставија уште при првите 10 метра. Трчаше како да е тешка 1000 кила.
 
Ја одвај чекам да го гледам финалето на 100 метри во машка конкуренција, у 16:30 изгледа ќе биде или така нешто.
Тајсон Геј испадна сега во 1/2 финале, главната битка ќе се води меѓу Асафа Пауел и Јусеин Болт, ја очекувам Болт да го освои златото.
 
Болт е право чудо.Арно вика коментаторот, како мали деца да си игра со нив.Браво за него и за Пауел.Жално што сепак, финалето ќе биде без Тајсон Геј.
 
Абе некако слабо трча на олимпијадава Геј, заслужено си испадна, ама ништо чудно и да падне светски рекорд... Што знам...
 
па може да падне светски рекорд
пошто подзапреа двајцата на крај на трката, а како истрчаа
па замисли во финале
 
Да де, нормално дека малце успоруваат да не се форсираат премногу дека не е финале. Ама сега ќе биде јако.
 
Финале мажи... сега :vozbud:

Урнат Светскиот рекорд УСЕИН БОЛТ 9,69 :vozbud:
 
Златко Калински: Ждребец (за Усаин Болт):pos2:
 
Damn... Дечкото е чудо! Можеше и помалце да не се радуваше пред време :)

Браво за него!
 
Леле овој Болт како само ме одушевува! Секоја чест за дечкото, колку само лесно трча, почна да слави уште пред да победи, сигурен сум дека можеше и подобро од ова. РЕСПЕКТ!
 
:vozbud: Алал му вера на ждребецов :pos2:

Типов може да оди под 9.65, само да не почне да се радува на 10 метри пред крај :)

Edit: Леле го слушате ли Калински, не вели Мајкл Џонсон, Мајкл ЏЕКСОН :pos2:
 
Браво за овој.Можеше и повеќе да го сруши ако не се радувваше 10 метри порано.
 
Back
На врв Bottom